Змејот од мојата улица.


Змејот од нашата улица бил еден голем црвен змеј. Страшен змеј. Сите се плашеле од него.

Некогаш, не многу одамна, змејот бил добар. Луѓето можеле слободно да шетаат по улица, низ своите дворови и да одат во дворовите на своите комшии. Одсекогаш луѓето од мојата улица го хранеле змејот. Го хранеле за да може да ги брани и секогаш имало доволно за сите да бидат најадени. За некои повеќе, за некои помалку, но за сите доволно.
Никој не знае што точно се случило. Велат дека змејот одеднаш почнал се повеќе и повеќе да се шета по улицата и да фрла оган од својата уста. Велат дека со својот оган пеплосал неколку луѓе.

Тогаш луѓето започнале многу да се плашат и решиле да не излегуваат на улица. Решиле да останат само ов своите дворови, но дури и во тие моменти, тие не престанале да го храната змејот. Продолжиле да му даваат храна за да може да ги штити. Потоа змејот станал алчен. На почеток барал да му даваат повеќе храна. Малите луѓе наспроти големиот ѕвер, не би имале шанса да се борат, па затоа се покориле на неговата волја. После некое време, змејот ги зголемил своите барања. Покрај тоа што добивал се повеќе и повеќе храна, не било доволно. Тој започнал да влегува во дворовите на луѓето и да им ја зема храната. Го правел тоа секогаш кога ке посакал и земал колку му душа сакала. Понекогаш, не оставал речиси ништо за кутрите луѓе.

Луѓето прекинале и да излегуваат од своите домови зашто се плашеле од змејот. Никој не сакал да се спротистави на змејот зашто се плашеле. Се сеќавале на тие луѓе што умреле од огнот на змејот. Стравот дека ке ги снајде истата судбина ги држел затворени во своите домови и веќе било прашање на време кога змејот ке започне да влегува во нивните домови. Можеби и тоа ке се случело, ако не биле неколку храбри луѓе што решиле да се спротистават на змејот. Не им било важно дали ке загинат или не, едноставно не сакале повеќе да се плашат за себе и своите фамилии. Сакале да бидат повторно слободни да се прошетаат по улицата. Излегле на улица, вооружени со ништо повеќе од неколку дрва и камења. Змејот за да ги исплаши, започнал да фрла пламен окулу нив. Храбрите луѓе од мојата улица не се исплашиле туку тргнале накај змејот. Замавнале само по еднаш и змејот паднал. СО еден удар го кутнале змејот.

Повторно улицата била слободна. Повторно луѓето можеле да шетаат. Луѓето сфатиле дека не бил змејот тој што ги држел затворени туку стравот. Стравот бил голем и ги спречувал да се борат. Затоа, стравот е најголемиот непријател во борбата за слобода. Не змејот, не државата, не полицијата, туку стравот од спротиставување на неправдата. Стравот е горивото на сите диктатури и штом стравот е надминат, не постои тиранин што нема да падне.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s