Мамето и го ЕБАВМЕ на Македонија!!


Јас со детска невиност и моќ
ти во кома од отрови и магли.
Груба игра, немам адут
имам среќа, немам пари.
Ти си скапа

се глумиш слатка и сјајна.

 

Никогаш не сум анализирал нечии стихови ама слушајќи ја песнава со чашка рум и запалена цигара што ми чади во лице се препознав во стихофиве и едноставно, морав да ги споделам, иако знам дека сте ги слушнале па нема да ви откријам топла вода. Поточно го препознав нашето општество, она што директно и индиректно влијае на нас.

Ние, невини како деца кои штотуку почнале да го осознаваат светот окулу нас во одсуство на креативност, бевме соочени со напад на кичот и шундот. Бевме нападнати од купишта камења и бронѕа на плоштадот. Камења и бронѕа која позеленува и станува симбол на мочуриштето што се создава во нас како се повеќе и повеќе сфаќаме дека можевме да го спречиме тоа, дека можевме да се избориме за нешто поубаво, по футиристично и по визионерски. Знаевме дека можевме да избереме погледн кон иднината, која колку и да не плаши бидејќи е непозната е сепак подобра од минатото кој знаеме што создаде.

Бевме нападнати и од сериите кои за нас живот значат сега. Ги избравме нив за да не одгледаат нас, да ги одледуваат идните генерации, да ги релаксираат постарите. Паднавме на ефтината пропаганда. Па да му ебам мајката, како можевме? како дозволивме? 

Паднавме во кома на нивната груба игра со отрови за да не уништат. Да ни ја уништат мислата за нас, да ни ја уништат креативноста, да ни докажат дека не треба да се грижиме за нас и дека ТИЕ се секогаш тука за нас. Се принудивме себеси за да сфатиме дека тие знаат шо ни треба нас а не ние самите.

Успеаја се направат. Успеаја да создадат гладна нација која тивко е хранета со евтин национализам. Омраза за доручек, рушек и вечера. И неколку пати ужинка помеѓу оброци. Пропратено со национализам како пијалак, а десертот се знае: национализам со цреша на врвот. А парите? заборавивме да прашаме каде се НАШИТЕ пари? во чиј џеб?

Слободата е скапа а изгледа слатка и сјајна. Тешко се заработува ама уште потешко се задржува. А ние одамна почнавме да ја губиме. Лека полека. Кога ке се појавеше барем мала искра дека некој се бори таа слобода да живеенекаде, барем малку, “вишата сила” ке го наградеше со сообраќајка или нешто така.

ЗА МАКЕДОНИЈА!!! 

мамето и го ЕБАВМЕ на Македонија!!

П.С. простете за глупите и неповрзани мисли ама морав некаде да го истурам гневот, алкохолот што врие во мене и цигарата што ми чади во очи..

 

 

Leave a comment