Македонија земја на младите и други легенди

2

Македонија каква што е премногу потсетува на Монти Пајтон креација. Сите работи си ги фаќаме од позади. Блазе им на хомосексуалците (без навреда ке ве молам) се од позади работиме.

Нашата влада, пардон владата на ВМРО ДПМНЕ во својата политика за млади која надолго и на широко ја промовираше во својот Money-fest на предходните изборите има сериозна грешка. Додека во цел свет за млади лица се сметаат од 15 до 27 години кај нас млади лица се 65+ годишните граѓани. Или бар само така изгледа.

Константното обезбедување се подобри и подобри услови за пензионерите во оваа наша Монти Пајтон република сериозно ме става мене како и мал милион млади во мисла за напуштање на државата, формирање семејство и заработување за живот некаде надвор.Зошто е тоа така?

Еве зошто. Ке ви ја раскажам мојата приказна. Јас сум студент од внатрешноста што живее и студира во Скопје. Студент сум на ФЕИТ. За неколку години се надевам ќе бидам електро инженер. После тоа во едната рака дипломата а во другата пасошот и правец на аеродром. Зошто би заминал од државава? Затоа што неможам да ги гледам и поднесам нештава во оваа држава. Еве погледнете ги студентските домови. Таму условите се далеку од лоши. Полоши се. Катастрофа. Студентските домови во Скопје се место на кое нормален човек во нормална држава не би пуштил ни свињи да живеат а не млади луѓе, интелектуалци кои се иднина на државата. Расипани тушеви, смрдливи вециња, гнасна храна, ладни соби, прекини на струја, прекини на парно греење. Сето тоа е наше секојдневие. И за сето тоа плаќам 3200 денари месечно. Плус оние 300 денари за интернет кој сами си го плаќаме.

Настрана од условите во студентските домови,поради одалеченоста на мојот факултет од студентскиот дом, приморан сум да користам градски превоз за кој плаќам 1050 денари месечено. фала богу што автобусите се нови инаку немаше да се издржи “битката ” со пензионерите секој вторник и петок. Поново и сабота.

Најнова олеснителна околност за првиот ред на граѓани – пензионерите е тоа што примателите на пониски пензии добиле бесплатно здравство. Одлично. Значи да сумираме досега: пензионерите добиваат три дена бесплатен јавен превоз, бесплатно здравство и уште еден куп други поволности наспроти поволностите на студентите кои им ги овозможи владата а тие се :

1.
2.
3.

Факт на денот: Студентите немаат никакви поволности, си плаќаат да живеат во мизерни услови, плаќаат здравство, плаќаат градски превоз, плаќаат за образованиеето (еден куп пари за учебници, скрипти и практикуми) а немаат приходи од никаде. И уште поголем проблем е тоа што никој ама баш никој задолжен за овие проблеми не се интересира како да се надминат овие проблеми. Никој, ниту СПУКМ не се интересира како овие проблеми да станат минато, како студентите да станат авангардата во државата?

Корумпираноста и незаинтересираноста на СПУКМ се повеќе и повеќе доведува до апатичност на студентите и ја зголемува желбата еден ден сите млади да си одиме од државава и на владава да и останат само пензионери со кои ке владее..
Тоа е легендата дека младите се иднината на Македонија а сега да ви раскажам за Дедо Мраз …

 

пишувано за Мактел.мк – — – 17-01-2013

Advertisements

14 карактеристики на фашистичкото општество

0

Д-р Лоренс Брит ги прочувал фашистичките режими на Хитлер (Германија), Мусолини (Италија), Франко (Шпанија), Сухарто (Индонезија) и неколку Јужно Американски фашистички режими. Брит пронашол 14 карактеристики кои го дефинираат фашистичкото општество.

1. Моќен и континуиран национализам – Фашистичките режими тежнеат кон тоа константно да се користат патриотски слогани, симболи, песни и други патриотски “реквизити”. Во таквите општества често може да се забележи симболот на знамето како детаљ на алишта и на разни јавни места.

2. Свесно откажување од човековите права – луѓето во фашистичките режими во константниот страв од непријателите и потребата за безбедност сметаат дека човековите права може да бидат игнорирани во одредени случаи.Во фашистичките режими луѓето само ја завртуваат главата на другата страна или пак оправдуваат тортура,егзекуции,убиства,долги затворски казни врз политички неистомисленици и слично…

3. Јавно посочување на непријателите и предавниците – во име на каузата за која се борат лидерите во тоа фашистичко општество секогаш се посочуваат непријателите или предавниците на таа кауза. Најчесто тие се идентификувани како либерали, комунисти, социјалисти, терористи, некое расно или етничко малцинство и друго..

4. Супериорност на армијата – иако во општеството постојат други поприоритетни граѓански проблеми, на армијата и се дадени непропорционален дел од средствата, повеќе од колку што е потребно а останатите проблеми се занемарени. Војската и војниците се претставени како највисока форма на чест и покажување чест кон татковината.

5. Неконтролиран сексизам – владите во фашистичките држави тежнеат кон тоа да бидат составени само од мажи. Под фашистичките режими, традиционалните улоги во општеството се поизразени. Разводите, абортусот и хомосексуалноста се строго забранети и владата се поставува како чувар на семејните вредности.

6. Контрола над медиумите за масовно информирање – во некои случаи медиумите се директно контролирани од владите, но најчесто во поголем број медиумите се индректно контролирани од владините регулативи. Цензурата во ваквите фашистички општества е честа, а е особено изразена во воени времиња и вондредни состојби.

7. Обсесија со националната безбедност – стравот во фашистичките општества се користи како многу силно оружје за контрола врз широките народни маси.

8. Религијата и владеењето се испреплетени – владите во фашистичките општества ја користат најбројната религија во државата како средство за манипулација врз граѓаните. Религиската терминологија е честа во говорите на фашистичките лидери и се користи за цели кои најчесто се дијаметрално поставени од учењата на религијата во споредба со политичките акции и ставовите на владата

9. Корпоративната моќ е заштитена – идустриска и бизнис аристократија во една фашистичка држава се најчесто оние што ги поставиле на власт тие фашистички лидери, создавајќи си себеси повеќекратни придобивки и пријателства со владеачката елита.

10. Работничката класа е обезправена – бидејќи синдикатите се единствената закана за фашистичките влади, тие се или забранети или на чело на тие синдикати се поставени фашистички лидери кои ги бранат ставовите на владите а не на работниците.

11. Презир кон интелектуалци и уметности – Фашистичките влади се трудат да промовираат и толерираат отворена омраза кон високото образование и академииите. Не е чудно професори и други академици да бидат цензурирани или дури и уапсени. Слободата на говор во уметноста е исто така забранета.

12. Обсесија со криминал и казнување – во фашистичките режими на полицијата и е дадена скоро неограничена моќ да се грижи за почитувањето на законите. Луѓето во тие режими често не ја забележуваат полициската бруталност и ги забораваат човековите права во име на патриотизмот. Често се случува да постои национална полиција со неограничена моќ во фашистичките општества.

13. Неконтролираните “протекции” и корупција – Фашистичките режими речиси секогаш се владееени од група на пријатели или соработници кои се поставуваат меѓу себе на владини функции ја користат владината моќ за да се заштитат себе, своите пријатели и своите бизниси. Не е невообичаено во фашистичките режими, националното богатство да биде обезправно одземено или украдено од владините лидери.

14. Неслободни избори – понекогаш изборите во фашистичките режими се комплетна формалност. Во другите случаи изборите се манипулирани преку закани па дури и убиства на опозициските кандидати, употреба на закони за да се контролираат гласовите и гласачите начинот на гласање и медиумите. Фашистичките општества го користат судството за да ги манипулираат или контролираат изборите…

Сите граѓани во ваквите општества мислеа дека се слободни …

пишувано за Мактел.мк – — – 04-01-2013

Жална Македонија

0

“Подобро да умреш во борба за слобода отколку да бидеш роб за целиот живот.” – Боб Марли

Долгогодишниот и вековен сон за слободна Македонија на нашите предци пред 22 години стана вистина. Стана реалност. Конечно можевме да се пофалиме дека живееме во наша сопствена и слободна држава. Само се прашувам Дали ова беше сонот на сите  што го дале животот за Македонија? Дали ова е македонија што тие ја сонуваја а ние ја живееме?

Не, ова не може да биде земјата која Гоце Делчев, Даме Груев, Сaндански и другите ја сонувале. Ова не може да биде Македонија на Ченто, Стив Наумов на славните партизански одреди. Ова денес не е таа Македонија за која гинеа македонските војници во 2001 кога ја бранеа татковината од  терористи.

Секоја генерација со своја битка. Ама некако многу битки во последно време. Многу битки но се иста цел. За слобода. Слобода  која ја изгубивме во оној момент кога дозволивме оваа држава да падни во рацете на луѓе кои сосптвениот џеб има повисок приоритет од земјата и народот. Ја загубивме слободата да кажиме јавно дека сме против константното задолжување на Македонија и осиромашување на овој народ. Ја загубивме слободата за протест.
Пред некој ден ја загубивме демократијата. Ја закопавме најдлабоко што може. Ја закопавме кога дозволивме  да бидат прекршени деловникот на собранието на РМ и  Уставот на Република Македонија. Со незаконското донесување на буџетот а со тоа и кршење на  Уставот демократијата во Македонија престана да постои. Со тепањето на Пратениците во собранието кои во одбрана на честа и светоста на Уставот го блокираа собранието ни покажаа што ни мислат и што заслужуваме.

Слободата на говор во Македонија замина во историјата како едно сеќавање за некое време кога си можел да кажиш свое мислење, да прочиташ и видиш нештто спротивно од она што го пропагира македонскиот Гебелс и неговата пропагандна машинерија. Ќе останат во сеќавање телевизиите А1 и А2, весниците Време,Шпиц и други. Ке останат во сеќавање критички настроените блогови кои по наредба на МВР беа избришани и замолчени. Ја загубивме и иднината. Сега нашата држава е сама. Сама како јагне сред шума без никој да ја заштити. Не можеме ни сами да се заштитиме. После се што се случува со бранителите од 2001 неможам да сфатам кој доброволно ке застане и ке ја брани државава. Јас нема да го сторам тоа.

Простете ми, јас ја сакам татковината ама нема да си го ризикувам животот за  најгласните патриоти кои тогаш најверојатно ке бидат најтивките во некои подруми, или надвор од државава. Нема да ризикувам да ми случи нешто и потоа моите родители да бидат малтретирани и тиа да плаќаат оштета на државата заради тоа што јас сум ја бранел од терористи.Нема да го дозволам тоа.Нема да дозволам на родителите на бранителите од 2001 да им се бара оштета додека командантите на УЧК сега се министри.

Овие денови загубивме се, и слобода, и демократија, слобода на говор и иднината. Изгубивме се но не и вољата да живот. Нема да се предадеме,Ке се бориме да си ги вратиме овие работи. Нема да подпаднеме под притисоците и при обидите за убиства. Автомобили не го плашат овој народ, следен пат користете тенкови или хелихоптери за да го запрете народот. Не го плашат како што комитите не се исплашиле од Турците, како што партизаните не се плашеле од фашистите. Така и овој народ нема да се плаши од полицијата и вашите пара војски и платеници. Не заборавајте дека народот е најмоќното оружје во светот..

Ах жална Македонија секогаш си имала проблем со внатрешните непријатели и предавници ..

пишувано за Мактел.мк – — – 27.12.2012

Религија и Атеизам

0

Религија и атеизам. Вечната борба на верувањето дека замисленото другарче на небото постои и здравиот разум. После малку повеќе од недела дена од масакрот во Њутон, Конектикат, САД каде беа убиени 20 деца и 6 наставници од рацете на еден  МЕНТАЛНО пореметен човек,слушнав една од најголемите бљувоштини во 21 век. Според некој, најверојатно самопрогласен, експерт во САД  таквите масакри се случувале зашто, пази сега, луѓето ја изгубиле верата и правеле лоши работи. Нешто во стилот на Венко Андоновски во неговата колумна во Април оваа година каде после убиствата во Смиљковци жестоко со целата артилерија што ја имаше ги нападна aтеистите велејќи дека тие се виновни за сите лоши работи што се случуваат. Само aтеист може да направи такво лошо дело(според него).

Нешто во тој стил слушнав сношти на дебатниот настан aргумент од професорот Ферид Мухиќ. Тој  исто така во своето излагање спомна дека Атеисите се луѓе без срце и душа  и се желни за крв и насилства. Ги спомна Француската  и Бољшевичката револуција како свои аргументи дека Атеизмот е лош и дека само религијата може да го унапреди општеството. Почитувани професори,Мухиќ и Андоновски, Џон Ленон беше Атеист па никогаш не видов да има говор на омраза, да мрази некого.Напротив тој ширеше љубов и мир преку својата музика иако беше Атеист.Неверојатно нели? Атесит а проповеда мир и љубов? Немогуче..

Искрено не можам да сфатам, според она како јас ги перцепирам работите, како може  двајца такви интелектулаци како Андоновски и Мухиќ да веруваат дека постои замислено другарче на небото. Не можам да сфатам како мислат дека религијата може да го унапреди човештвото и проповеда мир и љубов а ЗНАМ дека едни од најголемите масакри во историјата на човештвото се случиле во име на религијата  и тоа директно поддржани од првите верници во хиерархијата на организираните религии. Масакри директно поврзани со оние кои седат највисоко на престолот и директно разговараат со другарчето на небото.

Знам дека имало милиони жртви на страната на неверниците од рацете на крстносците кои имале за задача дадена од бог да го исчистат светот од неверници. И сето тоа во име на љубовта и мирот што го проповеда религијата.Инквизицијата е уште еден пример за тоа. Жртви на таа инквизиција биле едни од најголемите умови во историјата заслужни за основите на многу научни откритија што ги имаме сега, научници како  Јан Хус, Џордано Бруно и многу други. Самиот Галилео Галилеј бил жртва на  божјата рака  управувана од џелатот а по наредба на папата затоа што кажал: Сепак се врти.  Светата војна или џихадот што го имаме во муслиманскиот свет кон западното општество. Во името на алах -извикува носејќи на себе бомби и разнесувајќи се окулу се. Не ретко цели на таквите напади се и пазари, игралишта и училишта.Не ретко жртви на таквите самоубијци се  и ДЕЦА. Кога сме веќе кај децата, не е мал бројот на деца сексулано злоставувани од божјите слуги на земјата во католичката црква.Најлошо во се во овие слуачи со децата е тоа што црквата ги крие извршителите овозможувајќи им повторно да го сторат тоа.

Ова се само мал дел од примерите за злоуотребата на религијата.Тука можам да набројам уште милион причини и настани директно злоупотребени од религиите.Протестите и немирите проследени во Египед, тепањето на хриситјаните во блискиот исток, малтретирањето и секогаш со префикс сомнителни лица во западниот свет на мусиманите, говорите на поглаварите на ИВЗ и МПЦ во Македонија.Едниот се меша директно во политика а другиот дека господ зацртал сите лабанци да живеат во една држава. Или како шо би рекол големиот ЏорџКарлин: Религијата е Мејџор Лиг, биг тајм БУЛШИТ!!!

Друг проблем со религијата е тоа што не трпи критика. религијата е конзерватива организација која не сака многу многу да се чепка ида се отвара сомнеж.Едноставно не сакаат да прашувате ид а учите. Сакаат само да заборавите на сите лоши работи направени во име на таа религија, Религиите во светот кои иако не се  регистрирани како трговски друштва имаат неверојатно голем протокот на пари, пари непријавени за данок.
Религијата никогаш, според оваа поставеност што ја има сега во светот ,никогаш нема да го унапреди општеството туку само ке го уназади.
Заради мрачниот среден век создаден од раката на религијата денес сите сме жртви.Голем број на интелектуалци и големи умови  беа ликвидирани во име на религиите и сме жртви на стагнирање на технолгијата тогаш.Замислете до кај ке бевме сега стигнати ако Галилеј не беше убиен и многу такви како него..

Не ме сфаќајте погрешно, немам против во тоа, некој да верува во нешто.Како што јас ја сакам слободата , така и ја дозволувам.Не велам дека сите верници се согласуваат со ваквите страшни настани во име на религијата туку дека еднаш засекогаш, христијанството исламот и сите други религии мора да расчистат со минатото и вистински да почнат да шират мир и љубов..

За крај ке завршам со реченица на професорката Биљана Ванковска: Јас немам проблем со вашиот бог кој е семоќно и севишно суштество, имам проблем со неговите слуги на земјата и со тоа што вие не ми давате слобода да одберам да сум атеист.

Пишувано за Мактел.мк – — –  21-12-2012

Пиратите од ….Скопје ?!

0

Многу одамна  трговските бродови кои пловеле по океаните и морињата имале сериозни проблеми со Пиратите.Редовно биле ограбувани и со тоа страдала тогашната ‘светска’ економија.Дури имало едно време кога патувањата со брод биле само на кратки релации, поради стравот од напад и грабеж од пирати.

Самите имиња на Бартоломеј Робертс, Барбароса,Вилијам Дампиер и уште еден куп други, претставувале страви трепет за тогашните трговци и бродоспоственици.

Денес иако поминале многу многу векови од тогаш оваа закана од пирати сеуште не целосно одстранета.Сеуште слушаме приказни за киднапираи екипажи на бродови и стока во водите во близина на Сомалија..

Но, не сакав да зборувам за тие пирати, туку за овие нашите.За нашиот Најславен пират Коце Црнобрадиот. Е тој нашиот пират е комплетно различен од другите пирати во историјата. Додека сите други пирати земаја брод и екипаж си го тераја кефот овој наши пират во стилот на македонците ја почна работата одназад, да не речем назадгазум, и прво си го истера кефот на плоштадот поставувајќи си споменици на коњи, цареви и револуцинери.. И сето тоа додека стадото овци го гледаше сето тоа, му се восхитуваше на коњите и гаѓите на прометеј а не сфаќаше дека сето тоа е платено од нивната волна..

Нашиов пират Коце Црнобрадестиот напрај и една страшна грешка. Пред да има брод и да напрај било каков успех во својата пиратска кариера си напрај Триумфална Капија, симбол на неговите успеси.

И ете конечно бидна.Конечно нашиот Пират си го доби својот долго посакуван брод.Конечно ке може да заплови.. или сепак не …Првиот брод од пиратската флота личи на едно огромно гомна во гомнлива река. Не знам која е причината за ваквиот велелепн и футуристички изглед на бродот. Можеби е сето тоа за да биде во склад со атмосферата, флората и фауната на реката Вардар или пак со изгледот сакаат да ни покажат дека сите сме гомна и дека државата ни е едно големо гомно.

Причините за изгледот ке ни останат непознати за нас, обичните смртници.

Читајќи за изградбата на пиратската флота на низ умот ми пролетаа неколку прашања:Дали во стилот на големиот Берлускони ке се организираат бунга-бунга забави на бродот?

Кој ке биде главен на магацинот со рум/ракија/виски?

Куда плови овој наш брод?овој брод во кој секој си тера кај што сака и троши пари на што сака?

Но не е се така црно во приказнава.Додека го пишувам текстов слушнав ексклузивна вест на Шител Пајрат ТВ : До Коце Црнобрадестиот стигнала понуда за снимање на 5ти дел на Пирати од карибите.Филмот би се снимал на новиот гомно-брод а Коце би бил македонскиот Џек Спреоу..

На здравје, Пирати од …Скопје !!!

Arrrrr..

Зошто вечерва се запали поштата во Скопје?

0

Драги читатели ова само што пристигна! Како што знаете, вечерва во 16 и 30 избувна голем пожар во зградата на Македонски пошти во Скопје.Од пожарот беше целосно уништен главниот дел од зградата и помошните простори со што се спречи нормално функционирање на Македонски пошти во наредниот период.

Причините за пожарот досега се базираја на шпекулации како, експлозија на плинска боца, застарена електрична инсталација или дека Бранко подметнал пожар. Ние, не би биле ние, ако не ви ја донесеме ексклузивно вистината.

Според нашите извори во владата дознаваме дека се работи за подметнат пожар од страна на владини функционери.Причината за тоа била новиот проект на владата за намалување на невработеност.Оваа операција била долго смислувана и само се чекало донесување на буџетот за да се има средства за изведување на оваа операција.Според нашите извори, со палењето на поштата ке имало потреба од голем број на работници кои би го чистеле објектот и голем број на работници кои би се вработиле како курири. Со овој чекор би се намалила невработеноста за цели 5% со што невработеноста би стигнала до неверојатни 30% сметаат нашите извори од владата.

Исто така според нашите извори дознаваме дека се планираат нови акции како оваа низ републиката за да се намали невработеноста….

Само што ме известија дека голема група народ почна спонтано да се собира пред зградата на владата за да ја поздрави оваа одлука. за половина час ке одиме со слика и тон од пред Владата.

За Сандокан блог од Скопје
Шика Пиштолова

Зошто решив да го продадам телевизорот?!

0

Сабота вечер,Коледе и наместо ко целиот нормален свет да шетам по огнови и да голтам вино коледарско јас седам дома, завиткан со ќебе ги слушам Молокаи и ги гледам Пантиќ и Шојиќ.Пантиш и шојиќ и нивното познато Предузеќе. Како маткаат ама во склад со прописите. Тоа нивното маткање ме потсети на тоа како се водат телевизиските куќи во Македонија и некако во стилот на Пантиќу ми текна една брилијантна идеја. Да го продадам телевизорот.Да да решив да го продадам телевизорот. За цената ќе се договориме покасно..За почеток еве ги причините..

1.Не сакам да гледам турски серии – Ова е причината број еден поради која избегнувам да седам дома во периодот од 16 часот па се до 22.Моите мислат дека тоа е поради тоа што се дрогирам ама тоа нема врска.Здосадено ми е да гледам како Полат и мемати се терминатори,како лошите дечки имаат армија неспособни и слепи телохранители, како Али Риза добива срцев удат зашто ќеркаму ја скинал некој локален фраер, како Зумбул Ага живее во харем а не смеј да чепни ни една робинка а и да сака да чепни не можи оти мочалото акврцнато му е. Не ги можам едноставно љубовните драми на Јабuш, Tимур и компанија..(Сите спомнати ликови од турските серии се предложени од баба ми која седи и ми раскажува епизоди и љубовни ситуации)

2. Не сакам да гледам евтина партиска пропаганда – Сакам да имаме една факинг нормална телевизија на која ке можа мда гледам барем една нормална емисија. На која ке можам да гледа мнормални вести. Не сакам да гледам Вести на кои ке се плука по Бранко, Џани, Раца и компанија цело време или пак по Грујо, Гордето,Ицката и фамилијата. Не сакам да ТВ екранот да гледам мала мала група педера.

3.Не сакам филмска програма последно апдејтована во ’73 – Немам ништо против старите филмови ама да ти ебам не сакам да гледам програма не променета уште од кога татко ми бил на моја возраст. Не сакам да гледам тропска горештина 20 лета по ред.Не сакам да гледам сеозни на млади и не толку млади бунтовници премиерно ексклузивно по 17 пат во последните 3 години.Не сакам да сечам вени и да глумам изненаден кога некој филм ке го има по 3 пат на 3 различни телевизии во една ебена недела.

4.Ретко гледам било какви филмови на телевизор – настрана од оачајната филмска понуда на Мак телевизиите овде ке зборвам за општо гледањето филмови од УСБ, ЦД и слично.Иако важам за пират ( Arr ), односно торентот работи ко нашата влада 24/7,ретко се случува да ги гледам на телевизор. Најчесто ги гледам на лап топ или на другиот, статичниот компјутер..Неретко се случува и некој филмови да одам да ги гледам во кино а сепак да ги спуштам.

5.Ја заборајв петтата причина ама вервајте ме многу беше јака …

ова е телевизорот
LED PHILIPS 32PFL3517H/12
32″ Full HD LED TV, 1920x1080p
Perfect Motion Rate 100 Hz
Wireless LAN Ready
D. Contrast 100.000:1
400 cd/m2,
HDMI x3, PC Input, 2 x USB 2.0 Multimedia (Movies, Photos, Music)
DVB-T, DVB-C, MPEG4

Заинтересираните купувачи на телевизорот може да се јават во коментари ..