Либерални расисти


Пред некое време сосема случајно дојдов до видео на јутјуб со наслов “Нема расисти како што се либералните расисти”. Првата мисла ми беше дека ова е уште едно видео на некој конзервативен влогер каде што објаснува колку либералите се глупави и нивните сфаќања за светот се наивни и погрешни. Сепак, му дадов шанса. Го изгледав видеото и сфатив дека ако го пропуштев, ке пропуштев многу важна лекција колку либералите се расисти.

Знам дека изразот “либерален расист” звучи како оксиморон но ке објаснам зошто сметам дека е вистина.

Во последно време, во светот а богами и во Македонија многу често ги слушам зборовите расист и дискриминација. Дури сум забележал дека и јас ги користам се повеќе и повеќе. То можи да го проверите сами. Разгледајте било која дебата за правата на жените, мажите, геј популацијата или било кој проблем што допира до било кое малцинство, какво и да е. Ке забележите дека оние што имаат полиберални сфаќања, знаат често да ги наречат расисти оние поконзервативните.

Мојот одговор кон овие два типа на луѓе е дека и едните и другите се расисти, на некој начин. Конзервативците ги сметам за расисти зашто сметаат дека имаат право да се мешаат во животот на другите луѓе и да им кажуваат како да го живеат својот живот и што да прават со своето тело.  Сличен ми е и одговорот зошто либералите ги сметам за расисти: затоа што сметаат дека ако си припадник на малцинството тогаш ти имаш повеќе права од тие на мнозинството, како некакво извинување  за сите неправди досега. Колку пати досега сте сретнале некаков оглас за вработување или некаков повик за обука, каде пишува дека избраните кандидати ке бидат правично застапени според пол, религија, сексуална ориентација или било што друго. Ова е многу дискриминаторски затоа што во обидот да се биде либерален и да се вклучат сите малцинства, се дискриминира мнозинството. Како? Ке се земам за пример самиот. Јас случајно сум се родил како македонец, стрејт маж и многу други случајни карактеристики. Зошто некој друг да има привилегија заради тоа што припаѓа на некое малцинство, не по свој избор? Нели е тоа малку дискриминаторски кон мене како припадник на мнозинството?

После несреќната 2001 година во Македонија, сите огласи во државните институции содржат дека МОРА 25% од примените кандидати да се албанци. Уште од старт, немам ништо против тоа некој случајно шо се родил како албанец, туку го користам како добар пример за либералната дискриминација. Значи, ако треба да се вработат 100 лица, од нив 75 ке бидат македонци а  25 албанци (Во пресметкава не земам и други фактори како пол, сексуална припадност религија и слично, со цел да ја поедноставам). Доколку според критериумите на огласот, јас како македонец се наоѓам на 76 место на општата листа, иако сум подобар од тие под мене, јас нема да бидам вработен затоа што случајно сум припадник на друга етничка група. Еве и обратен пример. Ако треба да се вработат 75 албанци и 25 македонци, тогаш тие 25 македонци иако подолу на ранг листата, ке се вработат пред други луѓе затоа што случајно се припадници на одредена етничка група.

Можат да зборувам за милион вакви примери каде позитивната дискриминација е ништо друго туку обична, лоша дискриминација.

Можам да набројам еден куп барања на женски организации за правична застапеност на жените во приватниот сектор, политиката и слично. Можам да набројам еден куп барања за малку повисоки права на геј заедницата само затоа што биле малцинство. Можам да зборувам и за тоа дека е многу важен фактор на кој бог му се молите.

Знам дека некој или некоја, би искоментирале на: па добро, ти си маж, македонец, стрејт и за тебе не постои дискриминација па затоа зборуваш вака. Погрешно. Се согласувам дека постојат примери за дискриминација кон жените затоа што се жени, но да не заборавиме дека мажите се жртви на дискриминација. Колку пати сте забележале оглас каде се бараат исклучиво келнерки или пак се издава стан само на студентки? Јас како маж, можам да речам дека сум дискриминиран затоа што сметаат дека како маж не можам да носам пијачки во кафич или дека не знам да чистам. Можам да речам, но не велам, зашто тоа е избор на огласувачот. За пример ете ви го Албафон.

Албафон кога го најави формирањето, најви и дека тоа ке биди оператор само за албанци. Од економска гледна точка, тоа е многу глупаво, зашто избираш само 25% од населението како клиенти а со тоа и намален профит. Некој би рекол со тоа се дискриминираат оние што не се албанци но не и јас. Јас велам дека ако на Албафон не му се вредни моите пари како македонец, тогаш Албафон не е вреден за моите пари. Чиста сметка, долга љубов.

Кога јас би се прашувал, при изборот на апликација за работно место или за учесник на некаква обука, воопшто не би обрнал внимание на тоа кој што има во гаќите(Се извинувам за изразов), со кој е во брак или со кого спие во спална, на кој бог се моли и дали воопшто се моли на некој бог. За мене сите тие случајни карактеристики како етничка припадност, пол,религија, сексуална ориентација и слично се небитни. За мене е битна личноста и колку е таа квалификувана за позицијата за која ми треба. Ако го форсирам едно мнозинство или малцинство само затоа што е мнозинство или малцинство, тогаш не можам да се сметам за бранител на правата на луѓето.

За мене, како и за Ен Ранд, најмалото малцинство е поединецот и квалификуваноста на поединецот треба да е единственото важно нешто при избор.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s