Змејот од мојата улица.

0

Змејот од нашата улица бил еден голем црвен змеј. Страшен змеј. Сите се плашеле од него.

Некогаш, не многу одамна, змејот бил добар. Луѓето можеле слободно да шетаат по улица, низ своите дворови и да одат во дворовите на своите комшии. Одсекогаш луѓето од мојата улица го хранеле змејот. Го хранеле за да може да ги брани и секогаш имало доволно за сите да бидат најадени. За некои повеќе, за некои помалку, но за сите доволно.
Никој не знае што точно се случило. Велат дека змејот одеднаш почнал се повеќе и повеќе да се шета по улицата и да фрла оган од својата уста. Велат дека со својот оган пеплосал неколку луѓе.

Тогаш луѓето започнале многу да се плашат и решиле да не излегуваат на улица. Решиле да останат само ов своите дворови, но дури и во тие моменти, тие не престанале да го храната змејот. Продолжиле да му даваат храна за да може да ги штити. Потоа змејот станал алчен. На почеток барал да му даваат повеќе храна. Малите луѓе наспроти големиот ѕвер, не би имале шанса да се борат, па затоа се покориле на неговата волја. После некое време, змејот ги зголемил своите барања. Покрај тоа што добивал се повеќе и повеќе храна, не било доволно. Тој започнал да влегува во дворовите на луѓето и да им ја зема храната. Го правел тоа секогаш кога ке посакал и земал колку му душа сакала. Понекогаш, не оставал речиси ништо за кутрите луѓе.

Луѓето прекинале и да излегуваат од своите домови зашто се плашеле од змејот. Никој не сакал да се спротистави на змејот зашто се плашеле. Се сеќавале на тие луѓе што умреле од огнот на змејот. Стравот дека ке ги снајде истата судбина ги држел затворени во своите домови и веќе било прашање на време кога змејот ке започне да влегува во нивните домови. Можеби и тоа ке се случело, ако не биле неколку храбри луѓе што решиле да се спротистават на змејот. Не им било важно дали ке загинат или не, едноставно не сакале повеќе да се плашат за себе и своите фамилии. Сакале да бидат повторно слободни да се прошетаат по улицата. Излегле на улица, вооружени со ништо повеќе од неколку дрва и камења. Змејот за да ги исплаши, започнал да фрла пламен окулу нив. Храбрите луѓе од мојата улица не се исплашиле туку тргнале накај змејот. Замавнале само по еднаш и змејот паднал. СО еден удар го кутнале змејот.

Повторно улицата била слободна. Повторно луѓето можеле да шетаат. Луѓето сфатиле дека не бил змејот тој што ги држел затворени туку стравот. Стравот бил голем и ги спречувал да се борат. Затоа, стравот е најголемиот непријател во борбата за слобода. Не змејот, не државата, не полицијата, туку стравот од спротиставување на неправдата. Стравот е горивото на сите диктатури и штом стравот е надминат, не постои тиранин што нема да падне.

Либерални расисти

0

Пред некое време сосема случајно дојдов до видео на јутјуб со наслов “Нема расисти како што се либералните расисти”. Првата мисла ми беше дека ова е уште едно видео на некој конзервативен влогер каде што објаснува колку либералите се глупави и нивните сфаќања за светот се наивни и погрешни. Сепак, му дадов шанса. Го изгледав видеото и сфатив дека ако го пропуштев, ке пропуштев многу важна лекција колку либералите се расисти.

Знам дека изразот “либерален расист” звучи како оксиморон но ке објаснам зошто сметам дека е вистина.

Во последно време, во светот а богами и во Македонија многу често ги слушам зборовите расист и дискриминација. Дури сум забележал дека и јас ги користам се повеќе и повеќе. То можи да го проверите сами. Разгледајте било која дебата за правата на жените, мажите, геј популацијата или било кој проблем што допира до било кое малцинство, какво и да е. Ке забележите дека оние што имаат полиберални сфаќања, знаат често да ги наречат расисти оние поконзервативните.

Мојот одговор кон овие два типа на луѓе е дека и едните и другите се расисти, на некој начин. Конзервативците ги сметам за расисти зашто сметаат дека имаат право да се мешаат во животот на другите луѓе и да им кажуваат како да го живеат својот живот и што да прават со своето тело.  Сличен ми е и одговорот зошто либералите ги сметам за расисти: затоа што сметаат дека ако си припадник на малцинството тогаш ти имаш повеќе права од тие на мнозинството, како некакво извинување  за сите неправди досега. Колку пати досега сте сретнале некаков оглас за вработување или некаков повик за обука, каде пишува дека избраните кандидати ке бидат правично застапени според пол, религија, сексуална ориентација или било што друго. Ова е многу дискриминаторски затоа што во обидот да се биде либерален и да се вклучат сите малцинства, се дискриминира мнозинството. Како? Ке се земам за пример самиот. Јас случајно сум се родил како македонец, стрејт маж и многу други случајни карактеристики. Зошто некој друг да има привилегија заради тоа што припаѓа на некое малцинство, не по свој избор? Нели е тоа малку дискриминаторски кон мене како припадник на мнозинството?

После несреќната 2001 година во Македонија, сите огласи во државните институции содржат дека МОРА 25% од примените кандидати да се албанци. Уште од старт, немам ништо против тоа некој случајно шо се родил како албанец, туку го користам како добар пример за либералната дискриминација. Значи, ако треба да се вработат 100 лица, од нив 75 ке бидат македонци а  25 албанци (Во пресметкава не земам и други фактори како пол, сексуална припадност религија и слично, со цел да ја поедноставам). Доколку според критериумите на огласот, јас како македонец се наоѓам на 76 место на општата листа, иако сум подобар од тие под мене, јас нема да бидам вработен затоа што случајно сум припадник на друга етничка група. Еве и обратен пример. Ако треба да се вработат 75 албанци и 25 македонци, тогаш тие 25 македонци иако подолу на ранг листата, ке се вработат пред други луѓе затоа што случајно се припадници на одредена етничка група.

Можат да зборувам за милион вакви примери каде позитивната дискриминација е ништо друго туку обична, лоша дискриминација.

Можам да набројам еден куп барања на женски организации за правична застапеност на жените во приватниот сектор, политиката и слично. Можам да набројам еден куп барања за малку повисоки права на геј заедницата само затоа што биле малцинство. Можам да зборувам и за тоа дека е многу важен фактор на кој бог му се молите.

Знам дека некој или некоја, би искоментирале на: па добро, ти си маж, македонец, стрејт и за тебе не постои дискриминација па затоа зборуваш вака. Погрешно. Се согласувам дека постојат примери за дискриминација кон жените затоа што се жени, но да не заборавиме дека мажите се жртви на дискриминација. Колку пати сте забележале оглас каде се бараат исклучиво келнерки или пак се издава стан само на студентки? Јас како маж, можам да речам дека сум дискриминиран затоа што сметаат дека како маж не можам да носам пијачки во кафич или дека не знам да чистам. Можам да речам, но не велам, зашто тоа е избор на огласувачот. За пример ете ви го Албафон.

Албафон кога го најави формирањето, најви и дека тоа ке биди оператор само за албанци. Од економска гледна точка, тоа е многу глупаво, зашто избираш само 25% од населението како клиенти а со тоа и намален профит. Некој би рекол со тоа се дискриминираат оние што не се албанци но не и јас. Јас велам дека ако на Албафон не му се вредни моите пари како македонец, тогаш Албафон не е вреден за моите пари. Чиста сметка, долга љубов.

Кога јас би се прашувал, при изборот на апликација за работно место или за учесник на некаква обука, воопшто не би обрнал внимание на тоа кој што има во гаќите(Се извинувам за изразов), со кој е во брак или со кого спие во спална, на кој бог се моли и дали воопшто се моли на некој бог. За мене сите тие случајни карактеристики како етничка припадност, пол,религија, сексуална ориентација и слично се небитни. За мене е битна личноста и колку е таа квалификувана за позицијата за која ми треба. Ако го форсирам едно мнозинство или малцинство само затоа што е мнозинство или малцинство, тогаш не можам да се сметам за бранител на правата на луѓето.

За мене, како и за Ен Ранд, најмалото малцинство е поединецот и квалификуваноста на поединецот треба да е единственото важно нешто при избор.

Треба ли мнозинството да одлучува за правата на малцинството?

0

Пред неколку дена се случи референдум во Хрватска кај шо мнозинството одлучи дека бракот може да биди само меѓу маж и жена. Од што е составено тоа мнозинство? Од образовани и необразовани граѓани, работници и газди. Вработени и невработени. Од што е составено малцинството што изгуби? Од образовани и необразовани граѓани, работници и газди. Вработени и невработени. Двете групи се исти но сепак различни. Исти се затоа што двете групи се создадени од индивидуалци но се различни затоа што индивидуалците што се во поголемата група сметаат дека имаат право да им ги негираат правата на тие што се во помалата група. Правата на некои индивидуалци ги надминуваат правата на некои други. Некој би рекол: па нема ништо погрешно во тоа. Мнозинството одлучи и тоа ке биде така. Тука е грешка. Грешка е што одредени индивидуалци имаат право да им забрануваат права на други. Ке поставам едно прашање: Од каде им е тоа право да одлучуваат за други? Можност знаеме кој им дава, а тоа е државата, но од каде им е тоа право да се мешаат во туѓи животи?

Секој човек (Треба) е сопственик на своето тело, своите пари и своите мисли. Секој човек има право да биде слободен да одлуи сам што ке прави со овие три работи на начин на кој нема да загрози ничија слобода. Повторно се навраќам на референдумот во Хрватска каде очигледно се загрозуваат барем две малку погоре споменатите работи. Со референдумот одредени индивидуалци одлучија дека некои други индивидуалци немаат право на лична слобода да изберат со кого ке спијат во спална или со кого ке стапат во брак. Тоа право им е одземено. Од кого? Првенствено од државата зашто дава можност луѓето да одлучуваат за личната слобода на другите луѓе а потоа и од самите луѓе кои сметаат дека имаат право да се постават себеси над другите луѓе. Со ова се добива впечаток дека сите граѓани се еднакви, нели, сите можат да гласаат на референдум но сепак има поеднакви меѓу еднаквите. Според легитимноста на ова, тогаш, можеби звучи екстремно но броени се деновите кога тоа мнозинство ке одлучи да ги “скрати” за глава тие од малцинството.

Каде е тука слободата? Ја нема. Дали јас како единка треба да го трпам теророт на некои луѓе шо сметаат дека имаат право да ги постават нивните права над моите зашто се во поголемата група? Не, не треба да го трпам, затоа што личната слобода е најважното нешто, или барем треба тоа да биди така. Треба да се стави крај на тоа мнозинството да одлучува за индивидуални права.

Потребно е јас да имам лична слобода да одлучам со кого ке стапам во брак и дали вооптшо ке стапам, дали ке вршам експерименти врз моето тело по сопствеана волја и без присилба, дали ке користам марихуана или не, ке пијам алкохол или не, на што ке ги трошам моите чесно заработени пари итн итн. Во моментов некои од овие права ги имам, но некои не. Некои од овие права се недостапни за некои луѓе, како на пример правото со кого ке стапат во брак. Зошто јас имам право да стапам во брак со жена (Затоа што сум стрејт) а зошто геј мажите немаат право да се оженат со маж? Зошто некоја жена нема право да стапи во брак со друга жена? Јас имам можност, но немам право да одлучувам за нивните животи, без разлика колкаво малцинство се тие. Никој не треба да го има тоа право да одлучува за туѓ живот.

Како што рекла Ен Ранд: најмалото малцинство е поединецот. Тој што не ги брани правата на поединецот, нема право да каже дека ги брани правата на малцинствата.