Вратете ми ја слободата!


Кога ја напишав последната колумна, меѓу сите тие шерувања и коментари, пофалби и навреди(имаше и такви за жал), добив една интересна критика.

Критиката беше дека ние го креираме општеството.

Иако на прв поглед изгледа точно сепак не е. Општеството е креирано од луѓето. Луѓе кои се премногу исплашени да побегнат кон нешто ново, да направата нешто различно, да побегнат од зацртаниот тек на нивните животи. Луѓето стануваат роботи со загубени погледи, тажни насмевки и наведнати глави изгубени во сивилото на бетонот, каменот и бронѕата.

Стравот всаден во срцата на луѓето, стравот од непознатото, создаде мачно,празно на моменти и сиво општество кое прерасна во еден огромен џин кој се храни со нашите сеќавања. Ги нагризува нашите спомени и ги фрла настрана. Станавме робови на општеството кое го создадовме. Кое го создадовме за не уништи. Да уништи се шо е добро во нас.

Наместо општеството да ни служи како платформа за напредок и слобода ни стана мачилиште.
Мачилиште без никаква слобода. Без слобода да запалиш цигара, да пиеш пиво на улица, луѓето да не те гледаат чудно ако си облечен поинаку, ако носиш различна капа од нив или различни наочари.

Сакам да ми ја вратите слободата!!

Сакам да живеам во слободно општество кај шо луѓето ке ја ценат креативноста и занењето, кај шо нема да се плашам дека ке завршам во станица секогаш кога ке облечам маица со Боб Марли или ке носам раста капа. Сакам да живеам во општество кај шо ке можам да го учам тоа што го сакам, кај шо ке можам да се прошетам каде сакам без разлика на чија “страна” од Вардар се наоѓа тоа.

Прекините да не учите да живееме во страв дека Шиптарите ке ја земеле државата и дека Каурите били глупи идиоти. За мене сите тие поделби на шиптари и каури се глупи ко кур. Сите тие поделби нема да во однесат никаде. Само ке ве затворат во себе. Ке станите празни без емоции. Во вас ке царува стравот.

Стравот е најмоќното оружје. Пострашно и од сите нуклеарни оружја што се чуваат во подрумите на воените бази ширум светот.

Фала ви што не научивте нас младите да се плашиме. Тоа е доказ дека ке имаме “светла иднина”.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s