За македонцките работи: Таксират и Полицијата


Се мислев кој наслов да  го ставам на овој текст.Не знаев што е по соодветно, дали Од главата си патиме или овој што е сега.Вистината е дека  и двата се соодветни на тоа што се случи синоќа пред и за време на Таксират.

приказната оди вака:

Окулу 20:10 часот јас пристигнав пред билетарницата на саемот, требаше да почекам да стигнат другите за да влезиме заедно на Фестивалот. Бидејќи врнеше и беше ладно, јас стоев под стреата на билетарницата. Одеднаш еден тип во црно палто застана пред мене и ме гледаше минута или две без да прозбори.

– Извинете ви треба нешто, го прашав. Тогаш ја извади значката и набрзина ја скри и кажа дека е полиција и ме праша дали имам лична карта и од кај сум. Му објаснив се и му ја дадов личната карта. Ја погледна и неговиот колега кој тогаш пристигна ме праша дали имам некои недозволени работи во мене, Кажав дека немам. Тогаш двајцата започнаја да ми ги претресуваат сите можни џебови од палтото и фармерките. Ме натераја на дождливото и ладно време да го соблечам палтото и да мрзнам за да можат тие темелно да го проверат. Потоа добив детален преглед и на фармерките. Среќа што не ме натераја и нив да ги соблечам. Откако не најдоја ништо започнаја со детално испитување, како дојдов, со кој дојдов, кого го чекам, шо ке правам внатре. Се осеќав како најголем криминалец во Македонија.

Интересното беше тоа што од 50+ луѓе кои стоеја пред билетарница јас бев единствената жртва на  полицијата. Ниту еден друг не беше ни прашан ни легитимиран ни претресен. Само јас. Претпоставувам тоа се должи на  мојата Раста Капа.

Ги замолувам сите оние што имаат било каков контакт во МВР и со минитерката Гордана Јанкуловска да и пренесат да организира некакви обуки, било какви само да  ги образува неписмените полицајци. Да ги научат дека не секој што носи Раста капа има марихуана во него, дека не секој со маица од Боб Марли е криминалец и наркоман. Организирајте и образовајте ги полицајците да ги научат правата на граѓаните и законите во оваа држава. Ова е срамота што се случува. Не е прв а не ни последен ваков случај на малтретирање.

Синоќа имаше и еден друг инцидент за кој дознав. Мои пријатели биле легнати на земја и така  држени се додека не дошло полициското комбе затоа што не сакале да покажт лични карти затоа што полицјаците не сакале да  ги покажат значките. Ете ви уште еден  доказ дека оние што треба да го претставуваат законот не знаат ниту З од тој закон. Срамота е вакви неписмени полицајци да  ми глумат сила и закон.

А таксират помина добро, можеби доколку имаше  малку поинаков распоред на групите ке беше подобро. За жал малку закасни и ја пропуштв Тања Стивенс но стигнав навреме за  Скиндред кои беа одлични мадафакери на сцена. Прејака атмосфера имаше во побликата за време на нивниот концерт. Чиста Околина  одлични исто така со моќен настап. Според мене најјаки беа Че Судака. За време на нивниот настап публиката беше во вистински транс. Немаше ниту еден што не играше и пееше. Најмоќниот настап според мене го имаја Че Судака. Ван Гог добри но сепак досадни за мене. на пола од сите фестивали во Македонија гостувале. За останатите групи не издражаја нозе и мојот алкохолен систем. Премалку крв во мојот алкохолен систем..

Advertisements

2 thoughts on “За македонцките работи: Таксират и Полицијата

  1. А пази мене што ми се деси. Доаѓам со кола и се паркирам на паркингот карши саемот. Уште не изгасена колата ми тропа средовечен човек на прозор. Прва помисла ми беше почнале да наплаќаат паркинг и тука. Отворив врата и типот набрзина ми ја покажа значката, не успеав ни бројот да го видам. Ми вика „од кај си!?“, му викам од „Драчево“. „Како се викаш!?“, му викам „Горан“. „Горан а!?“ „Како те викаат на надимак!?“ Кога го слушнав тоа почнав да се смеам и му реков „Како мислиш како ме викаат на надимак!?“, „Па така како те викаат на надимак“. Му викам „Никако не ме викаат на надимак… Горан ме викаат, како да ме викаат“. Нешто се накурчи и ми вика „ај излези од кола“. Излегов од колата и го прашав што е работата оти ме сопираат и оти ме прашуваат, не ми одговори ништо само ми побара документи. Му дадов возачка. Ми вика „Ова ти е возачка ти побарав документи, дај ми лична карта“ „Па кажи така“ му реков. Му ја дадов и личната карта и ми вика кај живееш во Драчево, му ја кажав адресата, а истата во исто време ја гледа на личната карта боже фалц имам ја. Ми вика „имаш ли нешто во колата!?“. Почнав пак да се смеам и му викам „а што да иам во колата !?“ Пак он „те прашувам дали имаш нешто во колата да пријавиш!?“ Ми светна сијаличката дека сака да ја пребарува колата и сакав да му речам дека за тоа му треба налог, ама си реков отиде вечерта и Таксират ако му побарам налог за претрес, башка после има р`шум целата да ми ја направат, па му реков дека немам ништо да пријавам. Ми вика оди кај другиот колега.

    Ја појма немав дека има друг колега од другата страна на колата. Беше нешто помлад од првиот. Идам кај него и ме гледа и ќути. Пак почнав да се смеам, оти се ми беше `ко на филм. И му викам „ај добровечер“, пошто глеам он не реагира. Ми вика „што се смееш!?“, му викам „па смешно ми е“. „Имаш ли нешто по џебовите!?“ „Иам во едниот 15 денари“ и му ги вадам, „а другиот е празен“. „Аха а во тие позади!?“, „Неам ништо“. „Ај сврти се“ па претрес, па ај во јакната што имаш и ми најде кутија со кондоми, ги зема, ги отвара и ми вика „И ја носев на времето, глеј да ги употребиш пред да им помине рокот“, тука више се згазив од смеење, ама и цајканот беше фин заразлика од првиот, па почна и он да се смее. Ми го зема новчаникот, го претресе и него и не најде ништо, за цело тоа време првиот цајкан внатре претресува што стигне. Искача он од колата и другиот го прашува дали има нешто, овој му вика не. Одам јас кај првиот ми ги дава документите и го прашувам „Сеа слободен сум!?“, не ми одговори ништо само се тргнаа настрана накај темницата. Гледам на совозачко седиште се што имав во делот под шалтаблата извадено и им викам „а ова растуреново кој ќе го намести сеа!?“… дали не ме слушнаа, дали се направија дека не ме слушнаа незнам. Си влегов, си наместив и отидов на Таксират.

    Пристапот им е крајно непрофесионален. За време на целиот претрес, а ни по него не ми кажаа зошто ме тресат и што е тоа што они мислат дека јас поседувам.

    Инаку заборавив да напоменам дека вториот цајкан не ми ја покажа значката, а од што не ми се веруваше што се случува, па и заборавив да му побарам да ми ја покаже.

    Like

    • Првиот полицаец висок така метар и 60. со брада , црна капа и црно палто а другиот висок окулу метар и 75-80 ? Ако се тие тогаш се работи за истите џандари …

      Like

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s