Прекинав да се радувам на туѓи револуции.


Велат, светот останува на младите.  Можеби во некое друго време и друго место ова би важело но овде, во Македонија, сигурно не важи.

Во јуни, сите ги следевме борбите на демонстрантите со полицијата на плоштадот Таксим во Истанбул. Секојдневно слушавме за ранетите и мртвите но и за тоа дека се повеќе и повеќе луѓе излегуваат на улиците како поддршка. Секојдневно слушавме за тоа како турскиот премиер Ердоган се заканува дека ке употреби се поголема и поголема сила кон демонстрантите ако не се откажат. Слушнавме и за тоа дека наместо да се прикажува како полицијата ги тепа и убива демонстрантите, на турската национална телевизија, се емитува емисија за пингвини. За уредниците, најверојатно по наредба на некој од владата на Турција, пингвините беа по важни од животите на луѓето.

Пред некое време почнаја протестите во Украина. Почнаја како протести против договорот на Украина и Русија а полицијата под наредба на владата, почна да ги тепа демонстрантите со цел да ги заплаши и избрка од улиците. Наместо тоа, демонстратите имаше се повеќе и повеќе. Ситуацијата излегуваше од контрола. За да го спречи тоа, украинската влада донесе деколку закони. Тогаш ситуацијата уште повеќе излезе од контрола. Луѓето излегоја да ги поддржат демонстрантите и протестите станаја анти-владини и се бараше оставка од владата и претседателот Јанукович. Еден од најинтересните моменти беше орвеловската СМС порака што ја добија сите учесници на протестиет: “Бевте регистриран како учесник во протест”.
После големите судири на демонстрантите и полицијата и многуте мртви и повредени, деновиве ситуацијата е мирна но сеуште напната. Демонстрантите сеуште се на своите места во центарот на Киев и сеуште бараат слобода.

На 27 јануари, во Косово почнаја студентски протести. На почетокот, група на студенти ја окупираше канцеларијата на ректоратот на универзитетот “Хасан Приштина” и побара оставка од ректорот на универзитетот затоа шт осе докажало дека научните трудови во списанија, кои тврдел дека ги објавил за да стекне статус на редовен професор всушност биле објавени во списанија кои не постојат. Многу од студентите што протестирале биле уапсени а уште многу студентите сеуште протестираат и бараат оставка од ректорот како и прегледување на досиеата на сите професори за да се открие кој друг лажел во својата биографија.

Денес во Босна се случија судири на полицијата со работниците од пропаднатите државни фабрики. Се палеа гуми, се фрлаја камења кон владината зграда, се ширеше мирис на солзавец. Незадоволството од еконмската ситуација ги натреа младите и старите босанци да излезат на улица и да се тепаат со полицијата за своите права и својата слобода.

Каде сме ние во сите овие приказни? Па, заглавени некаде меѓу партиските штабови и амбасадите каде бараме работни визи за да избегаме од тука. Економската ситуација во Македонија е катастрофална, повеќе од 60% од младите се невработени додека милиони евра беа потрошени на споменици и загради за да можи пренатрупаната администрација да работи. Живееме во општество затруено од национализам и омраза на етничка или религиска основа. Како студенти живееме во најмизерните услови во студентските домови и добиваме никакво образование за кое плаќаме еден куп пари.

Се случи убиство на млад човек од страна на полицаец. Што направивме ние? се прошетавме низ градовите со натписи “ве молиме не не убивајте”, запаливме свеќи и седевме на асфалтот пред кордонот полицајци. Толку. Да, убиецот доби казна но не и оние што пробаја да го заштитат и да го скријат убиството. Тие и ден денес се на истите функции на кои што беа тогаш.

Се случи Бристол.Што направивме ние? Се уништи еден парк за да се изгради зграда за советот за радиодифузија. Паркобраните беа уапсени и избрани од местото во акција на единицата за брзо распоредување. Беа уапсени и наредниот ден пуштени со казни за нарушување на јавниот ред и мир.

Се случи протестот за Кежаровски. Што направивме? Ништо посебно, се собраа новинари и граѓани во не многу голем број за да протестираат за слобода на Кежаровски. Можеби за прв пат се виде една искра на вистински отпор кога новинарите се судрија со полицијата. Можеби беше кратко но беше силно и се виде дека искрата за борба за слобода не е целосно згасната.

Што НЕ се случи? никој и ништо не направи за криминалот во кабинетот на претседателот што беше откриен пред некој ден. Никој и ништо не направи за тоа дека младите се сите невработени и живеат со една мисла а таа е како да избегаат од оваа проклета земја. Никој и ништо не направи за условите во средното музичко училиште во Битола, освен што градоначалникот на Битола рече дека партиски структури стојат зад протестите. Никој и ништо не направи за условите во студентските домови. Никој и ништо, освен некое анонимно писмо со иста содржина: Пак падна лифтот или храната е гнасна или вода тече од кровот или немаме парно или нешто слично..

Никој и ништо не превзде.
И тоа боли. Многу боли.
Многу ме боли ко ке видам ко ке слушнам како некој отишол во партија за да можи да најди каква таква работа или некој како спрема документи за да замини од тука.

Заради ова прекинав да се радувам на туѓи револуции зато што им сум љубоморен. Љубоморен сум на нивната храброст да се борат да си го вратат она што е нивно. Не се радувам на туѓи револуции и не сонувам дека еден ден и кај нас ке се случи нешто слично и ке си го вратиме она што ни го украдоја.

Проклети да сте сите вие виновници за состојбава во која сме.
Проклети да сме ние што ви дозволивме да не доведите во ваква состојба.

 

Advertisements

One thought on “Прекинав да се радувам на туѓи револуции.

  1. Можеби не сте ја виделе објавата од снимката од разговорот помеѓу Викториа Нуланд и Американскиот амбасадор во Украина?! Ако не сте, погледнете ја. Мошне интересна. Покажува како “демократиите” инженираат туѓи влади. Како “демократски” се само владите кои се наклонети кон НАТО (и секако глобалната војна против тероризмот). Информации пристигаат дека Американците трошат по дваесет милиони долари неделно за поддршка на протестите во Киев. Протестантите добиваат и “демократски” орудија како пиштоли и пушки. Македонија не е исклучок. Во 2001 година и ние имавме протести за демократски права на малцинствата кои подоцна (можеби исто под туѓ диктат?) прераснаа во “борба за слобода”.
    Ако “се дигне” некогаш младината во Македонија, се надевам дека тоа ќе го направи малку “поумно” од наведениве примери. За жал омразата знае често човека да го заслепи, па не сум оптимист.

    Like

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s