Доста ми е од конзервативизмот !!!


Која е потребата на некои луѓе да мислат дека имаат право да управуваат со нашите животи? Што е тоа што им дава право за да ми ја ускратуваат слободата и да мислат дека можат да ме контролираат како да дишам, да пијам, кого да сакам и што е најлошо пробуваат да ме контролираат што да учам и што да мислам. Кој им дава право да одредуваат како јас ке живеам? Јас ја сакам слободата и нема лесно да се откажам од неа.

Ми е здосадено веќе од конзервативни закони во оваа ебана вукојебина. Едноставно веќе ми е доста. Го мразам и презирам секој конзеравтивен закон исто како што почнувам да ве мразам вас. Вас што ви доаѓаат на ум таквите закони. вас изопачени, болни, психопатски умови. На што се должи таа заостанатост ви се молам? На немањето секс долго време зашто курчевото време ви поминало? или пак се должи на сексуално злоставување како деца? како и да е мора да е поврзано со секс, зашто сексот само може да полуди некого до тоа ниво како што сте вие.

Здосадено ми е од конзервативни фаци, заостанати суштества на две нозе. Здосадено ми е од глупавата кознервативност. Здосадено ми е од тоа јас, со моите либерални ставови да глумам тишина и да молчам.Зошто? затоа што моите ставови биле различни од вашите и од ставовите ба вашата религија. Здосадено ми е од вас. Најлошо од се е тоа што вие што глумите најголеми конзервативци, сте најголемите шабани во општеството.Ми глумите големи верници а скоро секој од вас има швалерка, онака за секој случај. Глумите невини а виновни сте до коска.Одвратни сте ми …

Секој закон создаден за да те ограничи а не да ја заштити твојата слобода е големо срање. Исто како вас. Тоа е така зашто се плашите од луѓе, се плашите од нивната слобода, се плашите од новата генерација. не ни дозволувате да го учиме тоа што го сакаме зашто образован човек не се контролира така лесно. Се обидувате стравот да го всадите во нашите глави. нема да ви успее. Се обидувате да не ограничите…

Кој ви го дава тоа право? пак ке ве прашам.. Што е тоа што ви дава право да ограничувате јас да пијам пиво до 7 саат? кој ви дава право да ја уништувате слободата на луѓето што сакаат либерализација на марихуаната, на геј браковите, слободата на избор на сексуалните работници?

Вие го немате тоа право. Го немате тоа право но сепак го користите тоа против нас..

Е зато јас ке ви покажам отпор. Ке се борам против вас како либертаријанец и како човек.

Ке ставам крај на едно конзервативно општество заостанато во среден век..

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s