Паразитите позади маските на супер херои.


Одсекогаш сум се воодушевувал на креативноста на партиите пред избори. Смешни слогани и смешни обиди за оцрнување на противниците. Посебно смешно ми е кога едната партија, повикана да одговори за нека беља што ја сториле нејзини членови на високи функции, пробува да се оправда со ” а вие кога бевте на власт, ова истото го праевте”. Страшно многу се во право. Партијата што обвинува за криминал не е воопшто почиста од таа што го прај криминалот во  моментов, но бидејќи претходната власт ги праела скоро истите мучки и бељи, не значи дека тоа ги амнестира сите идни влади во криминалот. Но, кој да го сфати тоа. 

 

Народот, оној обичниот народ, кој е народ само еднаш на 2-3 години кога има избори а во сите останати денови е плаќач на данок и обична бројка во завод за статистика е кусоглед. Не гледа на далеку. Живее од вчера за денес. Не гледа дали ке има утре. Народот е не образован политички. Не знае за свои права и обврски, нема познавање од економија и слично и партиите успешно го користат тоа. Во кратки црти, 80% од народот е без критичко размислување и јаде само она што му се сервира и ич не го интересира за утре а не дај боже за 2-3 години што ке биде.

 

 Последните неколку месеци сме бомбардирани со  тоа кој колку тендери фатил, чии синови колку станови имале, која фамилија колку богатство имала. А богати, сите до еден без разлика на знамето на партијата кое стои позади нив. Почнувајќи од фамилија Заеви, преку ивонче милионче, синовите на Бонева, братучеди на Ставревски и Груевски до мал милион ситни и покрупни рипчиња. Што е заедничко на сите овие? 

Тендери. Многу тендери. Многу милиони од даноци на народот. Многу полни џебови и многу празни усти. Речиси и да не е битно кој е на власт, помалку или повеќе тендери ке се штанцаат и администрација ке се полни а ние ке се палиме на ревволуции во Турција, Украина и Босна. 

Додека сум кај Босна сакам да им честитам што имаат паметен народ и да им посакам да продолжат како што тргнаја. На добар пат се зашто решија да проверат како точно се случила приватизацијата. Нешто што треба да се случи и кај нас. Доста ми беа изговори за криминалот на дпмне дека сдсм краделе во времето кога се приватизирале фабриките. Време е да се провери како заработувале нашите крупни капиталци и како еволуирале имотните листови на политичарите од 1990 до 2014. Сакам до денар да знам кој како добил фабрика и како заработил. Време е да паднат маските на тие што се претставуваат како супер херои и ветуваат мед и млеко и да се види какви паразити се. Да се види како тоа се збогатиле газда Тинекс додека беше градоначалник, зошто Макстил сеуште го труе скопје а Минчо не сака да вгради филтри, кало тоа се продава земјиште во центар на дкопје за 71 денар, зошто исти фирми добиваат тендери.. Многу има такви паразити што се лепат на тие што се на власт и секогаш ке има се додека власта, од која партија и да е, има пристап до народни пари. 

Време е да и се одземи моќта на власта со која се меша во економијата и ги убива помалите за да можи големите паразити да живеат. Немам ништо против капитализмот и секое чесно заработување ама имам против заработувањето од мои пари. 

Потребно е да видиме кои паразити стојат позади маските на супер хероите. Треба да се расчисти со тоа прво па после да сонуваме за Европа. 

Како што кажав, народот е не образован и ова нема да се случи. Народот не знае да ја препознае пропагандата и не знае дека, иако сега е релативно добро, се зголемуваат пензии, разни бенефиции за пензионерите, се вработуваат куп луѓе во администрација од каде се зема добра плата, дека за брзо време тоа ке ни го извадат низ нос и дека сите тие кредити треба да се вратат ама тогаш виновен за враќањето ке биди партијата на власт која сигурно нема да биди истата што е сега. Така се во магичен круг, едните земаат, другите земаат, народот враќа. 

Искра на лажна надеж е дека нешто ке се смени на следни предвремени парламентарни избори кои јасно како ден е дека ќе ги има. Можда ке победат другите но, ке биди исто зашто и тие ке имаат пристап до истото народно богатсво до кое сега има дпмне и ке извршат редистрибуција, на свои луѓе, секако. Нема нешто што може да ми ја гарантира чесноста на политичар. 

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s