За македонцките работи: Таксират и Полицијата

2

Се мислев кој наслов да  го ставам на овој текст.Не знаев што е по соодветно, дали Од главата си патиме или овој што е сега.Вистината е дека  и двата се соодветни на тоа што се случи синоќа пред и за време на Таксират.

приказната оди вака:

Окулу 20:10 часот јас пристигнав пред билетарницата на саемот, требаше да почекам да стигнат другите за да влезиме заедно на Фестивалот. Бидејќи врнеше и беше ладно, јас стоев под стреата на билетарницата. Одеднаш еден тип во црно палто застана пред мене и ме гледаше минута или две без да прозбори.

– Извинете ви треба нешто, го прашав. Тогаш ја извади значката и набрзина ја скри и кажа дека е полиција и ме праша дали имам лична карта и од кај сум. Му објаснив се и му ја дадов личната карта. Ја погледна и неговиот колега кој тогаш пристигна ме праша дали имам некои недозволени работи во мене, Кажав дека немам. Тогаш двајцата започнаја да ми ги претресуваат сите можни џебови од палтото и фармерките. Ме натераја на дождливото и ладно време да го соблечам палтото и да мрзнам за да можат тие темелно да го проверат. Потоа добив детален преглед и на фармерките. Среќа што не ме натераја и нив да ги соблечам. Откако не најдоја ништо започнаја со детално испитување, како дојдов, со кој дојдов, кого го чекам, шо ке правам внатре. Се осеќав како најголем криминалец во Македонија.

Интересното беше тоа што од 50+ луѓе кои стоеја пред билетарница јас бев единствената жртва на  полицијата. Ниту еден друг не беше ни прашан ни легитимиран ни претресен. Само јас. Претпоставувам тоа се должи на  мојата Раста Капа.

Ги замолувам сите оние што имаат било каков контакт во МВР и со минитерката Гордана Јанкуловска да и пренесат да организира некакви обуки, било какви само да  ги образува неписмените полицајци. Да ги научат дека не секој што носи Раста капа има марихуана во него, дека не секој со маица од Боб Марли е криминалец и наркоман. Организирајте и образовајте ги полицајците да ги научат правата на граѓаните и законите во оваа држава. Ова е срамота што се случува. Не е прв а не ни последен ваков случај на малтретирање.

Синоќа имаше и еден друг инцидент за кој дознав. Мои пријатели биле легнати на земја и така  држени се додека не дошло полициското комбе затоа што не сакале да покажт лични карти затоа што полицјаците не сакале да  ги покажат значките. Ете ви уште еден  доказ дека оние што треба да го претставуваат законот не знаат ниту З од тој закон. Срамота е вакви неписмени полицајци да  ми глумат сила и закон.

А таксират помина добро, можеби доколку имаше  малку поинаков распоред на групите ке беше подобро. За жал малку закасни и ја пропуштв Тања Стивенс но стигнав навреме за  Скиндред кои беа одлични мадафакери на сцена. Прејака атмосфера имаше во побликата за време на нивниот концерт. Чиста Околина  одлични исто така со моќен настап. Според мене најјаки беа Че Судака. За време на нивниот настап публиката беше во вистински транс. Немаше ниту еден што не играше и пееше. Најмоќниот настап според мене го имаја Че Судака. Ван Гог добри но сепак досадни за мене. на пола од сите фестивали во Македонија гостувале. За останатите групи не издражаја нозе и мојот алкохолен систем. Премалку крв во мојот алкохолен систем..

Advertisements