Боговите, сепак се луѓе

0

Има ли некој човек што горе-долу ги следи политичките случувања последните 9 години што мисли дека државниот врв е чист и нема направено никаков криминал? Не верувам дека има таков, дури ни меѓу вмровците. Самите знаат дека врвот не е чист и дека имаат малку подлабок џеб од другите смртници.

Е сега, на кого Заев со бомбите му докажува дека нашите водачи се криминалци? На своите? Тие веќе знаат и без бомбите. На вмровците? Џабе, тие веќе знаат ама сепак нема да гласаат за опозицијата. На неопределените? Можеби нив ама сепак, ова не е доволно да се префрлат на страна на опозицијата. Без разлика на се’, СДСМ има багаж од кој мора да се ослободат и објавувањето бомби (Бар со овие што досега ги објавија), не е доволно да го добие мнозинството на своја страна.

Јас на ова објавување бомби не гледам како на откривање на криминал туку како на демистифицирање на божествата Никола Груевски и Сашо Мијалков. После бомбиве гледаме дека и тие се обични луѓе како нас, без никакви магични моќи. Дури и со разговорите на Латас, Миле, Зоки и Горде, народот разбира дека “вмровската машина” за која сите знаевме дека е цврста и непробојна, всушност, таа само така изгледа а внатре е трула. Со бомбите ни покажува дека и тие се луѓе од крв и месо.

Пред бомбите, народот кон Груевски и Мијалков гледаше како кон богови. Луѓето кон Мијалков гледаја со стравопочит. Беше мит, сенка, ретко се појавуваше во јавност а кога ќе се појавеше носеше многу обезбедување. Беше лидер ама оној тип на лидер на кој сите гледавме како на нешто повеќе од нас, нешто недостижно ама сепак нешто кон кое се’, или треба да се стремиме ние, обичните смртници. После бомбите, сфаќаме дека тој не е ништо повеќе од нас, дека и тој пцуе како нас, изненадувачки, пцуе повеќе од мене. Дека Сашо Мијалков ги прави истите бош муабети со пријателите и соработниците како нас. Пропагандата направи да имаме страв од ликот и делото на урбаната легенда Сашо Мијалков, кој во реалноста, според она што го слушнавме, не е ништо поразличен од нас.

Груевски, за разлика од Мијалков, беше лидер кон кого народот имаше почит ама и љубов. Груевски беше народен човек. Оди по цркви, игра фудбал, се поздравува со народ на митинзи, вози точак на кеј и слично. Груевски беше претставен како човек кој не е ништо повеќе од нас. Зато народот го сакаше и сите мислевме дека всушност Мијалков е оној што ја води целата операција од позадина.

Што се случува после објавувањето на бомбите?

За криминалот сите знаевме ама немавме докази. Сите знаевме ама немавме докази дека новинари биле прислушкувани ама она што не го знаевме е дека стравот што сме го имале кон боговите Никола Груевски и Сашо Мијалков бил тотално неоправдан. Токму тоа е она што Заев го прави со бомбите. Не ги објавува заради криминалот, туку за граѓаните да го победат стравот. Ако ги објавува заради криминалот, тогаш сам знае дека ова нема да успее зашто знае, а и знаеме сите ние кој ги контролира судовите.

Победувањето на стравот и демиситифицирањето на божествата Никола Груевски и Сашо Мијалков навистина успева. После разговорот меѓу Латас и Мијалков, пола град се поздравува со “Началниче”.

80% од разговорите деновиве ми почнуваат со Ало началниче или со тоа на Зоки и Горде: Шу прајш? Можеби сето тоа изгледа како релитивизирање и терање сеир ама како што кажал Орвел: секоја шега е мала револуција.

Можеби вака власта не се менува ама ситуацијата и тоа како се менува. Луѓето прекинуваат да се плашат од властите а тоа е она што е најпотребно во моментов, да се победи стравот, да прекини да постои Републиката на стравот.

Advertisements

Каде е проблемот: До ДПМНЕ или до системот?

0

Веќе подолг период од неколку години, на големо се зборува за злоупотребата на власта. Моето прашање што одма ке го поставам е: колку тоа е злоупотреба а не всушност употреба на системот?

На почеток да напоменам: не планирам да ги амнестирам ДПМНЕ за се што направија, ниту пак дека овој систем, ваков каков што е сега, го наследија. Тоа би било лудо, глупаво и неточно ама ќе биди точно ако кажам дека наследија систем кој им овозможи да го надградат до нивото на кое што сме денес.

Јас сум свесен дека оваа власт, ваква каква што е, ниту може долго да трае а ниту пак ќе трае. Јас сум сигурен во тоа ама не сум сигурен што потоа. Ако после моментот кога овие сегашните наши владетели, ќе се тргнат од престолот, ние го оставиме системот каков што е, ќе направиме само смена на името, смена на фасада. Онака како што сега што прават. Од надвор се ќе биде супер, сме смениле фашистичка влада а од внатре труло. Од надвор демократија и слобода а внатре гнилеж и смрдеа.

Да почнеме од тоа како ДПМНЕ ги контролира своите гласачи, онака како што системот дозволува:

Администрацијата е пренатрупана но не е доволна. Секогаш има место за повеќе а ако нема, ќе се стиснат или подобро, ќе работат од дома. Од каде никнуваат административците? Од штабовите во вашата улица, по прекорака на врховниот штабски командант. Без негов Амин, ќе лепите плакати и ке собирате искуство. Системот во Македонија не ограничува колку луѓе ќе се вработат во администрација што значи дека ако сакаат, ќе вработат и милион луѓе таму (Нормално, ако останавме толку во Македонија). Доказ за ова ви се новите, скоро 10 000 вработувања од кога почнаа да пукаат бомбите на Заев. Сфатија дека е време секој штабски командант да си ги прибере роднините, швалерките и швалерите во државно.

Се сеќавате на лотаријата со работни места во Македонски шуми? треба ли да прашам дали мислите дека случајно беа избрани тие нови вработени? Мислите ли дека случајно на истото тоа претпријатие му ба простени 40 милиони евра долг кон Државата? Да, системто дозволува да се направат толкави долгови и потоа лесно да се простат без некој да одговора како дошло до толкави долгови.
Проектите со кои оваа власт сака најмногу да се фали а се платени од буџетски т.е. народски пари. Постои ли некаде во системот некакво ограничување или кочница за тоа колку ќе се троши? Не би рекол. Доказ за ова е огромното трошење за проектот Скопје 2014. Сметам дека ич не морам да објаснувам како и кој ги добивал тендерите и му било плаќано неколку пати повеќе отколку што била реалната вредност. Исто така сметам дека не морам воопшто ништо да зборувам на оваа тема, веќе доволно се зборуваше за финансискиот и уметничкиот (Би додал и историски) криминал поврзан со Скопје 2014.

Владините реклами се посебна приказна. Се знае кој ги добива и зошто ама колку добиваат? Некој? Никој не знае, а? Барем ја знаете ли потребата? Аха да, да се фали владеачката партија со своите “достигнувања”, со народски пари. Како и претходниот случај, и тука нема потреба да објаснувам како медиумите што “лапаат” владини реклами, возвраќаат со хвалоспеви кон Севишниот Лидер и Власта.

Субвенциите за земјоделците. Води ли некој сметка за тоа колку тие стигаат на вистинското место и дали некој сфаќа дека тие се користат за купување на гласовите на земјоделците? Не и нема потреба да се води.

Конкурс за полициски службеници. Избрани се’ стројни моми и момци. Избрани по критериум физичка издржливост и книшка. Црвена. Со лав на неа. Кому му требаат паметни луѓе што ги познаваат законите кога можеш да го вработиш целиот олош од улица и да му дадеш значка и пиштол? И јас мислам дека некои “џандари” не заслужуваат Гордето да му дава плата од МВР на луѓе што стоеле до Рада на пресови. Стварно нема смисла тоа затоа што МВР е на татко и.

Се сеќавате зошто А1 ја затворија? Нешто со ујп, ти реков ми рече. А за А2 за сеќавате? Е па ќе ве потсетам: моите омилени Република велат: “По точно една година по одземањето на дозволата за работа на телевизијата, и Управниот суд потврди дека Советот за радиодифузија не можел поинаку да постапи освен да и ја одземе дозволата за работа. А2 го прекршила Законот и наместо 65% емитувала 75, 68% програма од забавен општ формат, стои во образложението на пресудата.”

Затворена заради непочитување програмски формат. Законски, онака како што Системот дозволува.

Да не продолжувам да редам за тоа како е доволно една казна од инспекција да затвори еден бизнис, најчесто на некој што зборува повеќе отколку што треба.

Системот дозволува Власта да одлучува што и до кога ќе пиете, дозволува власта да се постави како газда над вашата приватна сопственост, дозволува да се постави како газда за тоа дали во вашиот објект ќе се пуши или не… Дозволува многу работи..

Ако продолжам да ги редам сите работи кои системот ги дозволува а кои ДПМНЕ ги користи за да го контролира општеството, ќе треба да напишам цела книга.

Ако го смениме ДПМНЕ со (Внеси име на било која партија) и сите овие работи ги оставиме вака, нечепнати, што сме смениле? Ништо. Ако ги оставиме вака зашто мислиме дека некоја наредна власт нема да ја злоупотреби моќта што ја нуди државата на тацна, колку сме сигурни во тоа? Не го очекуваме тоа нели? Епа никој не го очекуваше ова што се случи од ДПМНЕ како што никој не ја очекуваше ни Шпанската инквизиција.

Ако го смениме само името на владечката партија без да го смениме системот во тој процес, ништо не сме направиле. Мораме да го ограничиме просторот за злоупотреба. Ако оставиме вака, кој знае дали ќе имаме сила да издржиме уште едно маскирано ДПМНЕ.

И, каде е проблемот, до ДПМНЕ зашто се најголемиот олош што некогаш го имало на планетата Земја или до системот кој нуди огромна моќ?

“Power tends to corrupt, and absolute power corrupts absolutely.” – Lord Acton

Глорификацијата на ВМРОмакедонизмот

0

Релативно незабележано, нашто општество мутираше до точка на неповрат. После сите јавни силеџиства и покаување сила, стравот стана двигател на општеството. Повеќе од јасно е дека луѓето во Македонија се плашат да го кажат јавно ставот. Интересен е другиот крај на стравот, т.е. од кого се плашат.

Во многу диктатури, полицијата, како продолжена рака на власта, била страв и трепет за оние што мислат поинаку. Полицијата сеела страв со своето присуство.

Во Македонија, интересно е тоа што најголемиот страв не доаѓа од полицијата туку од членовите на владеачката партија. Општеството мутираше до тој степен на деформитет во кој стравот од владеачката партија стана поголем од стравот од власта како власт.

Општеството е до тој степен, сето тоа низ промена на систем, промена на разни влади и разни партии на власт, каде не само што партијата е на ниво на власта, туку партијата има поголема моќ од државата. Во Македонија, токму тоа се случи.

Партијата преку својата пропаганда и користење на механизмите на државата влезе во сите сектори и области на општеството и како крлеж се закачи на слободата.

Се сеќавам на еден говор на професорот Фрчковски каде рече: Македонија може да ја снема ама не и ВМРО ДПМНЕ. ВМРО ДПМНЕ стана посилно од државата. Стана единствен заштитник на македонизмот. Секоја критика кон властите стана критика кон македонизмот и вие едноставно немате право на критика кон властите зашто во спротивно ке бидите против Македонија.

Во таква состојба во која е македонското општество, прашање на време е кога сето ова лудило (при здрав разум и целосна морална одговорност оваа состојба ја нарекувам лудило) ќе ескалира и ќе доведе до формирање на нов ред на македонци: ВМРОмакедонци.

Живееме во време кога за да се наречеш македонец, не е доволно само да си македонец. Мораш да бидеш и ВМРО. Преку долгогодишната пропаганда и барање на надворешни непријатели меѓу своите македонци, успеаја да си обезбедат монопол над македонизмот.

Според мене, прашање на време е кога луѓето во Македонијана некој нареден попис, во категориите религија и националност, ќе се пишуваат ВМРОмакедонци. Тоа е логичен чекор после силното долгогодишното глорифицирање на македонизмот и воздигнувањето на ВМРО од една идеја за слобода, во култ со строги правила на членство и однесување.

Гласај со паричникот!

0

Пред 2 месеци почна студентското незадоволство против новата реформа државен испит. Тука, во овој пост нема да ви ги објаснувам аргументите зошто оваа реформа е лоша  и непотребна. Тие ги имате јавно објавени на фесјбук страната на Студентски пленум.

Она за што сакам да зборувам е, како што вели и самиот наслов, “Гласање со паричник”.

Што значи тоа?

Пред 3 недели, се случи првиот студентски марш на улиците на скопје и неколку дена после тоа, наши слики беа објавени на неколку портали, со црвени кругови окулу главите. Неколку сајтови не обележуваја како стока ,обидувајќи се да не претстават дека сме членови на СДСМ, дека сме платени од Сорос, дека сме непријатели, предавници и се и сешто.

Заради оваа ниска и гадна пропаганда против нас, луѓето што излегоја да маршираат, ве повикувам на бојкот со некупување и некористење на услугите на приватните фирми кои се рекламираат на следните сајтови:

Курир:

ТТК Банка
Цитроен
Жито маркети
Млекара Здравје
Трансмет – фирма за багери, булдожери, итн
Пекабеско
Алкалоид – билна аптека
Скопје Сити Тауер (Сити Мол – продажба на станови)

Нетпрес:

Капитол Резиденс продажба на станови
ТТК Банка
НЛБ Нов пензиски фонд
Жито Маркети
Млекара Здравје
ВМРО ДПМНЕ
Пекабеско
Триглав Осигурување

Пресс24

ТТК Банка
Близоо – Фајбер пауер
Златен даб
Алкалоид билна аптека
Пекабеско
Добра вода

Република:

мБанка
ТТК Банка
ЕВН
Хотел Гранит
Трансмет (пак таа со булдожерите)
Пекабеско
Цеца концерт
Витаминка
Алкалоид билна аптека
Романтика осветлување.

(Листата е преземена од фејсбук профилот на Амон Мра)

Не ги купувајте нивните производи, не ги користете нивните услуги и нека видат кого хранат со своите реклами.

Доста ни беше заокружување и ниски удари!

Борбата за права на жените е и машка борба

0

Имам 21 година. Јас сум маж, белец, стрејт и живеам во патријархално општество. Ги имам сите бенефиции но не ги уживам. Не сакам мојот пол, сексуална определба или боја на кожа да ми бидат предност. Ниту пак сакам да бидам нешто подолу од другите во однос на правата заради истите.

Пред повеќе од година дена, нашата влада, во име на здравјето на жените, го оневозможи абортусот. Се грижиме за нивното здравје, велеа, се грижиме за наталитетот. Маж сум ама ќе кажам, фала ви ама немојте. Не можам  повеќе да читам за вести како некој жена со денови носи мртов плод во утробата заради вашата грижа за нејзиното здравје. Не се криви докторите, не ги обвинувам нив. Прават се што можам, нормално, во согласност со вашиот ептен грижлив закон и остават мртов плод во нечија утроба. Разбирам дека мораат да чекаат некој таму во министерство за здравство, седнат во некоја канцеларија,  да го стави својот потпис за конечно таа жена да биди медицински згрижена како што треба. Каде е грижата тука? Ајде, можеби жената во таков случај нема да има никаков проблем и ќе можи уште еднаш да има деца ама што прави со психолошката штета од сознанието дека носела мртов плод во себе со денови зашто некој таму министер сметал дека има право врз нечие тело?

Можеби некој ќе речи “маж си, немаш матка и затоа немаш право да зборуваш за ова”. Да – ќе одговорам – немам матка ама мојата сакана има. Мојата другарка има, мојата колешка.. За нив го пишувам ова. Како што јас сакам да имам право над сопственото тело, сакам и тие да имаат над нивното. Каде е логиката ако е обратно, ако сакам да имам права а да не дозволувам другите да ги уживаат истите права?

Лицемерие се вика тоа, драги министри и законопишувачи.

Помина законот, го изгласавте, уставниот суд рече дека насилното влегување во нечија матка е уставно.

Деновиве се открија неколку спорни дефиниции во учебници за основно образование. Се прашувам, колку ли само ве малтретирале, какво е тоа психичко насилство што ви се случило па денес ви доаѓа да правите вакви работи?

Ќе цитирам еден дел од учебник: Исфлувањето на семето во родилниот канал на женската единка се вика ејакулација.

Откако насилно влеговте во женската матка, сега се поставивте и како газди на мојот пенис, моето семе и повторно над нејзината матка. Ми кажувате како да живеам, кого да љубам, како да имам секс, ги сменивте правилата за контрацепција… Се во име на моето и нејзиното здравје, и наталитетот секако.

Сте се запрашале ли дали имате право? Не верувам.

Немате право! Немате никаков право да одлучувате за моето семе, за мојот пенис, за нејзината матка, општо за нашите тела! Дали прашавте дали сакаме да се грижите за нас? Дали се прашавте дали младите на моја возраст се спремни да бидат родители, или уште подобро прашање, дали имаат можност да бидат родители? Дали можат лесно да најдат работа? Видете, еден ден ќе бидам родител ама не додека не бидам финансиски спремен и надвор од оваа држава. Нема да бидам родител во земја каде владата се става како сопственик над моето тело и ги учи на фашистички дефиниции.

Мажи, време е да кажиме доста. Ова е и наша борба! Ова е борба за слободата и правото на сопственост над своето тело на жените и мажите. Законот за абортус не е само женски проблем. Дефинициите за ејакулација не се само женски проблем. Сменетите правила за контрацепија, не се само женски проблем. Сите овие работи се и машки проблеми.  Не погодуваат и нас, на овој или на оној начин.

Што е следно, ќе забраните кондоми или ќе вработите некого за да ги дупи со игла?

П.С. овој повик кон мажите за борба за женските права, не е дека жените се слаби да се изборат сами. Ова е зато што законот не опфаќа сите, и мажи и жени, директно или индиректно. Верувам дека не постои маж што би останал рамнодушен кон ваквите фашистички закони ако неговата сакана е директно погодена од ваков закон.

Дефиниција за слобода.

0

На прв поглед, сите диктатури се исти: недостиг на економска и медиумска слобода, немање основни човекови права, немање можност за менување на работите во општеството, страв од полицијата и владата и слично. Изгледаат слично но диктатурите во еден дел се различни: Начинот на кој диктаторот се оддржува на власт.

Луѓето сакаат да бидат слободни или поточно кажано, луѓето сакаат да мислат дека се слободни. Разликата меѓу успешен и неуспешен диктатор е во тоа колку луѓето сметаат дека се слободни.Ако луѓето мислат дека не се слободни, тогаш, порано или подоцна,  ќе се изборат за слобода.

Ако луѓето мислат дека се слободни во диктатура, тогаш нема сила на земјата што ќе ги натера да застанат против власта. До ваква ситуација се доаѓа преку менување на дефиницијата за слобода, опшествено одговорни граѓани и власт во самиот образовен систем.

Многу често, читам и слушам разговори за тоа зошто луѓето во македонија не се грижат за слободата. Луѓето се прашуваат како можи цела држава да остани глува и нема за работите во општеството и за губењето на слободата. Ова е погрешно. Луѓето во Македонија се слободни, според нивната дефиниција. Ако за некој граѓанин од некоја западноевропска земја, да се биде слободен значи да може да прави што сака со сопствените пари, ставови и своето тело, за просечниот Македонец значи да има влада која ке се грижи за сите негови проблеми, како економија, човекови права, безбедност, здравје и слично.

Просечниот македонец добро ги знае двете дефиниции за слобода, неговата и таа од некој граѓанин на запад, но ја прифаќа својата. Зошто? Зашто така го научило образованието.

Ова е илустрација за власт од учебник за граѓанско општество во осмо одделение. Власта е силна а луѓето се сиви, мали, слаби и неколку нивоа под неа. Оваа слика, во очите на 15 годишник, значи  единствена вистина за тоа кому каде му е местото во општеството и како треба да се однесува. Ученикот, знаејќи дека нема моќ да промени некои работи во своето училиште сфаќа дека е беспомошен и се идентификува со сивите фигури на сликата. Ова му се случува во години кои се многу важни за неговата изградба како личност.

B0Uvhq5IAAAOBYU

Ако некој ученик  е приморан да учи ваква дефиниција за власт, слобода и лојални граѓани, тогаш повеќе од јасно е како тој ќе гледа на работите во општеството. Повеќе од јасно е дека ако некој го научите дека е сосема океј да се откажи од своите слободи, тогаш не е чуден молкот за окупацијата од страна на власта на џебовите, телото и насилното влегување во спалните на граѓаните.

Успешна диктатура е таа во која граѓаните мислат дека се слободни. Диктатурата станува неуспешна тогаш кога ќе се скрши тоа меурче окулу луѓето и ќе видат дека нивната дефиниција за слобода е погрешна а тоа е многу тешко да се постигни ако знаеме дека, уште од мали, децата се научени дека мораат да го почитуваат авторитетот и да му бидат покорни.

Синдром “Мало куре”

0

До пред некое време не ја разбирав потребата од покажување колку си моќен над другите иако си и ти еден обичен смртник како нив, не ја разбирав потребата од делување во група а не како индивидуа. Се се промени кога случајно кликнав на еден текст за Сигмунд Фројд и за тоа како се е поврзано со сексот.

Еурека, за се да ти било виновно малото куре што го имаат. Ете природата кај нив не била толку дарежлива па ги нагр(а)дила со мало куре. Тоа и не е толку проблем, колку што е проблем обидот да компензираат за должината со нивниот патриотизам. Еве, деновиве имаме две толпи, еднакво глупави, кои се мразат и планираат да се тепаат меѓу себе зашто другите биле од друга етничка заедница. Двете групи на луѓе, не можејќи сексуално да се задоволат, своите фрустрации ги лечат со тепање и насилство.

За ова, донекаде ги обвинувам и општо прифатените стандарди дека машкиот полов орган треба да биди голем. Мислам, да не беше битна големината, можеби овие луѓе немало да бидат исмејувани од своите партнерки и ќе беа сексуално задоволени па својата среќа ке ја канализираја на некој друг начин, наместо како сега, да се ослободуваат од своите фрустрации преку ќотек и наслиство.
Можеби тогаш на овие луѓе немаше да му биди страв да истапат како ииндивуи и да се размафтаат со својот полов орган и притоа да не бидат исмејувани заради должината.

Тоа е разликата меѓу оние што кога кажуваат нешто во истото време се идентификуваат со некаква група позади нив и оние што зборуваат од свое име.

Искрено, овој текст го почнав со намера да биди краток и да се задржам само на ова што досега го напишав ама некако почнаја во глава да надоаѓаат примери за покажувањето на моќ на одредени луѓе со кое се обидуваат да компензираат за нешто.

Старите велат “куче што лае, не каса”, па од таму, логички нели, оние што се фалат дека имаат моќ и дека се големи ебачи најверојатно е дека не се воопшто никакви ебачи па со фалбите се обидуваат да ја надополнат разликата во центиметри. Еве за пример ќе го земам еден познат новинар. За да не ви влијаам во одлуката да ли сум во право или не, нема да го спомнам неговото име туку само два пример каде самиот се фалеше дека бил голем ебач:

На учество на една емисија, еден младич го праша Новинаров колкава е должината на неговото куре. Пред младичот да излези на сцена и да го постави прашањето, на истата сцена пред очите на Новинаров пеела една млада и убава пеачка. Одговорот на новинаров беше: за такви како тебе 1 цм а за такви како таа пред тебе 25 центиметри.

Истиот тој новинар е познат дека многу мрази педери. Да се навратам малку на Фројд кој вели дека во коренот на секоја омраза има скриено нешто сексуално. Кога малку би се погледнала пошироката слика за Новинаров, многу лесно може да се забележи од каде доаѓа таа омраза. Новинаров, пред неколку години поминал 6 месеци во затвор. Е сега, затвор ко затвор, бањање групно, сапунчиња. Сами извлечете заклучок шо сакам да кажам, само не можам да откријм дали се работи за неостварена врска или пак за некаква насилна врска.

Знам дека претпоставивте кој е човекот за кој зборувам. Сами извлечете заклучок зошто има потреба од толку фалба за тоа колкав ебач или зошто би имал потреба да се фали со својата моќ зашто има другарчина шо се на власт.

Да не зборувам како овој новинар многу пати за многу жени им кажано дека биле небени и дека им фалел секс за да биле океј.

Не е само овој новинар таков шо се фали со својата сексуална ориентација и должината на своето куре. Имаме власт шо се фали со својата моќ. Сетете се на Бристол и сечењето на дрвјата во 3 часот и покажувањето на власта дека има големи мадиња и ќе сечи дрвја кога сака и никој нема да ја запри..

Имам уште многу вакви примери за пишување за фалби со својата сексуална ориентација, кој колкав ебач е или кој колкави мадиња има ама тоа ке значи подолг текст а јас немам потреба со должината на текстовите да компензирам за ништо. 🙂