Глорификацијата на ВМРОмакедонизмот

0

Релативно незабележано, нашто општество мутираше до точка на неповрат. После сите јавни силеџиства и покаување сила, стравот стана двигател на општеството. Повеќе од јасно е дека луѓето во Македонија се плашат да го кажат јавно ставот. Интересен е другиот крај на стравот, т.е. од кого се плашат.

Во многу диктатури, полицијата, како продолжена рака на власта, била страв и трепет за оние што мислат поинаку. Полицијата сеела страв со своето присуство.

Во Македонија, интересно е тоа што најголемиот страв не доаѓа од полицијата туку од членовите на владеачката партија. Општеството мутираше до тој степен на деформитет во кој стравот од владеачката партија стана поголем од стравот од власта како власт.

Општеството е до тој степен, сето тоа низ промена на систем, промена на разни влади и разни партии на власт, каде не само што партијата е на ниво на власта, туку партијата има поголема моќ од државата. Во Македонија, токму тоа се случи.

Партијата преку својата пропаганда и користење на механизмите на државата влезе во сите сектори и области на општеството и како крлеж се закачи на слободата.

Се сеќавам на еден говор на професорот Фрчковски каде рече: Македонија може да ја снема ама не и ВМРО ДПМНЕ. ВМРО ДПМНЕ стана посилно од државата. Стана единствен заштитник на македонизмот. Секоја критика кон властите стана критика кон македонизмот и вие едноставно немате право на критика кон властите зашто во спротивно ке бидите против Македонија.

Во таква состојба во која е македонското општество, прашање на време е кога сето ова лудило (при здрав разум и целосна морална одговорност оваа состојба ја нарекувам лудило) ќе ескалира и ќе доведе до формирање на нов ред на македонци: ВМРОмакедонци.

Живееме во време кога за да се наречеш македонец, не е доволно само да си македонец. Мораш да бидеш и ВМРО. Преку долгогодишната пропаганда и барање на надворешни непријатели меѓу своите македонци, успеаја да си обезбедат монопол над македонизмот.

Според мене, прашање на време е кога луѓето во Македонијана некој нареден попис, во категориите религија и националност, ќе се пишуваат ВМРОмакедонци. Тоа е логичен чекор после силното долгогодишното глорифицирање на македонизмот и воздигнувањето на ВМРО од една идеја за слобода, во култ со строги правила на членство и однесување.

Advertisements

Гласај со паричникот!

0

Пред 2 месеци почна студентското незадоволство против новата реформа државен испит. Тука, во овој пост нема да ви ги објаснувам аргументите зошто оваа реформа е лоша  и непотребна. Тие ги имате јавно објавени на фесјбук страната на Студентски пленум.

Она за што сакам да зборувам е, како што вели и самиот наслов, “Гласање со паричник”.

Што значи тоа?

Пред 3 недели, се случи првиот студентски марш на улиците на скопје и неколку дена после тоа, наши слики беа објавени на неколку портали, со црвени кругови окулу главите. Неколку сајтови не обележуваја како стока ,обидувајќи се да не претстават дека сме членови на СДСМ, дека сме платени од Сорос, дека сме непријатели, предавници и се и сешто.

Заради оваа ниска и гадна пропаганда против нас, луѓето што излегоја да маршираат, ве повикувам на бојкот со некупување и некористење на услугите на приватните фирми кои се рекламираат на следните сајтови:

Курир:

ТТК Банка
Цитроен
Жито маркети
Млекара Здравје
Трансмет – фирма за багери, булдожери, итн
Пекабеско
Алкалоид – билна аптека
Скопје Сити Тауер (Сити Мол – продажба на станови)

Нетпрес:

Капитол Резиденс продажба на станови
ТТК Банка
НЛБ Нов пензиски фонд
Жито Маркети
Млекара Здравје
ВМРО ДПМНЕ
Пекабеско
Триглав Осигурување

Пресс24

ТТК Банка
Близоо – Фајбер пауер
Златен даб
Алкалоид билна аптека
Пекабеско
Добра вода

Република:

мБанка
ТТК Банка
ЕВН
Хотел Гранит
Трансмет (пак таа со булдожерите)
Пекабеско
Цеца концерт
Витаминка
Алкалоид билна аптека
Романтика осветлување.

(Листата е преземена од фејсбук профилот на Амон Мра)

Не ги купувајте нивните производи, не ги користете нивните услуги и нека видат кого хранат со своите реклами.

Доста ни беше заокружување и ниски удари!