Wake up Call! Откриено масонското минато на Медо.

1

Нема твитерџија шо не го следи @medodimoski или пак не слушнал за него. Медо е твитерџија, програмериште, блогер и масон. Да, добро прочитавте. Медо е масон. Медо имаше тајна која ја чуваше долго но јас го разоткрив по тајните пораки во неговите твитови и блог постови.

Деновиве Медо е посебно активен на ТЛ со неговиот блог пост: Здраворазумен Хејтеризам: 4 некул моменти од кул кампањата на Т-Мобиле. На прво читање статијата е сосема нормална и освен тоа што е добро напишана, не е ништо посебно. Но дали е тоа така?

Доказ број 1: Првиот доказ што иницијално ме натера да истражувам за минатото на Медо е тоа што после неговиот блог пост веќе никој не ја хејта лошата мрежа на Вип. Исчезнаа твитовите со хејт кон Вип и сега се хејта Т-мобајл. Некој би рекол, па што, трендовите и хејтањето на твитер брзо се менуваат. Можеби е така но, кога ке ги имате сите работи на едно место вистината ке ви стани поинаква. Продолжете да читате за повеќе информации.

Доказ број 2: Една од карактеристиките на Масоните се нивните тајни знаци, фонтови и азбуки. Медо во неговата статија има еден дел каде што зборува за баш такви фонтови и графики. Цитирам: “…генералниот изглед со нивната заштитна боја, фонтот, графиките и тако даље, некако не можам да ги преболам следние моменти… ” .
Знаци, фонтови, боја. Очигледно има нешто повеќе, скриено за обичниот хејт кон Т-Мобајл.

Доказ број 3: Главна цел на масонската организација е контрола над светот. Контролирање на сите луѓе  и влади во светот. Најголеми пречки во извршување на таа цел се револуциите во светот. Медо во својот блог пост сублиминално сака да не натера да се откажиме од нашите смартфони и контактот со светот. Цитирам: “Значи сум бил во игротека на роденден каде што 5 годишни деца зјапаат во смартфоните наместо да си играат со кловнот.”
Медо со други зборови сака да ни кажи земете им ги телефоните на децата и младите, демек за да си играат. Со други зборови: оставете не нас преку телевизијата да им кажиме против кои влади треба да се прави ревоулиција шо дирекнтно укажува дека Медо е масон и работи на целта за светска доминација!

Доказ број 4: За една масовна хипноза да биди успешна мора во спинувањето да постои уште еден контра-спин со цел тој што чита да биди збунет и да помисли дека тоа што го чита е разумно и да биде фатен во мрежата на хипнозата. Цитирам: Побогу ја имате најдобрата мрежа во Македонија. Имав 3G интернет додека твитав од ВЦ-то на еден бункер од втора светка војна. Факинг искористете го тоа!
Спин во спин. Ги хејта цело време и одеднаш започнува да ги фали со цел да ги збуни народните маси за полесна контрола над нив.

Доказ број 5: претходните докази се гола вода во споредба со ова. Ова што ке го прочитате е директен показател дека Медо има големо влијание во светот. Ако сте твитерџија и го следите Медо, тогаш сигурно сте го виделе хаштагот #МедоГотви. Ако сте биле на интернет последниве месец дена, тогаш сте слушнале за срањето шо се дешава во Турција за рушење на владата.
Што е поврзаноста? На ден 8 Јуни 2013 година, Медо го твитна ова:

medo1

На истиот ден во Турција почнуваат големи немири меѓу полицијата и демонстрантите кои резултираат со многу повредени и мртви. Немири кои траат до ден денес.

medo2

За какво готвење зборува Медо?

Еве го и ова:

medo 3

На истиот датум во Англија се случуваат големи протести против муслиманите за убиството на британскиот војник.

Чудно ама вистинито. Секогаш кога Медо готви, некаде во светот започнуваат протести.

Сигурни сте дека кога Медо зборува за готвење мисли на храна а не на рушење на владите кои сеуште пружат отпор кон Масоните? Нека не ве залажуваат сликите на Инстаграм, позадината на неговите твитови и блог постови е сосема друга. Медо е член на озлогласената организација масони кои сакаат светска доминација. Луѓе отворете ги очите и препознајте ги ваквите луѓе окулу вас.

Во следниот дел ке читате за тоа: Медо е член на твитер групата Влијателни. Кои други Влијателни се масони?

Advertisements

(Не)просветлено образование

0

Протести, “протести” и Контра-протести. Мирни и не толку мирни. Традицијата во која сме најдобри продолжува. Последните неколку денови средношколците протестираат против екстерното тестирање на крај на годината. Немам намера да ги бранам средношколците како тие се жртвите во овој случај зашто многу од нив не ги имаат заслужено оцените што ги добиваат во текот на годината и нема да го бранам министерството за образование за овој, за мене, смешен проект.

Сосема е во ред идејата, министерството за образование преку тестови, истражувања, работилници и инспекции да се труди да ја дознае вистинската состојба за образовниот и педагошкиот систем во Македонија, но во случајот со екстерното тестирање лаат под погрешно дрво. Желбата да се дознае нивото на знаење кое се пренесува од професори на ученици и со тоа да се провери колку учениците вистински знаат и каква е работата на професорите се извршува на тотално погрешен начин. Лично сметам дека знаењето кое учениците ке го добијат целосно зависи од професорот и начинот на кој тоа знаење ке го пренеси. учениците ке примат онолку знаење колку што професорот поседува и е спремен да пренесе. А најдобар начин да се дознае кое е тоа ниво е исклучиво со тестирање на професорот. Не на ученикот туку на професорот. Никако поинаку. Треба многу да се внимава со изборот на професори и наставници кои се вработуваат во средните училиште, зашто средното е многу битен дел од развојот на една млада личност и високото образование од кое зависи професионалното ниво на сега веќе една зрела личност. Но, најбитно од се е изборот на наставниците и воспитувачите во градинките и основните школи. Тука е најважниот момент во развитокот на едно дете. Од воспитувачите и наставниците тука зависи дали детето ке развие глад за знаење и љубопитност или ке стани уште едно пиунче на образовниот систем и ке учи механички, без љубопитност, желба за знаење и критичко размислување.

Сите ја знаеме катастрофалната состојба во која се наоѓа македонскиот образовен систем. Секојдневни се приказните за партиски вработувања на неквалитетен кадар, за мито и корупција, за лошите образовни програми и катастрофално лошите учебници. Верувам дека ова го знаат и од Министерството за образование и наука но сеуште не сакаат или немаат механизам да се борат против оваа појава која длабоко ги разорува темелите на граѓанството и образовниот систем.

Пред некое време слушнав приказна за воспитувачка во некоја градинка која додека работела со децата во работно време правела фотографии. Би рекол дека во модерно време е сосема добро да се овековечат некои такви моменти, се додека не разбрав дека сликите ги поставувала на ФБ и ги тагнувала децата. Сакав да пршам, зошто толку мали деца имаат фејсбук профили иако тоа е забрането и од фејсбук и со кој памет воспитувачката ги поставувала сликите на Фејсбук? Со тоа, намерно или ненамерно воопшто не е битно, таа им пренесила знаење дека она што го прават ке оди на фејсбук. Во главите на малите деца се создава една слика дека Фејсбук е исто како дом, можат да напишат и кажат се што сакаат или да објават било каква слика. Тука штетата е веќе направена и е потребно многу труд и време да се исправи грешката.

Катастрофално лошите учебници полни со грешки се само уште еден пример за тоа колку нефункционира македонскиот образовен систем. Се обидувам да се сетам барем на еден позитивен пример каде нечиј учебник бил пофален и признаен како квалитетен од научната јавност во Македонија наспроти еден куп примери на учебници кои ги учат децата на тотално погрешни и смешни работи. Најстрашно е тоа што овие учебници се издадени од министерството за образование и наука, од професори одобрени од министерството и рецензирани од исто така професори од министерството за образование. Кога ке се погледне овој тек на настани и како учебникот , после толку “тестирања” стигнал на училишните клупи, во рацете на децата, ке сфатите дека некој не си ја работи работата.
За жал имаме и голем број на случаи со професори-педофили. Жални и грозоморни случаи од кои ми се ежи кожата кога да помислам на нив. Случаи кои можеби можеа да се спречат со психолошки тестови на професорите.

Тука доаѓам до мојот заклучок. Ако МОН сакаат вистински да ја дознаат состојбата во македонското образование тогаш наместо смешното екстерно тестирање, нека ги тестираат професорите преку стручни, психолошки или тестови за интелегенција, барем една на 2 или 3 години како во сите нормални држави во Европа и светот. Преку психолошките тестови ке се дознае карактерот на професорот а преку стручните ке се види дали образованието на професорот застанало во моментот кога тој или таа дипломирал/а а кој од професорите се дообучувал и едуцирал за новите истражувања и експерименти од областа која ја предава. 

Нека таквите тестови станат причина за изборот на наставниот кадар а не партиските книшки, ако сакаме здрава нација. 

Само така може да се добие здрава нација а не преку имањето на 3 или повеќе деца зашто како што прочитав еден добар твит овие денови-“Ако има регистар на педофили, тогаш нека има и регистар на професори-ашљаци зашто е исто дали некој ке ми го ебе детето физички или ментално”

Вистински жално е на 24 Мај, денот на просветителите Кирил и Методиј, да се бориме со ваквите проблеми во образованието. Потребна е акција, и тоа веднаш.

Maktel.mk