Зошто Партијата повторно ќе победи?

4

За 3 и пол недели се  пред времените парламентарни избори. Досега, од нивното распишување, се воздржував од било какви коментари и мои мислења. Луѓето до кои ќе стигни овој текст, барем повеќето верувам дека ја знаат играта што се одигра и верувам дека очекуваја да се случат избори на почетокот на 2014та.

Без разлика на тоа какви анкети се објавуваат,  кој колку луѓе има на митинзи и кој какви програми има, верувам дека Партијата повторно ќе победи на изборите. Колку пратеници би освоиле не знам, не можам ни да нагаѓам но знам дека ке ја формираат следната влада.

Еве зошто.

1. People don’t give a fuck about rights. Или во превод, луѓето во Македонија ги боли пенисот за правата. Луѓето не го перцепираат законот за абортус, забараната за продажба на пиво после 7, законот за медиуми, законот за  одговорност од клевети и навреди и уште еден куп такви закони за нарушување на нивните права и слободи.

2. Во Македонија сеуште се живее добро. Или во превод не доцнат плати во државниот доминантен сектор, не доцнат пензии и се исплаќаат субвенции. Голем дел од населението добива редовно пари па ќе си гласа за Партијата пошо Партијата дава на разни категории на граѓани.

Партијата од 2006 па наваму водат една, за нив, паметна политика. Направија што е можно повеќе категории на граѓани да се зависни од држвата. Партијата ги освојува симпатиите кај луѓето на три начини:

Првата и најпозната е национализмот. Од 2006 до сега се претставуваат како патриоти кои секогаш ке го чуваат Македонското и Македонија, дека име нема да сменат и секогаш ќе постои Македонија за инает на сите грци, бугари, четници, усташи, учку мучки и слично… Колку и да ви звучам чудно, сметам дека Партијата освојува многу мал процент на гласови со ова како примарна причина зошто луѓето гласаат за нив.

Вториот начин за освојување гласови, Партијата го прави со вработување во државните фирми. Администрацијата, која според Европската унија треба да брои окулу 80-90 000 вработени, денес, се претпоставува дека е окулу 200 илјади. Вработија и превработија многу луѓе во администрација и државните фирми со што си обезбедија многу гласови.  Партијата дури не ни мора да се заканува со бркање од работа ако некој од административците не гласа за нив. Секој барем малку нормален од тие што се вработиле преку Партијата знае дека ако победат другите, тој ќе лета од работа и зато ќе си гласа за нив. Чиста сметка долга љубов.

Истото се случува и во државните претпријатија. Јавна тајна е дека таму превработеноста е сериозен проблем и дека тоа е најголемата причина за долговите на тие фирми. Партијата тоа го знае но не претставува проблем за нив. Многу добар пример за ова се Македонски шуми и лотаријата со работни места. Откако се направи убав циркус и се вработија 1600 луѓе по (не)случаен избор, Партијата реши да опрости 40 милиони евра долг на претпријатието кон државата.

Третиот начин а можи и најефикасниот е тоа што Партијата водеше политика со која направи луѓето да мислат дека тоа што го имаат го должат на Партијата. Тоа го напраја успешно со зголемување на пензиите, исплаќање субвенции, зголемување социјална помош, бенефиции за пензионерите и слично. Партијата успеа да му наметни мислење на земјоделците дека субвенциите што ги земаат се  од џебот на Партијата и таа е хумана а не од џебот на граѓаните, Успеа истото да го наметни и кај пензионерите и кај социјалците.

Од каде Партијата наоѓаше толку пари за да стави под “своја” капа многу категории на граѓани?

Кредити. Партијата, во овие 8 години на владеење успешно ги задолжи граѓаните за многу многу евра.  Утрово на порталот емагазин.мк кој користи податоци од весникот Вест, прочитав дека бруто надворешниот долг на Македонија во 2006та изнесувал 2,2 милијарди евра а во 2013 е  5,1 милијарди евра.

Партијата сеуште има можност од каде да ги задолжува граѓаните  и затоа сеуште се живее добро, барем за поголемиот дел од граѓаните.  Нема доцнење на плати во државниот сектор, нема доцнење на пензии, нема доцнење на субвенции, нема доцнење на додатоци за трето и четврто дете и куп други видови на социјална помош. Сеуште нема доцнење. Ова се категориите што го формираат мнозинството.

Факт е дека народот во Македонија е политички и економски необразован. Народот не знае со какви валкани финти се служи партијата за да се збогатуваат нејзините членови. Партијата успеа во пропагандата и ги научи граѓаните да се тивки, мирни и да не гледаат што прави врвот на Партијата. Народот не знае дека сета оваа “хуманост ” на Партијата со сите тие зголемувања на плати, пензии и субвенции за скоро време ќе му се удри од глава и ќе дојди време на големо штедење на сите страни. Народот не знае дека во овие 8 години партијата му скрати многу права и слободи.

Заради незнаењето на народот и знаењето на Партијата да го искористи тоа, победата им е сигурна. Нив им е сигурна победата, нас ни е несигурна иднината.

Марула

0

Си идам така накај дома од факултет и излегвам од продавница со кеси со сок, кисела вода и леб и ми приоѓа еден тип со чаша алкохол и цигара во рака и ми вика:
– Дечко, дали знаеш дека марулата е штетна за здравјето?
-Знаеш, цел живот чекав некој со цигара и алкохол во рака да ми кажува колку марулата е штетна.
– Озбилно ти викам, штетна е.
-Да де..
Се насмеавме и двајцата и продолжи да ми кажува:
– Пошо ми изгледаш ко фин дечко ке ти кажам една тајна како да напрајш марулата да не е штетна.
– Е ај кажи де.
– Со ракија. Знаеш, ракијата е алкохол и ако пиеш ракија дури јадиш марула, немаш гајле пошо алкохолот те дезинфицира од внатре и го уништува тоа штетното во марулата.
– Од кај го знајш ова?
– Не го зборвам јас ова така. Ова научници од Неготино го имаат потврдено. Викаат: марула само со ракија, никако поинаку..
-Ова не сум го знаел. Фала за информацијата.
-ништо, нема проблем.
– Ај ке се видиме друг пат..

Ете човек учи додека е жив..

Love is like a gravity, all you need is a little push

0

Таа: “еј празен шанк. Супер. Ќе можам да си пијам на раат.”
Дечко, една вотка.
“Еј види го дечконо на другата страна од шанкот. Сладок е. Зошто бе мене не ми се пуштаат такви како него?”
* ја пие вотката на екс *
– шанкер, дај уште една вотка.
*****************************
Тој. ” уште една вечер на шанк. Сам. Па шо, сам ке си пијам”
– шанкер, еден коњак.
“Убљј жени низ град а уште поубај на шанк. Види ја онаа на шанк колку е убава а сама. Сигурно го чека дечкото. Зошто мене ниедна толку убаа не ми се пушта?”
*го пие коњакот на екс”
– дај уште еден коњак.
*************************
Шанкерот: “уште една вечер на работа. У пичку матер а колку сакам да си одам дома.
– да, повелете?
– венаш ке ви ја донесам вотка.
– повелете.?
– коњакот стига венаш.
” од арно не се пие сам на шанк. ”
– повелете уште една вотка.
– повелете коњакот.
“Види ги. Се гледаат и тоа е тоа. А пијат пошо се сами”
– господине, се извинувам ама напрајв грешка. Вашите коњаци и вотките на девојката ги ставив на иста сметка. Ако можи да ги платите заедно, ако не е проблем. Сметката е кај девојката.
“Заедно платија и заедно излегоја.
Ете, love is like a gravity, all you need is a little push “

Ќе ме снема, кога тогаш…

0

– јас сум тука секогаш за тебе.
– знам.
– не го заслужуваш тоа.
– и тоа знам.
-И сега?
– не знам.
– што ке правиме?
– пак не знам. Не знам каде сум и што правам.
– зошто?
– сакам ама не можам да ти признаам. 
– нема потреба.
Знаеш, не заслужи да те сакам. Не заслужи ништо од тоа што го доби од мене. Не заслужив ништо од тоа што го добив од тебе. Заслужив повеќе ама јбг, таков е животот. Сите ние машките сме ѓубриња и заслужуваме нели? Да, знам шо ке кажиш. Продолжи да молчиш…
Ваљда и јас сум го заслужил тоа што го добивам од тебе. Некогаш и во некој претходен живот мора да сум напрајл некоја голема глупост.
– не си ти крив.
– јас сум крив. Наивен сум и ти тоа го користиш. Ако. Ама да знаеш еден ден ке ме снема. Без предупредување. Ке заминам во индија. Или јамајка. Или во пичку симајчина. Ќе купам 5 кокошки и ќе садам марихуана. Знам дека ке ме побараш еден ден. Знам дека еден ден ти ќе заминиш далеку од овој проклет град кој тебе ти носи лоши спомени.
– не сакам да те изгубам.
– не сакаш ни да ме имаш. 
Пред да ме снема од тука и од твојот живот, ќе ти испеам една песна. Ќе ти донесам 10 луѓе пред куќа доинструменти и ќе ти ја испеам i am your late night evening prostitute на цел глас. Нека ме слушни мајкати. Нека ме слушнат сите комшии. И полиција нека дојди ако сака…

Грешници

0

-ало?
-хеј.
– жива си?
– уште дишам. Ти?
– онака. Преживувам. Ко и секогаш. Ме знаеш мене, секогаш на работ на смртта.
– не биди глуп. Не зборвај за смрт.
– нема лошо во тоа да зборуваш за смрт. Секогаш треба да си спремен за неа.
– млади сме. Рано е.
– ех млади. Се осеќам постар од тоа шо сум.
***************************
– знајш шо не можам да разберам?
– што?
– што сме ние?
– како мислиш?
– па онака. Не сме другари, се знајме кратко време и се гледаме ретко, не сме дечко и девојка, не сме френдс вит бенефитс. Се бараме само ко ке имаме потреба емоционално да се испразниме.
– ништо не сме. Нашево нема име.
– сакаш да му дадеме?
**************************
– кога ке признаеме дека грешиме?
– за кое грешење?
– кога јас ке признаам дека е грешка шо те сакам а ти дека е грешка шо не ми кажуваш дека ме сакаш?
– не знам.
– мораме да си признаеме дека грешиме. Не заслужуваш да те сакам.
– не заслужуваш ни ти јас да не те сакам.

****************************

-зошто имаш такво име?
– не знам. Убаво е. Ретко е. 
– да знам ама поубо ке беше Жаклин да се викаше. Жаклин а понекогаш со А. 

– немормален си. 
– озбилен сум. Да се викаше Жаклин, ќе ти ја испеев под прозор Жаклина љубов моја од Цане Николовски. 
– уште се прашуваш зошто не ти кажувам дека те сакам?
– секој ден. 
– е заради ова. Ако тикажам, сите овие глупости ќе ги напрајш. 
– ако де. Не ми е проблем да се глупирам за тебе.

0

-ало.
– да
– знам дека е 4 саат ама..
– не е битно. Од будала ко тебе се очекувам.
– зато ме сакаш, дека сум будала.
– ај не биди идиот и кажи шо ке кажваше.
– сакав да ти кажам нешто што не го знаеш.
– зар има нешто такво?
– да има. Не сум ти кажал вакво нешто одамна.
– ох срце. Ајде кажи ми. 
– добро. Знаеш дека Абрахам линколн почнал да носи таква брада откако седум годишно чупе му рекло дека жените сакаат мажи со таква брада?
– еби се бе идиоту!
– шо е сега?
* ми исклучи.

Телефонски разговор без смисол.

0

– Ало.
-Да.
-Како си?
-добро. Кој е таму?
-Слушај сега:Било кој и било што може да те замени,
но нема љубов која може да те промени.
– Кој е таму?
-Сега знам, Скопје е само начин на кој ќе умреме.
И после сите промени, се ќе биде прекрасно,
а јас глуп, како и секогаш.
-Ало! кој е таму?
-Јас стварно немам потреба да спијам со тебе.
Таа добро знае дека мразам што сум овде
и дека несакам да пијам повеќе.
– кој си ти?
-Ако останам да бидам уште една
красна ѕвезда на нејзиното темно небо.
Ако сум преблизу, и јас ќе се заљубам
во својот бол, својот бол, својот бол
и ќе исчезнам во скопските магли.
– кажи ми.. те молам зошто ми го правиш ова?
-Ќе исчезнам и нема да се вратам никогаш.
– па подобро и да не се вратиш. Шо ке ти сум ваква, никаква? ЗОшто би ме сакал ваква и би бил покрај мене. Само кажи ми, ме познаваш?
– Не. Не те познавам. Го свртив твојот број случајно.
-Хах.. Таква е мојата среќа. Никаква.
– зошто никаква? Еве од толку многу девојки, тебе ти заѕвонив и ти испеав песна.
– Песна што е баш за такви како мене.. Не заслужувам јас песна..
-Заслужуваш само сеуште не се нашол човекот шо ке ти ја испее. Ако сум јас тој, тогаш јас веќе ти испеав песна и на тебе е редот да ме побараш. АКо не сум, тогаш очекувај некој друг да ти се јави..Збогум..
– Чекај..
********************************
-Ало.
-Да.
-Како си?
-Супер. ти?
-и јас сум супер.
– Извини ама не можам да се сетам која си и од каде го имаш мојот број.
-Знам дека поминам многу време ама се сеќаваш ли кога ми се јави и ми испеа песна.
-Тоа беше пред 3 години.
-Знам.
-Што ти текна сега да ме побараш?
– Бев на концерт на Архангел. Ја слушнав песната и сфатив дека никогаш не успеав вистински да ти се заблагодарам. Знаеш ли колку ни е приказнава за никаде?
– не знам.
-многу е за никаде. Ми се јави сред ноќ и ми испеа песна без да ме познаваш која сум и каква сум, после 3 години јас ти се јавувам за да ти се заблагодарам.
-Стварно е за никаде приказната. Баш како нас..
– да, баш како нас.. и ние сме за никаде..

Тхе енд..

За еден сон, недосонуван.

0

За еден сон, недосонуван…

– да не спиеше?
-не.
-спремај се, има воз за пола саат.
– воз за каде?
– не знам. Гарант има за некаде. Ке го фатиме и ке избегаме од тука
– не си нормален. Сигурен си за ова?
– не.
– па тогаш?
– тогаш ке одиме. Ке ни биди поубо таму.
-како знајш дека ке ни биди поубо?
– не знам.
– тогаш како можи да заминиме?
– така лесно, ке заминиме. Не знам кај ке одиме. Во то е забавата.
– тогаш да одиме.
****************
– добро вечер. Што олку касно во возов?
– никогаш не е касно.
– убо зборваш а карти имате?
– не. Не зедовме пошо не знаевме каде ке одиме.
-како така не знајте кај ке одите?
-ете така не знајме. Ни текна и заминавме.
-ама мора да имате некоја дестинација.
– некаде ке стигниме.
-каде е тоа некаде?
– најверојатно некоја станица.
– каде е таа станица? Момче, не си играј со мене.
– не знам кај е. По пат ке ни текни.
*******************
– возот почнува да кочи. Ај да слезиме тука.
– кај е ова? Не гледам светла од куќи.
– подобро. Ке бидиме сами без да знајме кај сме.
– сред планина сме ненормален.
– ми е гајле. Јас слегувам.
– нема да ме оставиш сама.
– нема да ме оставиш ни ти сам. Слегуваме тука.
– знаев дека не требаше да дојдам.
– ама сепак дојде.
– зато шо не знаев дека ке слезиме сред планина.
– не знаев ни јас кај ке слезиме.
– е па зошто овде?
– зошто да не? Никој не слегува тука.
– затоа што никој не живее тука ете затоа.
– е па вечерва ние ке живееме тука.
**********************
– гледаш? Ако не дојдеше со мене, немаше да видиш вакво изгрејсонце.
– ако не дојдев, спиев дома.
– и ке ја пропуштеше убавинава.
– знајш зошто ми е убаво сега?
– зато што не си видела поубо изгрејсонце?
– зато шо таков лудак ко тебе е покрај мене.
– не сум луд, само одбивам да бидам нормален.
– то е истото.
– не, не е. Луд сум по тебе а правам ненормални работи. Во то е разликата.

Сонот ке продолжи.. Некогаш..

Серенада во 5 наутро.

0

-Еј да не спиеш?
-Шо ти е тебе? 5 саат е.
-Ако де.
-Шо сакаш?
-Тебе.
-Ај не биди глуп, остај ме да спијам.
-Не сакам.
-ке ти исклучам.
-Нема. Знајш кај сум?
-не.
-Кај тебе пред врата.
-стварно?
-Да. излези малку…
– Не си нормален..
*****************************
-дојди да играме.
-5 саат е будало..
-Ми е гајле.
-Не пуштај толку гласна музика.
Ке се бунат комшиите.
-баш ме боли.
-Оди лечи се бе.
– Чекај бе. Не си оди толку брзо.
-Оди легни си. Знам дека си пијан. Ке викнат полиција комшиите.
*****************************
-Добра вечер.
-Здраво.
-Шо прајш тука?
-играм на музиката.
-Си пиел или си пушел? Лична карта имаш?
-Имам. За воља на вистината не сум пиел.ниту сум пушел. Чист сум 2 месеци од тие работи, господине униформа.
-Не се прај паметен. Зошто се дериш?
-Заради онаа шо ѕирка од прозорот.
******************************
-Зошто те прибраја тебе?
– пеев на сред улица. тебе?
-Јас сум невин. Онака ме собраја.
– исто и мене. Му се бендисав како пеам..
-ке не пуштат за брзо.
-Сакаш да не држат тука и утре?
-Како мислиш?
-Ај ке пејме заедно. Ја знаеш Вољела ме ниједна?
– Да. Пејме на 3..4…
*************************
-Добар ден.
-Добар ден.
-Дојдов да прашам за дечкото шо го собравте утрово. Што пееше на улица.
-Тука е. Си најде цимер за пеење.
-Кога ке го пуштите?
-За 2 саати. не се секирај. Ке биди слободен вечерва повторно да ти пеј..

Тхе енд.

Паразитите позади маските на супер херои.

0

Одсекогаш сум се воодушевувал на креативноста на партиите пред избори. Смешни слогани и смешни обиди за оцрнување на противниците. Посебно смешно ми е кога едната партија, повикана да одговори за нека беља што ја сториле нејзини членови на високи функции, пробува да се оправда со ” а вие кога бевте на власт, ова истото го праевте”. Страшно многу се во право. Партијата што обвинува за криминал не е воопшто почиста од таа што го прај криминалот во  моментов, но бидејќи претходната власт ги праела скоро истите мучки и бељи, не значи дека тоа ги амнестира сите идни влади во криминалот. Но, кој да го сфати тоа. 

 

Народот, оној обичниот народ, кој е народ само еднаш на 2-3 години кога има избори а во сите останати денови е плаќач на данок и обична бројка во завод за статистика е кусоглед. Не гледа на далеку. Живее од вчера за денес. Не гледа дали ке има утре. Народот е не образован политички. Не знае за свои права и обврски, нема познавање од економија и слично и партиите успешно го користат тоа. Во кратки црти, 80% од народот е без критичко размислување и јаде само она што му се сервира и ич не го интересира за утре а не дај боже за 2-3 години што ке биде.

 

 Последните неколку месеци сме бомбардирани со  тоа кој колку тендери фатил, чии синови колку станови имале, која фамилија колку богатство имала. А богати, сите до еден без разлика на знамето на партијата кое стои позади нив. Почнувајќи од фамилија Заеви, преку ивонче милионче, синовите на Бонева, братучеди на Ставревски и Груевски до мал милион ситни и покрупни рипчиња. Што е заедничко на сите овие? 

Тендери. Многу тендери. Многу милиони од даноци на народот. Многу полни џебови и многу празни усти. Речиси и да не е битно кој е на власт, помалку или повеќе тендери ке се штанцаат и администрација ке се полни а ние ке се палиме на ревволуции во Турција, Украина и Босна. 

Додека сум кај Босна сакам да им честитам што имаат паметен народ и да им посакам да продолжат како што тргнаја. На добар пат се зашто решија да проверат како точно се случила приватизацијата. Нешто што треба да се случи и кај нас. Доста ми беа изговори за криминалот на дпмне дека сдсм краделе во времето кога се приватизирале фабриките. Време е да се провери како заработувале нашите крупни капиталци и како еволуирале имотните листови на политичарите од 1990 до 2014. Сакам до денар да знам кој како добил фабрика и како заработил. Време е да паднат маските на тие што се претставуваат како супер херои и ветуваат мед и млеко и да се види какви паразити се. Да се види како тоа се збогатиле газда Тинекс додека беше градоначалник, зошто Макстил сеуште го труе скопје а Минчо не сака да вгради филтри, кало тоа се продава земјиште во центар на дкопје за 71 денар, зошто исти фирми добиваат тендери.. Многу има такви паразити што се лепат на тие што се на власт и секогаш ке има се додека власта, од која партија и да е, има пристап до народни пари. 

Време е да и се одземи моќта на власта со која се меша во економијата и ги убива помалите за да можи големите паразити да живеат. Немам ништо против капитализмот и секое чесно заработување ама имам против заработувањето од мои пари. 

Потребно е да видиме кои паразити стојат позади маските на супер хероите. Треба да се расчисти со тоа прво па после да сонуваме за Европа. 

Како што кажав, народот е не образован и ова нема да се случи. Народот не знае да ја препознае пропагандата и не знае дека, иако сега е релативно добро, се зголемуваат пензии, разни бенефиции за пензионерите, се вработуваат куп луѓе во администрација од каде се зема добра плата, дека за брзо време тоа ке ни го извадат низ нос и дека сите тие кредити треба да се вратат ама тогаш виновен за враќањето ке биди партијата на власт која сигурно нема да биди истата што е сега. Така се во магичен круг, едните земаат, другите земаат, народот враќа. 

Искра на лажна надеж е дека нешто ке се смени на следни предвремени парламентарни избори кои јасно како ден е дека ќе ги има. Можда ке победат другите но, ке биди исто зашто и тие ке имаат пристап до истото народно богатсво до кое сега има дпмне и ке извршат редистрибуција, на свои луѓе, секако. Нема нешто што може да ми ја гарантира чесноста на политичар.