(Не)просветлено образование


Протести, “протести” и Контра-протести. Мирни и не толку мирни. Традицијата во која сме најдобри продолжува. Последните неколку денови средношколците протестираат против екстерното тестирање на крај на годината. Немам намера да ги бранам средношколците како тие се жртвите во овој случај зашто многу од нив не ги имаат заслужено оцените што ги добиваат во текот на годината и нема да го бранам министерството за образование за овој, за мене, смешен проект.

Сосема е во ред идејата, министерството за образование преку тестови, истражувања, работилници и инспекции да се труди да ја дознае вистинската состојба за образовниот и педагошкиот систем во Македонија, но во случајот со екстерното тестирање лаат под погрешно дрво. Желбата да се дознае нивото на знаење кое се пренесува од професори на ученици и со тоа да се провери колку учениците вистински знаат и каква е работата на професорите се извршува на тотално погрешен начин. Лично сметам дека знаењето кое учениците ке го добијат целосно зависи од професорот и начинот на кој тоа знаење ке го пренеси. учениците ке примат онолку знаење колку што професорот поседува и е спремен да пренесе. А најдобар начин да се дознае кое е тоа ниво е исклучиво со тестирање на професорот. Не на ученикот туку на професорот. Никако поинаку. Треба многу да се внимава со изборот на професори и наставници кои се вработуваат во средните училиште, зашто средното е многу битен дел од развојот на една млада личност и високото образование од кое зависи професионалното ниво на сега веќе една зрела личност. Но, најбитно од се е изборот на наставниците и воспитувачите во градинките и основните школи. Тука е најважниот момент во развитокот на едно дете. Од воспитувачите и наставниците тука зависи дали детето ке развие глад за знаење и љубопитност или ке стани уште едно пиунче на образовниот систем и ке учи механички, без љубопитност, желба за знаење и критичко размислување.

Сите ја знаеме катастрофалната состојба во која се наоѓа македонскиот образовен систем. Секојдневни се приказните за партиски вработувања на неквалитетен кадар, за мито и корупција, за лошите образовни програми и катастрофално лошите учебници. Верувам дека ова го знаат и од Министерството за образование и наука но сеуште не сакаат или немаат механизам да се борат против оваа појава која длабоко ги разорува темелите на граѓанството и образовниот систем.

Пред некое време слушнав приказна за воспитувачка во некоја градинка која додека работела со децата во работно време правела фотографии. Би рекол дека во модерно време е сосема добро да се овековечат некои такви моменти, се додека не разбрав дека сликите ги поставувала на ФБ и ги тагнувала децата. Сакав да пршам, зошто толку мали деца имаат фејсбук профили иако тоа е забрането и од фејсбук и со кој памет воспитувачката ги поставувала сликите на Фејсбук? Со тоа, намерно или ненамерно воопшто не е битно, таа им пренесила знаење дека она што го прават ке оди на фејсбук. Во главите на малите деца се создава една слика дека Фејсбук е исто како дом, можат да напишат и кажат се што сакаат или да објават било каква слика. Тука штетата е веќе направена и е потребно многу труд и време да се исправи грешката.

Катастрофално лошите учебници полни со грешки се само уште еден пример за тоа колку нефункционира македонскиот образовен систем. Се обидувам да се сетам барем на еден позитивен пример каде нечиј учебник бил пофален и признаен како квалитетен од научната јавност во Македонија наспроти еден куп примери на учебници кои ги учат децата на тотално погрешни и смешни работи. Најстрашно е тоа што овие учебници се издадени од министерството за образование и наука, од професори одобрени од министерството и рецензирани од исто така професори од министерството за образование. Кога ке се погледне овој тек на настани и како учебникот , после толку “тестирања” стигнал на училишните клупи, во рацете на децата, ке сфатите дека некој не си ја работи работата.
За жал имаме и голем број на случаи со професори-педофили. Жални и грозоморни случаи од кои ми се ежи кожата кога да помислам на нив. Случаи кои можеби можеа да се спречат со психолошки тестови на професорите.

Тука доаѓам до мојот заклучок. Ако МОН сакаат вистински да ја дознаат состојбата во македонското образование тогаш наместо смешното екстерно тестирање, нека ги тестираат професорите преку стручни, психолошки или тестови за интелегенција, барем една на 2 или 3 години како во сите нормални држави во Европа и светот. Преку психолошките тестови ке се дознае карактерот на професорот а преку стручните ке се види дали образованието на професорот застанало во моментот кога тој или таа дипломирал/а а кој од професорите се дообучувал и едуцирал за новите истражувања и експерименти од областа која ја предава. 

Нека таквите тестови станат причина за изборот на наставниот кадар а не партиските книшки, ако сакаме здрава нација. 

Само така може да се добие здрава нација а не преку имањето на 3 или повеќе деца зашто како што прочитав еден добар твит овие денови-“Ако има регистар на педофили, тогаш нека има и регистар на професори-ашљаци зашто е исто дали некој ке ми го ебе детето физички или ментално”

Вистински жално е на 24 Мај, денот на просветителите Кирил и Методиј, да се бориме со ваквите проблеми во образованието. Потребна е акција, и тоа веднаш.

Maktel.mk

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s