Каде ни се младоста и бунтовноста?

0

Ако сакате да ја откриете вистинската причина за проблемот со економијата, слабиот граѓански активизам, партизираноста, национализмот и уште еден мал милион проблеми што го мачат нашето оштество тогаш мора едно да се запрашате: кој одгледа генерација која заборави на храброста, заборави да мисли критички, да ги брани своите права, да сочувствува со колегата/комшијата/другарчето? Кој создаде генерација на млади, а и не толку млади, луѓе кои станаат само партиски полтрони, способни само да пцујат по оние од другата страна, да лепат плакати и слепо да гледаат во својот идол да не речам партиски лидер?

Вие создадовте. Вие, нашите родители. Вие создадовте ваква генерација зашто не израстивте по принципот: молчењето е злато. Вие не натеравте да не мислиме со своја глава туку да се движиме по линијата на помал отпор, станувајќи дел од некоја партија и претопувајќи се во сивата маса на безрбетници.

Не научивте да молчиме секогаш кога ќе ви се пожалевме дека имаме проблеми на школо со некој наставник или професор, секогаш кога ке имавме проблеми со некого. Не научивте да заборавиме на храброста. Не научивте да молчиме со цел да не навредиме некого со нашето критичко размислување и така создадовте лицемерна маса народ. Што е уште пострашно понекогаш не советувавте да се приклучиме во некоја партија со цел кога ке завршиме да можиме полесно да се вработиме наместо да ни кажите да се бориме против партизираноста, да се бориме за слобода.

Се огледувавме на вас секогаш кога ке се почувствувавте репесирани од владата а не се буневте за тоа. Затоа и станавме вакви.

Не научивте на вашите конзервативни сфаќање, да не ги прифатиме оние што се различни од нас. Не воспитавте прво да ги согледаме разликите меѓу нас а не сличностите и според тоа да расудуваме.

Така сте биле и вие воспитани во едно друго време каде молчењето вистински било злато, каде пристапот до информации бил многу ограничен, кога партијата била и мајка и татко и фамилија, кога патискиот лидер значел цел свет за вас. Тоа сте го знаеле и нас не научивте на тоа. Создадовте изгубена генерација на партиски војничина и голема група на разочарани млади кои сакаат да ги напуштат своите домови и да одат да го вадат лебот некаде на друго место.
Но без разлика на се, некако и не ве обвинувам само вас. Ја обвинувам мојата генерација која заборави да се едуцира и понуди нешто ново. Нешто слободарско а не конзервативно.

Затоа не сум изненаден од тоа дека само една рака студенти сакаат да променат нешто во образовниот систем, што сакаат виситнско вреднување на нивната интелегенција,стоп на партизираноста и конечно вистинско студентско организирање за разлика од партиската СПУКМ и националистичките протести под закрилата на ДПМНЕ во 1997 година.

Не сум изненаден ни од тоа дека партиите се навлезени во сите области. Каде и да се завртиш мафтаат луѓе со партиски знамиња и партиски книшки. Партиската книшка стана основен предуслов за живот. Се вративме на она комунистичкото каде партијата и лидерот се мајка, татко и фамилија.

Не сум изненаден од играњето курташак на владата со грѓаните. Уништувајќи ги финансиски а хранејќи ги со национализам и верска омраза.

За крај ке ве запрашам: каде ни се младоста и бунтовноста? Ги продадовме ли за обично парче хартија кое се вика партиска книшка?

Сепак мислам дека има надеж за нас свесните за себе и критички настроените кон конзервативното општество кое не гуши. Има надеж, само ако во меѓувреме не добиеме уште некој шамар од ова проклето општество.

Maktel.mk објавено на 29.03,2013

Advertisements