Борба за слободен интернет.


Пред 2 години случајно налетав на текст на еден од блоговите. Се работеше за овој текст, поточно се работеше за трговскиот договор АКТА. Откако истражував повеќе на темата, сфатив дека не се работи за ништо друго освен за договор кој во себе носи цензура. Тој договор вклучуваше прегледување на целиот сообраќај што влегува или излегува од вашиот компјутер за во случај да прекршувате нечии авторски права. Самото тоа прегледување на сообраќајот значеше кршење на правото на приватност на корисниците, односно тоа ке значеше некој да може да ги види сите мејлови што ги испраќате, сите слики или видео и доколку на некое од нив беше откриена некаква содржина заштите со авторски права, вие ке добиевте предупредување од вашиот интернет оператор да ја отстраните таа содржина. Потоа следуваја казни. Огромни казни како минималните 5 годни затвор по содржина и илјадници долари.

Овој договор во себе имаше и нешто пострашно од кршењето на приватноста: овој договор беше создаден за ја уништи слободата на говор. Со овој договор, доколку беше изгласан, секоја влада можеше да го злоупотреби и да забрани анти владини видеа,слики или текстови под изговор дека кршат нечие авторско право.
Ако сакате да се потсетите што беше АКТА, тоа можете да го направите тука.

Светот се побуна против договорот. Се случуваја протести насекаде низ светот. Се бараше слободен интернет. Ние во Македонија не останавме мирни. Се креираше Балканската анти-АКТА група каде активисти од Балканот разговараја и ги планираја активностите. Пишувавме текстови на нашите блогови, бевме креативни со слики и видеа и слично, праќавме писма до владата и министерствата и слично. Кренавме прашина и тоа го забележа весникот Нова Македонија кој македонската борба против АКТА ја пренесе на пошироката публика.

Светот крена прашина и АКТА пропадна. Потоа следеја СОПА, ПИПА, ПЦФИПА и уште многу слични закони но ја доживеаја истат судбина како АКТА.

После 2 години од таа борба, пред интернетот стои нова закана. Се работи за закон за интернет неутралност. Закон креиран и поддржан од Европската Унија и Соединетите Американски Држави. Според креаторите, овој закон ке овозможи секој интернет корисник да добие еднаков интернет сообраќај.Овој закон нема да дозволи некој корисник да добива повеќе сообраќај заради некои специјални услуги на сметка на друг сообраќај. Но, колку е тоа вистина?

Погледнете го видеото:

Законот нема јасно дефинирано кои се тие специјални услуги и може да варираат од видео, слика, текст или било што, па така интернет операторите можат да ви блокираат некој пакет податоци под изговор дека користите специјална услуга и со тоа го гушите интернет сообраќајот на друг корисник. За да знаат интернет операторите дека тој пакет податоци е некаква специјална услуга, тие мораат да го скенираат а со тоа го прекршуваат правото на приватност. Со ваква можност, никој не може да гарантира дека ни една влада нема да го злоупотреби ова за да замолчи критички настроени текстови,видеа или слики.

Со овој закон ке се добие полоша интернет услуга а ке се плаќа повеќе затоа што за да можете да добиете некаква специјална услуга ке треба да платите повеќе за операторот да може да ве префли во “побрза” интернет лента. Ова значи дека оној што има повеќе пари, ке може да добие многу повеќе такви специјални услуги кои, пак ке напоменам, не се јасно дефинирани кои се.

законот ке им овозможи мал монопол на големите компании. Пазарот ке стани место со неколку играчи и речиси без никаква можност на помалите компании да се натпреваруваат со нив затоа што имаат многу помалку срества на располагање, што ке доведи до намалување и убивање на иновациите.

Светот веќе се организира против овој закон затоа што крајните корисници не ги третира еднакво и ја прекршува приватноста.Авааз заедницата преку онлајн петиција веќе собра преку 713 000 потписи (до моментот на пишување на текстот). На веб страната Save the Internet можете да се информирате повеќе за оваа закана.

Корисни линкови:
5 Major Ways the Internet Will Change Without Net Neutrality

EU telecoms market reforms threaten net neutrality and privacy

Federal court strikes down FCC net neutrality rules (The Verge)

Summary of BEREC positions on net neutrality (BEREC)

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s