Жална Македонија


“Подобро да умреш во борба за слобода отколку да бидеш роб за целиот живот.” – Боб Марли

Долгогодишниот и вековен сон за слободна Македонија на нашите предци пред 22 години стана вистина. Стана реалност. Конечно можевме да се пофалиме дека живееме во наша сопствена и слободна држава. Само се прашувам Дали ова беше сонот на сите  што го дале животот за Македонија? Дали ова е македонија што тие ја сонуваја а ние ја живееме?

Не, ова не може да биде земјата која Гоце Делчев, Даме Груев, Сaндански и другите ја сонувале. Ова не може да биде Македонија на Ченто, Стив Наумов на славните партизански одреди. Ова денес не е таа Македонија за која гинеа македонските војници во 2001 кога ја бранеа татковината од  терористи.

Секоја генерација со своја битка. Ама некако многу битки во последно време. Многу битки но се иста цел. За слобода. Слобода  која ја изгубивме во оној момент кога дозволивме оваа држава да падни во рацете на луѓе кои сосптвениот џеб има повисок приоритет од земјата и народот. Ја загубивме слободата да кажиме јавно дека сме против константното задолжување на Македонија и осиромашување на овој народ. Ја загубивме слободата за протест.
Пред некој ден ја загубивме демократијата. Ја закопавме најдлабоко што може. Ја закопавме кога дозволивме  да бидат прекршени деловникот на собранието на РМ и  Уставот на Република Македонија. Со незаконското донесување на буџетот а со тоа и кршење на  Уставот демократијата во Македонија престана да постои. Со тепањето на Пратениците во собранието кои во одбрана на честа и светоста на Уставот го блокираа собранието ни покажаа што ни мислат и што заслужуваме.

Слободата на говор во Македонија замина во историјата како едно сеќавање за некое време кога си можел да кажиш свое мислење, да прочиташ и видиш нештто спротивно од она што го пропагира македонскиот Гебелс и неговата пропагандна машинерија. Ќе останат во сеќавање телевизиите А1 и А2, весниците Време,Шпиц и други. Ке останат во сеќавање критички настроените блогови кои по наредба на МВР беа избришани и замолчени. Ја загубивме и иднината. Сега нашата држава е сама. Сама како јагне сред шума без никој да ја заштити. Не можеме ни сами да се заштитиме. После се што се случува со бранителите од 2001 неможам да сфатам кој доброволно ке застане и ке ја брани државава. Јас нема да го сторам тоа.

Простете ми, јас ја сакам татковината ама нема да си го ризикувам животот за  најгласните патриоти кои тогаш најверојатно ке бидат најтивките во некои подруми, или надвор од државава. Нема да ризикувам да ми случи нешто и потоа моите родители да бидат малтретирани и тиа да плаќаат оштета на државата заради тоа што јас сум ја бранел од терористи.Нема да го дозволам тоа.Нема да дозволам на родителите на бранителите од 2001 да им се бара оштета додека командантите на УЧК сега се министри.

Овие денови загубивме се, и слобода, и демократија, слобода на говор и иднината. Изгубивме се но не и вољата да живот. Нема да се предадеме,Ке се бориме да си ги вратиме овие работи. Нема да подпаднеме под притисоците и при обидите за убиства. Автомобили не го плашат овој народ, следен пат користете тенкови или хелихоптери за да го запрете народот. Не го плашат како што комитите не се исплашиле од Турците, како што партизаните не се плашеле од фашистите. Така и овој народ нема да се плаши од полицијата и вашите пара војски и платеници. Не заборавајте дека народот е најмоќното оружје во светот..

Ах жална Македонија секогаш си имала проблем со внатрешните непријатели и предавници ..

пишувано за Мактел.мк – — – 27.12.2012

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s