Мојата „моторџиска“ приказна


Пред година и пол, прв пат бев во Ајриш паб во Скопје и тоa ми беше првата свирка со ирска музика. Околу таа и наредните свирки, некако магично се создаде една група на музички истомисленици со кои не се познаваме премногу, со некоисеуште и не си знаеме име, не се договараме ама секогаш се наоѓаме таму каде што има Ирска музика. Во таа група на луѓе го запознав и Мечката. Моторџија, член на Lone Knights MC. Знаете, оние моторџии со чопери, криминалци, насилници и сите тие стереотипи. Го запознав и не покани во нивниот клубхаус. Да, и мене ми беше малку незгодно да отидам. Прв пат одев таму, не го знаев местото, не ги знаев луѓето ама отидов.

Не згрешив. Си поминав преубаво со моторџиите, панкерите и металците што одат таму (оние со долги коси шо слушаат музика шо прави да ви пукнат ушните тапанчиња). Вистинско андерграунд место. Место, од оние што многу фалат во Скопје и каде што доколку почитуваш, ќе бидеш дупло повеќе почитуван и добредојден. Од таа журка до сега, не памтам колку пати сум бил таму. Колку пиво сум испил со Мечката, Чиче, Шипката и другите моторџии. Колку луѓе сум запознал таму, моторџии, металци, панкери, обични луѓе..

Скоро секоја недела има некаква дешаванка, рок, метал, ирско. Не е битно. Секоја недела има предобра забава. Зошто? Заради луѓето. Ви спомнав дека таму одат моторџии, металци, панкери? Ги знаете , сте ги виделе низ град, се облекуваат неконформистички и изгледаат страшно и агресивно.

Е па воопшто не се такви. Тоа се луѓе со редовна работа, со завршени факултети, со фамилија. Луѓе кои живеат според својот збор и свои сопствени правила и не се плашат да го кажат својот став, без разлика дали на некој му се допаѓа тоа или не. Нарекувајте ги како сакате, но тоа се луѓе што знаат да ценат и да почитуваат. Јас сум пример за тоа. Ме примија во друштво иако не сум од Скопје, не сум моторџија, не сум ниту панкер ниту металец и сум точкар. Немаат проблем со тоа.

Затоа сега, во било кој момент некој од нив да ми побара било каква услуга, јас ќе му помогнам. Ќе продолжам да се дружам со нив, ќе продолжам да одам во клубхаусот на Lone Knights MC и не ме интересира дали тие ќе бидат нарекувани криминалци, дали јас ќе бидам предупредуван и гледан чудно или местото ке било злогласно зашто оделе луѓе шо се облекувале како панкери или металци. Можам да напишам и цела книга за сите убави моменти шо сум ги поминал со нив, колку пати се случувало да заглавиме на шанк, пијани, или да се смејме за некоја глупост. Тоа се тие моменти и луѓе што се памтат, зашто тие луѓе знаат да почитуваат и не се ништо како она што си ги замислувате: криминалци и насилници. Слободно можам да кажам дека тие се еден од последните бастиони на вистинско братство и лојалност, а нивната приказна е една сага за тоа како е да си различен од другите, или од „цивилниот свет“, како што тие милуваат да кажат.

lone

Зато, ако добиете некогаш покана за некаков настан организиран од Lone Knights МС, не се двоумете да отидете зашто таму имало моторџии. Ви гарантирам за забава со луѓе кои не ги интересира кои сте туку му е битно дали се забавувате.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s