Глорификацијата на ВМРОмакедонизмот


Релативно незабележано, нашто општество мутираше до точка на неповрат. После сите јавни силеџиства и покаување сила, стравот стана двигател на општеството. Повеќе од јасно е дека луѓето во Македонија се плашат да го кажат јавно ставот. Интересен е другиот крај на стравот, т.е. од кого се плашат.

Во многу диктатури, полицијата, како продолжена рака на власта, била страв и трепет за оние што мислат поинаку. Полицијата сеела страв со своето присуство.

Во Македонија, интересно е тоа што најголемиот страв не доаѓа од полицијата туку од членовите на владеачката партија. Општеството мутираше до тој степен на деформитет во кој стравот од владеачката партија стана поголем од стравот од власта како власт.

Општеството е до тој степен, сето тоа низ промена на систем, промена на разни влади и разни партии на власт, каде не само што партијата е на ниво на власта, туку партијата има поголема моќ од државата. Во Македонија, токму тоа се случи.

Партијата преку својата пропаганда и користење на механизмите на државата влезе во сите сектори и области на општеството и како крлеж се закачи на слободата.

Се сеќавам на еден говор на професорот Фрчковски каде рече: Македонија може да ја снема ама не и ВМРО ДПМНЕ. ВМРО ДПМНЕ стана посилно од државата. Стана единствен заштитник на македонизмот. Секоја критика кон властите стана критика кон македонизмот и вие едноставно немате право на критика кон властите зашто во спротивно ке бидите против Македонија.

Во таква состојба во која е македонското општество, прашање на време е кога сето ова лудило (при здрав разум и целосна морална одговорност оваа состојба ја нарекувам лудило) ќе ескалира и ќе доведе до формирање на нов ред на македонци: ВМРОмакедонци.

Живееме во време кога за да се наречеш македонец, не е доволно само да си македонец. Мораш да бидеш и ВМРО. Преку долгогодишната пропаганда и барање на надворешни непријатели меѓу своите македонци, успеаја да си обезбедат монопол над македонизмот.

Според мене, прашање на време е кога луѓето во Македонијана некој нареден попис, во категориите религија и националност, ќе се пишуваат ВМРОмакедонци. Тоа е логичен чекор после силното долгогодишното глорифицирање на македонизмот и воздигнувањето на ВМРО од една идеја за слобода, во култ со строги правила на членство и однесување.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s