Зошто Партијата повторно ќе победи?


За 3 и пол недели се  пред времените парламентарни избори. Досега, од нивното распишување, се воздржував од било какви коментари и мои мислења. Луѓето до кои ќе стигни овој текст, барем повеќето верувам дека ја знаат играта што се одигра и верувам дека очекуваја да се случат избори на почетокот на 2014та.

Без разлика на тоа какви анкети се објавуваат,  кој колку луѓе има на митинзи и кој какви програми има, верувам дека Партијата повторно ќе победи на изборите. Колку пратеници би освоиле не знам, не можам ни да нагаѓам но знам дека ке ја формираат следната влада.

Еве зошто.

1. People don’t give a fuck about rights. Или во превод, луѓето во Македонија ги боли пенисот за правата. Луѓето не го перцепираат законот за абортус, забараната за продажба на пиво после 7, законот за медиуми, законот за  одговорност од клевети и навреди и уште еден куп такви закони за нарушување на нивните права и слободи.

2. Во Македонија сеуште се живее добро. Или во превод не доцнат плати во државниот доминантен сектор, не доцнат пензии и се исплаќаат субвенции. Голем дел од населението добива редовно пари па ќе си гласа за Партијата пошо Партијата дава на разни категории на граѓани.

Партијата од 2006 па наваму водат една, за нив, паметна политика. Направија што е можно повеќе категории на граѓани да се зависни од држвата. Партијата ги освојува симпатиите кај луѓето на три начини:

Првата и најпозната е национализмот. Од 2006 до сега се претставуваат како патриоти кои секогаш ке го чуваат Македонското и Македонија, дека име нема да сменат и секогаш ќе постои Македонија за инает на сите грци, бугари, четници, усташи, учку мучки и слично… Колку и да ви звучам чудно, сметам дека Партијата освојува многу мал процент на гласови со ова како примарна причина зошто луѓето гласаат за нив.

Вториот начин за освојување гласови, Партијата го прави со вработување во државните фирми. Администрацијата, која според Европската унија треба да брои окулу 80-90 000 вработени, денес, се претпоставува дека е окулу 200 илјади. Вработија и превработија многу луѓе во администрација и државните фирми со што си обезбедија многу гласови.  Партијата дури не ни мора да се заканува со бркање од работа ако некој од административците не гласа за нив. Секој барем малку нормален од тие што се вработиле преку Партијата знае дека ако победат другите, тој ќе лета од работа и зато ќе си гласа за нив. Чиста сметка долга љубов.

Истото се случува и во државните претпријатија. Јавна тајна е дека таму превработеноста е сериозен проблем и дека тоа е најголемата причина за долговите на тие фирми. Партијата тоа го знае но не претставува проблем за нив. Многу добар пример за ова се Македонски шуми и лотаријата со работни места. Откако се направи убав циркус и се вработија 1600 луѓе по (не)случаен избор, Партијата реши да опрости 40 милиони евра долг на претпријатието кон државата.

Третиот начин а можи и најефикасниот е тоа што Партијата водеше политика со која направи луѓето да мислат дека тоа што го имаат го должат на Партијата. Тоа го напраја успешно со зголемување на пензиите, исплаќање субвенции, зголемување социјална помош, бенефиции за пензионерите и слично. Партијата успеа да му наметни мислење на земјоделците дека субвенциите што ги земаат се  од џебот на Партијата и таа е хумана а не од џебот на граѓаните, Успеа истото да го наметни и кај пензионерите и кај социјалците.

Од каде Партијата наоѓаше толку пари за да стави под “своја” капа многу категории на граѓани?

Кредити. Партијата, во овие 8 години на владеење успешно ги задолжи граѓаните за многу многу евра.  Утрово на порталот емагазин.мк кој користи податоци од весникот Вест, прочитав дека бруто надворешниот долг на Македонија во 2006та изнесувал 2,2 милијарди евра а во 2013 е  5,1 милијарди евра.

Партијата сеуште има можност од каде да ги задолжува граѓаните  и затоа сеуште се живее добро, барем за поголемиот дел од граѓаните.  Нема доцнење на плати во државниот сектор, нема доцнење на пензии, нема доцнење на субвенции, нема доцнење на додатоци за трето и четврто дете и куп други видови на социјална помош. Сеуште нема доцнење. Ова се категориите што го формираат мнозинството.

Факт е дека народот во Македонија е политички и економски необразован. Народот не знае со какви валкани финти се служи партијата за да се збогатуваат нејзините членови. Партијата успеа во пропагандата и ги научи граѓаните да се тивки, мирни и да не гледаат што прави врвот на Партијата. Народот не знае дека сета оваа “хуманост ” на Партијата со сите тие зголемувања на плати, пензии и субвенции за скоро време ќе му се удри од глава и ќе дојди време на големо штедење на сите страни. Народот не знае дека во овие 8 години партијата му скрати многу права и слободи.

Заради незнаењето на народот и знаењето на Партијата да го искористи тоа, победата им е сигурна. Нив им е сигурна победата, нас ни е несигурна иднината.

Advertisements

4 thoughts on “Зошто Партијата повторно ќе победи?

  1. “Народот не знае со какви валкани финти се служи партијата за да се збогатуваат нејзините членови”.
    Ме интересираат кои се тие валкани финти, онака чисто информативно :))))

    Like

    • Под “валкани финти” мислам на тоа дека некои луѓе ,кои случајно се членови на Партијата, се привилегирани во добивањето на тендери. Нели е малку чудно тоа што СГС е агенција која ги обезбедува сите државни институции и згради. Јавна тајна е кој е сопственик на таа агенција. Да не зборуваме за сите договори за споменици во општина центар кои ги изработија неколку уметници, случајно блиски до Партијата. Да не зборуваме за анексите на договорите. Еве види сам/а за што зборувам http://maktel.mk/index.php?option=com_k2&view=item&id=3172:okolu-60-milioni-evra-bile-potrosheni-nezakonski-za-proektot-skopje-2014-video&Itemid=660.

      Да ги споменам и медиумите и колку пари Партијата троши на реклами но само во одредени меиуми кои ете, пак случајно имаат само пофални зборови за Партијата.

      Нели е сето тоа малку чудно? Однадвор изгледа се океј, како нормална активност на Партијата, но одвнатре смрди и е многу валкано. За такви валкани финти зборувам. Оние легалните.

      Like

  2. Pingback: Зошто Партијата повторно ќе победи (2): Медиуми | Сандокан.блог

  3. Го видовме народот што направи ај тие што ги гласаа ги гласаа биле уценувани,потплаќани,политички неуки не ги осудувам господ нека им суди за секоја пара што ја добиле исцедена на грбот на секој човек во државава .Што е со останатите 50% што не гласаа каде се?Живееме во држава каде што секој ден ни покажуваат,докажуваат какви валкани игри играат какви малверзации прават уште што не треба да им се покаже на луѓево дека ги дупат во здрав мозок, а тие пак не излагаат на гласање ги боли таквото не мислат дека утре ќе им се врати.Ги гледам и околу мене ги има ќе земат да јадат гомна за тоа што се дешава во државава а кога ќе му се јавиш да идеме на гласање ти вика го мрзело или му се спиело.Ебати народот ебати младината пасивна кур ги боли не мислат дека утре треба фирми да отвараат да си создаваат работни места да хранат усти мислат цел живот од мама и тато ке зимаат пари.ИДИОТИ тоа сте за мене.Да знаете сите што си земате право да серете за тоа што се дешава во државава,а кога е време за гласање си го дрвите, сте ИДИОТИ тоа сте ништо повеќе класични ИДИОТИ.На чело да си напишат “ве дупиме во здрав мозок” ништо нема да преземете пак ќе се влечете по маало ќе денгубите по кафичине, ве сфаќам истото и јас го правам ама кога барем ти дале право да го смениш тој за кој јадеш гомна бар мрдни го газот и смени го ебати дебилот да не сакаш за неподвижно лице да те пријавам и да ти дојдат дома да гласаш?Кај се родив во ебанава генерација младина сјебана испревртена до даска секаде ќе протестираа само кај нас ќе ти кажат “ме мрзи” или “не се замарам”.Ако ти е народе ако ти е ни ја цепкаа нацијата порано зашто немавме држава ама сега ја имаме и пак ни ја цепкаат како да ви е во крв да ве цепкаат.”Каков народ таква држава” за сите важи и неопределени и гласачи и негласачи за сите кои се осмелуваат да се наречат граѓани на оваа држава.Какви сме ние таква ни е и државата.

    Like

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s