Религија и Атеизам


Религија и атеизам. Вечната борба на верувањето дека замисленото другарче на небото постои и здравиот разум. После малку повеќе од недела дена од масакрот во Њутон, Конектикат, САД каде беа убиени 20 деца и 6 наставници од рацете на еден  МЕНТАЛНО пореметен човек,слушнав една од најголемите бљувоштини во 21 век. Според некој, најверојатно самопрогласен, експерт во САД  таквите масакри се случувале зашто, пази сега, луѓето ја изгубиле верата и правеле лоши работи. Нешто во стилот на Венко Андоновски во неговата колумна во Април оваа година каде после убиствата во Смиљковци жестоко со целата артилерија што ја имаше ги нападна aтеистите велејќи дека тие се виновни за сите лоши работи што се случуваат. Само aтеист може да направи такво лошо дело(според него).

Нешто во тој стил слушнав сношти на дебатниот настан aргумент од професорот Ферид Мухиќ. Тој  исто така во своето излагање спомна дека Атеисите се луѓе без срце и душа  и се желни за крв и насилства. Ги спомна Француската  и Бољшевичката револуција како свои аргументи дека Атеизмот е лош и дека само религијата може да го унапреди општеството. Почитувани професори,Мухиќ и Андоновски, Џон Ленон беше Атеист па никогаш не видов да има говор на омраза, да мрази некого.Напротив тој ширеше љубов и мир преку својата музика иако беше Атеист.Неверојатно нели? Атесит а проповеда мир и љубов? Немогуче..

Искрено не можам да сфатам, според она како јас ги перцепирам работите, како може  двајца такви интелектулаци како Андоновски и Мухиќ да веруваат дека постои замислено другарче на небото. Не можам да сфатам како мислат дека религијата може да го унапреди човештвото и проповеда мир и љубов а ЗНАМ дека едни од најголемите масакри во историјата на човештвото се случиле во име на религијата  и тоа директно поддржани од првите верници во хиерархијата на организираните религии. Масакри директно поврзани со оние кои седат највисоко на престолот и директно разговараат со другарчето на небото.

Знам дека имало милиони жртви на страната на неверниците од рацете на крстносците кои имале за задача дадена од бог да го исчистат светот од неверници. И сето тоа во име на љубовта и мирот што го проповеда религијата.Инквизицијата е уште еден пример за тоа. Жртви на таа инквизиција биле едни од најголемите умови во историјата заслужни за основите на многу научни откритија што ги имаме сега, научници како  Јан Хус, Џордано Бруно и многу други. Самиот Галилео Галилеј бил жртва на  божјата рака  управувана од џелатот а по наредба на папата затоа што кажал: Сепак се врти.  Светата војна или џихадот што го имаме во муслиманскиот свет кон западното општество. Во името на алах -извикува носејќи на себе бомби и разнесувајќи се окулу се. Не ретко цели на таквите напади се и пазари, игралишта и училишта.Не ретко жртви на таквите самоубијци се  и ДЕЦА. Кога сме веќе кај децата, не е мал бројот на деца сексулано злоставувани од божјите слуги на земјата во католичката црква.Најлошо во се во овие слуачи со децата е тоа што црквата ги крие извршителите овозможувајќи им повторно да го сторат тоа.

Ова се само мал дел од примерите за злоуотребата на религијата.Тука можам да набројам уште милион причини и настани директно злоупотребени од религиите.Протестите и немирите проследени во Египед, тепањето на хриситјаните во блискиот исток, малтретирањето и секогаш со префикс сомнителни лица во западниот свет на мусиманите, говорите на поглаварите на ИВЗ и МПЦ во Македонија.Едниот се меша директно во политика а другиот дека господ зацртал сите лабанци да живеат во една држава. Или како шо би рекол големиот ЏорџКарлин: Религијата е Мејџор Лиг, биг тајм БУЛШИТ!!!

Друг проблем со религијата е тоа што не трпи критика. религијата е конзерватива организација која не сака многу многу да се чепка ида се отвара сомнеж.Едноставно не сакаат да прашувате ид а учите. Сакаат само да заборавите на сите лоши работи направени во име на таа религија, Религиите во светот кои иако не се  регистрирани како трговски друштва имаат неверојатно голем протокот на пари, пари непријавени за данок.
Религијата никогаш, според оваа поставеност што ја има сега во светот ,никогаш нема да го унапреди општеството туку само ке го уназади.
Заради мрачниот среден век создаден од раката на религијата денес сите сме жртви.Голем број на интелектуалци и големи умови  беа ликвидирани во име на религиите и сме жртви на стагнирање на технолгијата тогаш.Замислете до кај ке бевме сега стигнати ако Галилеј не беше убиен и многу такви како него..

Не ме сфаќајте погрешно, немам против во тоа, некој да верува во нешто.Како што јас ја сакам слободата , така и ја дозволувам.Не велам дека сите верници се согласуваат со ваквите страшни настани во име на религијата туку дека еднаш засекогаш, христијанството исламот и сите други религии мора да расчистат со минатото и вистински да почнат да шират мир и љубов..

За крај ке завршам со реченица на професорката Биљана Ванковска: Јас немам проблем со вашиот бог кој е семоќно и севишно суштество, имам проблем со неговите слуги на земјата и со тоа што вие не ми давате слобода да одберам да сум атеист.

Пишувано за Мактел.мк – — –  21-12-2012

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s