Македонија земја на младите и други легенди


Македонија каква што е премногу потсетува на Монти Пајтон креација. Сите работи си ги фаќаме од позади. Блазе им на хомосексуалците (без навреда ке ве молам) се од позади работиме.

Нашата влада, пардон владата на ВМРО ДПМНЕ во својата политика за млади која надолго и на широко ја промовираше во својот Money-fest на предходните изборите има сериозна грешка. Додека во цел свет за млади лица се сметаат од 15 до 27 години кај нас млади лица се 65+ годишните граѓани. Или бар само така изгледа.

Константното обезбедување се подобри и подобри услови за пензионерите во оваа наша Монти Пајтон република сериозно ме става мене како и мал милион млади во мисла за напуштање на државата, формирање семејство и заработување за живот некаде надвор.Зошто е тоа така?

Еве зошто. Ке ви ја раскажам мојата приказна. Јас сум студент од внатрешноста што живее и студира во Скопје. Студент сум на ФЕИТ. За неколку години се надевам ќе бидам електро инженер. После тоа во едната рака дипломата а во другата пасошот и правец на аеродром. Зошто би заминал од државава? Затоа што неможам да ги гледам и поднесам нештава во оваа држава. Еве погледнете ги студентските домови. Таму условите се далеку од лоши. Полоши се. Катастрофа. Студентските домови во Скопје се место на кое нормален човек во нормална држава не би пуштил ни свињи да живеат а не млади луѓе, интелектуалци кои се иднина на државата. Расипани тушеви, смрдливи вециња, гнасна храна, ладни соби, прекини на струја, прекини на парно греење. Сето тоа е наше секојдневие. И за сето тоа плаќам 3200 денари месечно. Плус оние 300 денари за интернет кој сами си го плаќаме.

Настрана од условите во студентските домови,поради одалеченоста на мојот факултет од студентскиот дом, приморан сум да користам градски превоз за кој плаќам 1050 денари месечено. фала богу што автобусите се нови инаку немаше да се издржи “битката ” со пензионерите секој вторник и петок. Поново и сабота.

Најнова олеснителна околност за првиот ред на граѓани – пензионерите е тоа што примателите на пониски пензии добиле бесплатно здравство. Одлично. Значи да сумираме досега: пензионерите добиваат три дена бесплатен јавен превоз, бесплатно здравство и уште еден куп други поволности наспроти поволностите на студентите кои им ги овозможи владата а тие се :

1.
2.
3.

Факт на денот: Студентите немаат никакви поволности, си плаќаат да живеат во мизерни услови, плаќаат здравство, плаќаат градски превоз, плаќаат за образованиеето (еден куп пари за учебници, скрипти и практикуми) а немаат приходи од никаде. И уште поголем проблем е тоа што никој ама баш никој задолжен за овие проблеми не се интересира како да се надминат овие проблеми. Никој, ниту СПУКМ не се интересира како овие проблеми да станат минато, како студентите да станат авангардата во државата?

Корумпираноста и незаинтересираноста на СПУКМ се повеќе и повеќе доведува до апатичност на студентите и ја зголемува желбата еден ден сите млади да си одиме од државава и на владава да и останат само пензионери со кои ке владее..
Тоа е легендата дека младите се иднината на Македонија а сега да ви раскажам за Дедо Мраз …

 

пишувано за Мактел.мк – — – 17-01-2013

2 thoughts on “Македонија земја на младите и други легенди

  1. Многу добар и реален текст! Инаку, не е дека никој не се замара со овие проблеми. Ако си заинтересиран, контактирај ме на: annvont@live.com

    Like

  2. Се сложувам дека владата ги боли таквото за нас студентите. Пиоритетна таргет група му се пензионерите, оти, па се негде петтина од вкупната популација, а тоа е негде третина од оние со право на глас. Ајде да одземем албанците пензионери па би имале негде 300к пензионери кој го обожават Николче дека им дал нив 100 денари плус, а вниците… абе кој ги еби внуците пензионерите се иднината на македонија. Зборот ми е, кај пензионерите инвестицијата е многу помала и бидејки малце се заостанати со времето и „излапени“, земаат здраво за готово само тоа што ќе му се сервира.

    Кога сме кај студентските домови, 3200 денари е многу малку. Колку да е и мизерно малку е. Да земеме еден стан, 200 евра месечно (3ца ќе плаќата) ама кога ќе се обери парно, струја, вода еве ти по 120-130 евра по студент. Додај јадење и комотно имаш 200 евра месечно само за основни потреби. Е сега ти плаќаш 50 евра, а некој 200 евра. Па да ти кажам за да влезиш во студентски дом потрени ти се врски.

    И јас сум за нов студентски дом, место сите оние споменици, комотно ќе можеше да се подигни студентски комплекс со 2-3 згради.

    TL;DR
    Пензионерите се приоритет дека се глупи. Ти треба 200 евра да живееш во стан во Скопје. Спомениците смрдат појке од сегашните домови.

    Like

Leave a comment