Wake up Call! Откриено масонското минато на Медо.


Нема твитерџија шо не го следи @medodimoski или пак не слушнал за него. Медо е твитерџија, програмериште, блогер и масон. Да, добро прочитавте. Медо е масон. Медо имаше тајна која ја чуваше долго но јас го разоткрив по тајните пораки во неговите твитови и блог постови.

Деновиве Медо е посебно активен на ТЛ со неговиот блог пост: Здраворазумен Хејтеризам: 4 некул моменти од кул кампањата на Т-Мобиле. На прво читање статијата е сосема нормална и освен тоа што е добро напишана, не е ништо посебно. Но дали е тоа така?

Доказ број 1: Првиот доказ што иницијално ме натера да истражувам за минатото на Медо е тоа што после неговиот блог пост веќе никој не ја хејта лошата мрежа на Вип. Исчезнаа твитовите со хејт кон Вип и сега се хејта Т-мобајл. Некој би рекол, па што, трендовите и хејтањето на твитер брзо се менуваат. Можеби е така но, кога ке ги имате сите работи на едно место вистината ке ви стани поинаква. Продолжете да читате за повеќе информации.

Доказ број 2: Една од карактеристиките на Масоните се нивните тајни знаци, фонтови и азбуки. Медо во неговата статија има еден дел каде што зборува за баш такви фонтови и графики. Цитирам: “…генералниот изглед со нивната заштитна боја, фонтот, графиките и тако даље, некако не можам да ги преболам следние моменти… ” .
Знаци, фонтови, боја. Очигледно има нешто повеќе, скриено за обичниот хејт кон Т-Мобајл.

Доказ број 3: Главна цел на масонската организација е контрола над светот. Контролирање на сите луѓе  и влади во светот. Најголеми пречки во извршување на таа цел се револуциите во светот. Медо во својот блог пост сублиминално сака да не натера да се откажиме од нашите смартфони и контактот со светот. Цитирам: “Значи сум бил во игротека на роденден каде што 5 годишни деца зјапаат во смартфоните наместо да си играат со кловнот.”
Медо со други зборови сака да ни кажи земете им ги телефоните на децата и младите, демек за да си играат. Со други зборови: оставете не нас преку телевизијата да им кажиме против кои влади треба да се прави ревоулиција шо дирекнтно укажува дека Медо е масон и работи на целта за светска доминација!

Доказ број 4: За една масовна хипноза да биди успешна мора во спинувањето да постои уште еден контра-спин со цел тој што чита да биди збунет и да помисли дека тоа што го чита е разумно и да биде фатен во мрежата на хипнозата. Цитирам: Побогу ја имате најдобрата мрежа во Македонија. Имав 3G интернет додека твитав од ВЦ-то на еден бункер од втора светка војна. Факинг искористете го тоа!
Спин во спин. Ги хејта цело време и одеднаш започнува да ги фали со цел да ги збуни народните маси за полесна контрола над нив.

Доказ број 5: претходните докази се гола вода во споредба со ова. Ова што ке го прочитате е директен показател дека Медо има големо влијание во светот. Ако сте твитерџија и го следите Медо, тогаш сигурно сте го виделе хаштагот #МедоГотви. Ако сте биле на интернет последниве месец дена, тогаш сте слушнале за срањето шо се дешава во Турција за рушење на владата.
Што е поврзаноста? На ден 8 Јуни 2013 година, Медо го твитна ова:

medo1

На истиот ден во Турција почнуваат големи немири меѓу полицијата и демонстрантите кои резултираат со многу повредени и мртви. Немири кои траат до ден денес.

medo2

За какво готвење зборува Медо?

Еве го и ова:

medo 3

На истиот датум во Англија се случуваат големи протести против муслиманите за убиството на британскиот војник.

Чудно ама вистинито. Секогаш кога Медо готви, некаде во светот започнуваат протести.

Сигурни сте дека кога Медо зборува за готвење мисли на храна а не на рушење на владите кои сеуште пружат отпор кон Масоните? Нека не ве залажуваат сликите на Инстаграм, позадината на неговите твитови и блог постови е сосема друга. Медо е член на озлогласената организација масони кои сакаат светска доминација. Луѓе отворете ги очите и препознајте ги ваквите луѓе окулу вас.

Во следниот дел ке читате за тоа: Медо е член на твитер групата Влијателни. Кои други Влијателни се масони?

Advertisements

One thought on “Wake up Call! Откриено масонското минато на Медо.

  1. Вака како што читам, добри анализи си направил, добри поврзувања на настаните… Ама за жал целата анализа ти паѓа во вода, затоа што имаш многу неточни податоци (овде не зборувам за Медо туку за работи кои што ги имаш изнесено за Масоните, а се целосни невистини). Како прво не го ни следам Медо, за да можам да коментирам за него. А ова за Масоните што го имаш изнесено се “работи кои што сите ги знаат” но се целосни невистини!

    Еве мала помош: Прочитај ја книгата “Масонски мозаик” од првиот човек во македонската Масонерија, Големиот Мајстор во Македонската Голема Ложа, господинот Живко Груевски. После тоа многу работи ќе ти станат појасни.

    Like

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s