Зошто Партијата повторно ќе победи (2): Медиуми


Во првиот дел од текстот за Партијата пишував за тоа како Партијата ги освојува симпатиите на луѓето преку зголемување на плати во државната администрација, зголемување на пензии, вработувања во државна администрација и слично.  Сите тие зголемувања на плати, пензии  и нови вработувања се дополнителен товар за и онака кревката македонска економија, па Партијата на власт мора да се задолжува речиси секој месец за државата да ги исплати сите плати и пензии.

Ваквото недомаќинско работење, секако не би поминало така лесно ако новинарите прашуваја од каде доаѓаат парите за платите за администрацијата и покачувањата на пензиите,  колку вработени брои јавната администрација , колку чинат владините реклами и слично..

Во случајот со Македонија, тоа не се случи. Ретки беа новинарите што на почетокот на владеењето на Партијата што прашуваја што се случува со државните пари а како што поминуваше времето таквите новинари стануваја се помалку и помалку.

Зошто?

Како и со примерот со администрацијата, пензионерите и земјоделците, за кои пишував во првиот дел, Партијата многу ретко користи закани за да се запрат критиките упатени кон неа. Напротив, Партијата добива контрола над сопствениците на телевизиите, весниците и веб порталите со тоа што владините реклами ќе бидат дел од нивните медиуми и нивните фирми ќе добиваат тендери во замена за нивниот молк.

Денес официјално започна кампањата за парламентарните избори  и политички партии не губеа време за да започнат со реклами. Таков е случајот и со Партијата. На првиот ден од кампањата, Партија, објави отчет за сработеното во трите дневни весници: Утрински, Дневник и Вест, дел од МПМ (Медиа Принт Македонија) во сопственост на Срѓан Керим, познат на јавноста за случајот со шишето со 750 000 евра.

Накратко, а повеќе тука може да прочитате,  на првиот ден од кампањата Партијата потроши 20 350 евра од кои: Утрински доби 6700 евра, Вест 6800 а Дневник 6850 евра.

Истражував малку и за онлајн медиумите и го дознав следното:

Порталот Република.мк има два банери на Партијата и според доставениот ценовник до ДИК (Државна изборна Комисија), Партијата плаќа 1000 евра неделно за двата банери. Сопственикот на овој портал, како и на истоимениот неделник, не е познат. Според базата на податоци за онлјан медиумите, Медиа Педиа, сопственик е фирмата Иресине Лимитед регистрирана во Белизе.

Слична е состојбата и со порталот Курир.мк, кој исто така е познат како провладин медиум. Сопственик е Ацо Мислајловски, брат на Владо Мисајловски, државен секретар во МНР.  На порталот има 2 банери на Партијата а цената за изнајмување е непозната зашто не е јавно објавено колку чини просторот за изнајмување.

Според Медиа Педиа, непознат е сопственикот и на порталот Нетпрес.ком.мк каде како и во случајот со другите медиуми, има 2 банери на Партијата.

Александар Спасовски – Сарма, новинар во Сител телевизија, се јавува како сопственик на порталот Максим.мк. Цени за изнајмување на простор за банери нема јавно објавено но упатив барање до Сарма на неговиот твитер профил па штом добијам некаков документ, ќе го објавам тука. Сарма исто така е заменик уредник на порталот Прес24 каде сопственик е неговата жена, Славица Арсовска Спасовска. На двата портали во сопственост на Александар и Славица Спасовски има по двата банери на Партијата. за цената за изнајмување, на порталот Прес24 пишува дека е во директен договор со купувачот на просторот што мене лично ми е многу интересно.

Додека броев кој портал колку  банери на Партијата има, нешто чудно ми падна во очи. Банери на министерства со отчет додека собранието е распуштено и кампањата за нов парламентарен состав е во тек. Банер на Министерството за труд и социјална политика има на порталот Прес24 а на порталот Курир.мк има банер на министерството за образование и наука.

Порталот телеграф.мк во сопственост на Срѓан Керим, Орце Камчев и Веселин Јевросимовиќ, неделно добива по 400 евра за двата банери на порталот, според ценовникот доставен до ДИК.

Сите овие портали и весници кои имаат владини реклами како и реклами на партијата.  никогаш не кажале ниту еден лош збор за неа. Никогаш, дури ниту еднаш но за разлика од Партијата, опозициската Партија редовно е напаѓана и криткувана. Оваа слика е одличен пример за тоа.

 

Весници, телевизии и веб портали. Сопственици оставени на милост и немилост на Партијата. Тоа е состојбата со македонското новинарство, па затоа не ме чуди 123то место за слобода на медиумите. Верувам дека можиме да одиме подолу на листата.

 

Advertisements

2 thoughts on “Зошто Партијата повторно ќе победи (2): Медиуми

    • За да се подобри состојбата со новинарите и да се намали владината контрола на било која влада без разлика од која партија, треба да се направата следние два чекори:
      1. Забрана за рекламирање на владата и министерствата. Ако министерот и премиерот сакаат да се пофалат за некој проект или сакаат да најават проект, тоа ќе го прават преку интервјуа во медиумите.
      2. Ова е многу битен чекор: Укинување на СРД со што би се укинала можноста за уцена кон медумите од страна на властите. СРД постои само со една цел: намерно да го гуши медиумскиот простор и законски да се пресмета со телевизиите, весниците и порталите. Кога не би постоел СРД, би се отвориле многу телевизии, радиа, весници со што конкуренцијата би се зголемила и квалитетот на вести ќе биди поголем. Да не заборавиме дека А2 телевизија беше згасната заради недоволно информативна програма, баш од СРД.

      Like

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s