За еден сон, недосонуван.

0

За еден сон, недосонуван…

– да не спиеше?
-не.
-спремај се, има воз за пола саат.
– воз за каде?
– не знам. Гарант има за некаде. Ке го фатиме и ке избегаме од тука
– не си нормален. Сигурен си за ова?
– не.
– па тогаш?
– тогаш ке одиме. Ке ни биди поубо таму.
-како знајш дека ке ни биди поубо?
– не знам.
– тогаш како можи да заминиме?
– така лесно, ке заминиме. Не знам кај ке одиме. Во то е забавата.
– тогаш да одиме.
****************
– добро вечер. Што олку касно во возов?
– никогаш не е касно.
– убо зборваш а карти имате?
– не. Не зедовме пошо не знаевме каде ке одиме.
-како така не знајте кај ке одите?
-ете така не знајме. Ни текна и заминавме.
-ама мора да имате некоја дестинација.
– некаде ке стигниме.
-каде е тоа некаде?
– најверојатно некоја станица.
– каде е таа станица? Момче, не си играј со мене.
– не знам кај е. По пат ке ни текни.
*******************
– возот почнува да кочи. Ај да слезиме тука.
– кај е ова? Не гледам светла од куќи.
– подобро. Ке бидиме сами без да знајме кај сме.
– сред планина сме ненормален.
– ми е гајле. Јас слегувам.
– нема да ме оставиш сама.
– нема да ме оставиш ни ти сам. Слегуваме тука.
– знаев дека не требаше да дојдам.
– ама сепак дојде.
– зато шо не знаев дека ке слезиме сред планина.
– не знаев ни јас кај ке слезиме.
– е па зошто овде?
– зошто да не? Никој не слегува тука.
– затоа што никој не живее тука ете затоа.
– е па вечерва ние ке живееме тука.
**********************
– гледаш? Ако не дојдеше со мене, немаше да видиш вакво изгрејсонце.
– ако не дојдев, спиев дома.
– и ке ја пропуштеше убавинава.
– знајш зошто ми е убаво сега?
– зато што не си видела поубо изгрејсонце?
– зато шо таков лудак ко тебе е покрај мене.
– не сум луд, само одбивам да бидам нормален.
– то е истото.
– не, не е. Луд сум по тебе а правам ненормални работи. Во то е разликата.

Сонот ке продолжи.. Некогаш..

Advertisements

Серенада во 5 наутро.

0

-Еј да не спиеш?
-Шо ти е тебе? 5 саат е.
-Ако де.
-Шо сакаш?
-Тебе.
-Ај не биди глуп, остај ме да спијам.
-Не сакам.
-ке ти исклучам.
-Нема. Знајш кај сум?
-не.
-Кај тебе пред врата.
-стварно?
-Да. излези малку…
– Не си нормален..
*****************************
-дојди да играме.
-5 саат е будало..
-Ми е гајле.
-Не пуштај толку гласна музика.
Ке се бунат комшиите.
-баш ме боли.
-Оди лечи се бе.
– Чекај бе. Не си оди толку брзо.
-Оди легни си. Знам дека си пијан. Ке викнат полиција комшиите.
*****************************
-Добра вечер.
-Здраво.
-Шо прајш тука?
-играм на музиката.
-Си пиел или си пушел? Лична карта имаш?
-Имам. За воља на вистината не сум пиел.ниту сум пушел. Чист сум 2 месеци од тие работи, господине униформа.
-Не се прај паметен. Зошто се дериш?
-Заради онаа шо ѕирка од прозорот.
******************************
-Зошто те прибраја тебе?
– пеев на сред улица. тебе?
-Јас сум невин. Онака ме собраја.
– исто и мене. Му се бендисав како пеам..
-ке не пуштат за брзо.
-Сакаш да не држат тука и утре?
-Како мислиш?
-Ај ке пејме заедно. Ја знаеш Вољела ме ниједна?
– Да. Пејме на 3..4…
*************************
-Добар ден.
-Добар ден.
-Дојдов да прашам за дечкото шо го собравте утрово. Што пееше на улица.
-Тука е. Си најде цимер за пеење.
-Кога ке го пуштите?
-За 2 саати. не се секирај. Ке биди слободен вечерва повторно да ти пеј..

Тхе енд.

Паразитите позади маските на супер херои.

0

Одсекогаш сум се воодушевувал на креативноста на партиите пред избори. Смешни слогани и смешни обиди за оцрнување на противниците. Посебно смешно ми е кога едната партија, повикана да одговори за нека беља што ја сториле нејзини членови на високи функции, пробува да се оправда со ” а вие кога бевте на власт, ова истото го праевте”. Страшно многу се во право. Партијата што обвинува за криминал не е воопшто почиста од таа што го прај криминалот во  моментов, но бидејќи претходната власт ги праела скоро истите мучки и бељи, не значи дека тоа ги амнестира сите идни влади во криминалот. Но, кој да го сфати тоа. 

 

Народот, оној обичниот народ, кој е народ само еднаш на 2-3 години кога има избори а во сите останати денови е плаќач на данок и обична бројка во завод за статистика е кусоглед. Не гледа на далеку. Живее од вчера за денес. Не гледа дали ке има утре. Народот е не образован политички. Не знае за свои права и обврски, нема познавање од економија и слично и партиите успешно го користат тоа. Во кратки црти, 80% од народот е без критичко размислување и јаде само она што му се сервира и ич не го интересира за утре а не дај боже за 2-3 години што ке биде.

 

 Последните неколку месеци сме бомбардирани со  тоа кој колку тендери фатил, чии синови колку станови имале, која фамилија колку богатство имала. А богати, сите до еден без разлика на знамето на партијата кое стои позади нив. Почнувајќи од фамилија Заеви, преку ивонче милионче, синовите на Бонева, братучеди на Ставревски и Груевски до мал милион ситни и покрупни рипчиња. Што е заедничко на сите овие? 

Тендери. Многу тендери. Многу милиони од даноци на народот. Многу полни џебови и многу празни усти. Речиси и да не е битно кој е на власт, помалку или повеќе тендери ке се штанцаат и администрација ке се полни а ние ке се палиме на ревволуции во Турција, Украина и Босна. 

Додека сум кај Босна сакам да им честитам што имаат паметен народ и да им посакам да продолжат како што тргнаја. На добар пат се зашто решија да проверат како точно се случила приватизацијата. Нешто што треба да се случи и кај нас. Доста ми беа изговори за криминалот на дпмне дека сдсм краделе во времето кога се приватизирале фабриките. Време е да се провери како заработувале нашите крупни капиталци и како еволуирале имотните листови на политичарите од 1990 до 2014. Сакам до денар да знам кој како добил фабрика и како заработил. Време е да паднат маските на тие што се претставуваат како супер херои и ветуваат мед и млеко и да се види какви паразити се. Да се види како тоа се збогатиле газда Тинекс додека беше градоначалник, зошто Макстил сеуште го труе скопје а Минчо не сака да вгради филтри, кало тоа се продава земјиште во центар на дкопје за 71 денар, зошто исти фирми добиваат тендери.. Многу има такви паразити што се лепат на тие што се на власт и секогаш ке има се додека власта, од која партија и да е, има пристап до народни пари. 

Време е да и се одземи моќта на власта со која се меша во економијата и ги убива помалите за да можи големите паразити да живеат. Немам ништо против капитализмот и секое чесно заработување ама имам против заработувањето од мои пари. 

Потребно е да видиме кои паразити стојат позади маските на супер хероите. Треба да се расчисти со тоа прво па после да сонуваме за Европа. 

Како што кажав, народот е не образован и ова нема да се случи. Народот не знае да ја препознае пропагандата и не знае дека, иако сега е релативно добро, се зголемуваат пензии, разни бенефиции за пензионерите, се вработуваат куп луѓе во администрација од каде се зема добра плата, дека за брзо време тоа ке ни го извадат низ нос и дека сите тие кредити треба да се вратат ама тогаш виновен за враќањето ке биди партијата на власт која сигурно нема да биди истата што е сега. Така се во магичен круг, едните земаат, другите земаат, народот враќа. 

Искра на лажна надеж е дека нешто ке се смени на следни предвремени парламентарни избори кои јасно како ден е дека ќе ги има. Можда ке победат другите но, ке биди исто зашто и тие ке имаат пристап до истото народно богатсво до кое сега има дпмне и ке извршат редистрибуција, на свои луѓе, секако. Нема нешто што може да ми ја гарантира чесноста на политичар. 

Немаме простор за револуција.

0

Дали треба незадоволството од политичките елити и нивното богатење да го искажеме на улица со кршење на владините згради кои се во наша, граѓанска, сопственост или треба да се бориме за револуција во главите и народот сам да почни да размислува и да ги согледува грешките на политичките елити па да ги казнува?

Двата избори се еднакво тешки, посебно во општество како Македонија, каде голем дел од граѓаните растеле и се образовале во Југославија и нивниот мајндсет е таков што сметаат дека државата е таа која знае што е најдобро за нив. Тие сметаат дека државата е во право дури и тогаш кога носи закони на нивна штета. Како да се допри до тие луѓе? Како да им се објасни дека  државата е неефикасен потрошувач на нивните пари и таа ги крши нивните индивидуални права и слободи?

Во општество како Македонија, со образовен систем кој не дозволува туку напротив, ја уништува сета креативност за нешто ново, многу е тешко да се презентира некоја нова идеја, надвор од таа СДСМ/ВМРО реалност. Од општество, осиромашено од минатиот социјалистички систем, преку криминалната транзиција во деведесеттите која се случува и денес, стигнавме до едно црно бело општество. Има два правци преку кои можеш да егзистираш: Да заминиш надвор од државата и да работиш или да наведниш глава и да влезиш во некоја партија па да чекаш вработување во некоја државна фирма.

Зошто е тешка револуцијата во глава во Македонија?

Еве еден пример: тие што ке избегат од вакво општество што е на чекор на национал-социјалистичко, и ке отидат во некоја капиталистичка земја, ке работат таму, па ке се вратат тука и ке кажат колку е убав животот таму. Како тоа капитализмот во тие западните земји е добар ама капитализмот во Македонија е лош? Прво, зато што тука, скоро сите сме задоени со омраза кон оној што е побогат и посупешен од нас, дел од нас се такви затоа што растеле и се образовале во Југославија а другиот дел затоа што така биле воспитани од нашите родители и второ, затоа што во Македонија немаме капитализам и слободен пазар. Во Македонија имаме грабализам, што би рекла баба ми. Имаме една политичка елита што цело време, се повеќе и повеќе се збогатува. Легално додуша, преку тендери. Погледнете ги сите тие пофалби на двете партии за тоа кој какви тендери склучил. Се расфрлаат со документи и милионски суми пари на граѓаните. Што ни кажува тоа? Дека секоја партија и секој политичар што ке дојди на власт ке ја злоупотреби моќта и позицијата за легално да се збогати од нашите, граѓански пари и затоа треба да им се одземи моќта на политичарите да ги користат нашите пари и да се мешаат во нашите животи.

Ова е идеја која е различна од политиките на две најголеми партии во државава. Како да им се презентира оваа идеја на луѓе задоени со омраза кон капитализмот во Македонија кој всушност и не е капитализам( за пример: навистина верувате дека никој ама баш никој не би посакал да купи земјиште во центарот на Скопје па мораше да се продава за 71 денар по метар квадратен на фирма што е долги години соработник на актуелната власт? размислете уште еднаш.),  во општество каде медиумите, скоро сите, се  под контрола на власта и каде нема дебата на која може да се презентираат нови и различни идеи?

Ниту еден од политичарите не би се откажал од моќта што ја поседува додека е на функција и не би дозволил некој да шири идеја спротивна од нивните интереси. Ниту ВМРО, ниту СДСМ. Менување на системот од внатре е речиси невозможен кај нас.

Сега некој би рекол, ако немаме начин како да ја промениме оваа власт и да ја замениме со некоја нова и подобра преку избори, тогаш, единствено што ни останува е улица.

За да се излезе на улица треба да се има многу гнев. Кај нас има гнев ама тој не е доволен. Без разлика на тоа што во последно време се палам на палењето во Киев или во Босна, револуцијата на улица скоро и да не носи ништо добро. Има многу жртви и штета на приватна сопственост по улиците. Знам дека ке звучам контрадикторно со либертаријанската мисла и принципот на неагресија но сепак ке кажам: постојат времиња кога револуцијата на улица е единственото нешто што преостанува зашто револуцијата во глава пропаднала и затоа ке ја поддржам секоја револуција на улица, без разлика колку е насилна, чија цел ке биди намалување на моќта на државата и ке донеси ново послободно општество.

Ваквата револуција во Македонија е речиси невозможна. Погледнете ги протестите за Мартин Нешковски колку беа мирни а имаше причина  да им кажеме што значи да го убиваш и лажиш народот што треба да го штитиш. Погледнете го Бристол и споредете го со истата ситуација во Гези паркот. Погледнете ја армијата гладни и невработени што се крстат во партијата и име не менуваат. Ке направат се за партијата без разлика дали таа носи име СДСМ или ВМРО. Погледнете ги политичарите и нивните тендери, станови и автомобили. Погледнете ја армијата административци.

Во Македонија имаме, гладен, бос, изманипулиран и излажан народ без трошка желба за слободна мисла и интелектуална надградба.

Затоа во Македонија нема простор за револуција, ниту во глава, ниту на улица.

Решение? Не знам, тоа ке треба некој попаметен од мене да кажи.

Контакт со авторот:

r.jovanoski@yahoo.com

твитер: @rubinBt

 

Прекинав да се радувам на туѓи револуции.

1

Велат, светот останува на младите.  Можеби во некое друго време и друго место ова би важело но овде, во Македонија, сигурно не важи.

Во јуни, сите ги следевме борбите на демонстрантите со полицијата на плоштадот Таксим во Истанбул. Секојдневно слушавме за ранетите и мртвите но и за тоа дека се повеќе и повеќе луѓе излегуваат на улиците како поддршка. Секојдневно слушавме за тоа како турскиот премиер Ердоган се заканува дека ке употреби се поголема и поголема сила кон демонстрантите ако не се откажат. Слушнавме и за тоа дека наместо да се прикажува како полицијата ги тепа и убива демонстрантите, на турската национална телевизија, се емитува емисија за пингвини. За уредниците, најверојатно по наредба на некој од владата на Турција, пингвините беа по важни од животите на луѓето.

Пред некое време почнаја протестите во Украина. Почнаја како протести против договорот на Украина и Русија а полицијата под наредба на владата, почна да ги тепа демонстрантите со цел да ги заплаши и избрка од улиците. Наместо тоа, демонстратите имаше се повеќе и повеќе. Ситуацијата излегуваше од контрола. За да го спречи тоа, украинската влада донесе деколку закони. Тогаш ситуацијата уште повеќе излезе од контрола. Луѓето излегоја да ги поддржат демонстрантите и протестите станаја анти-владини и се бараше оставка од владата и претседателот Јанукович. Еден од најинтересните моменти беше орвеловската СМС порака што ја добија сите учесници на протестиет: “Бевте регистриран како учесник во протест”.
После големите судири на демонстрантите и полицијата и многуте мртви и повредени, деновиве ситуацијата е мирна но сеуште напната. Демонстрантите сеуште се на своите места во центарот на Киев и сеуште бараат слобода.

На 27 јануари, во Косово почнаја студентски протести. На почетокот, група на студенти ја окупираше канцеларијата на ректоратот на универзитетот “Хасан Приштина” и побара оставка од ректорот на универзитетот затоа шт осе докажало дека научните трудови во списанија, кои тврдел дека ги објавил за да стекне статус на редовен професор всушност биле објавени во списанија кои не постојат. Многу од студентите што протестирале биле уапсени а уште многу студентите сеуште протестираат и бараат оставка од ректорот како и прегледување на досиеата на сите професори за да се открие кој друг лажел во својата биографија.

Денес во Босна се случија судири на полицијата со работниците од пропаднатите државни фабрики. Се палеа гуми, се фрлаја камења кон владината зграда, се ширеше мирис на солзавец. Незадоволството од еконмската ситуација ги натреа младите и старите босанци да излезат на улица и да се тепаат со полицијата за своите права и својата слобода.

Каде сме ние во сите овие приказни? Па, заглавени некаде меѓу партиските штабови и амбасадите каде бараме работни визи за да избегаме од тука. Економската ситуација во Македонија е катастрофална, повеќе од 60% од младите се невработени додека милиони евра беа потрошени на споменици и загради за да можи пренатрупаната администрација да работи. Живееме во општество затруено од национализам и омраза на етничка или религиска основа. Како студенти живееме во најмизерните услови во студентските домови и добиваме никакво образование за кое плаќаме еден куп пари.

Се случи убиство на млад човек од страна на полицаец. Што направивме ние? се прошетавме низ градовите со натписи “ве молиме не не убивајте”, запаливме свеќи и седевме на асфалтот пред кордонот полицајци. Толку. Да, убиецот доби казна но не и оние што пробаја да го заштитат и да го скријат убиството. Тие и ден денес се на истите функции на кои што беа тогаш.

Се случи Бристол.Што направивме ние? Се уништи еден парк за да се изгради зграда за советот за радиодифузија. Паркобраните беа уапсени и избрани од местото во акција на единицата за брзо распоредување. Беа уапсени и наредниот ден пуштени со казни за нарушување на јавниот ред и мир.

Се случи протестот за Кежаровски. Што направивме? Ништо посебно, се собраа новинари и граѓани во не многу голем број за да протестираат за слобода на Кежаровски. Можеби за прв пат се виде една искра на вистински отпор кога новинарите се судрија со полицијата. Можеби беше кратко но беше силно и се виде дека искрата за борба за слобода не е целосно згасната.

Што НЕ се случи? никој и ништо не направи за криминалот во кабинетот на претседателот што беше откриен пред некој ден. Никој и ништо не направи за тоа дека младите се сите невработени и живеат со една мисла а таа е како да избегаат од оваа проклета земја. Никој и ништо не направи за условите во средното музичко училиште во Битола, освен што градоначалникот на Битола рече дека партиски структури стојат зад протестите. Никој и ништо не направи за условите во студентските домови. Никој и ништо, освен некое анонимно писмо со иста содржина: Пак падна лифтот или храната е гнасна или вода тече од кровот или немаме парно или нешто слично..

Никој и ништо не превзде.
И тоа боли. Многу боли.
Многу ме боли ко ке видам ко ке слушнам како некој отишол во партија за да можи да најди каква таква работа или некој како спрема документи за да замини од тука.

Заради ова прекинав да се радувам на туѓи револуции зато што им сум љубоморен. Љубоморен сум на нивната храброст да се борат да си го вратат она што е нивно. Не се радувам на туѓи револуции и не сонувам дека еден ден и кај нас ке се случи нешто слично и ке си го вратиме она што ни го украдоја.

Проклети да сте сите вие виновници за состојбава во која сме.
Проклети да сме ние што ви дозволивме да не доведите во ваква состојба.