Неколку работи шо ме нервираат


Како млад човек што сака да учи и да дознава многу работи , многу често се случува и целиот ден да го поминам на интерент читајќи, разни текстови колумни, разгледувајќи слики, гледајќи филмови  и слично.иако порано повеќе време поминував гледајќи телевизија и сега се случува да се заборам  пред телевизор. Не важам за човек што се нервира многу ама сепак иам ситуации што ме вадат од такт и се нервирам. Еве неколку од тие ситуации:

1.Кога гледам турски серии и ке пуштат реклами.

Најмногу мразам кога  така удобро во 16 часот (пошо тогаш почнуваат репризите кои е задолжително уште еднаш да се изгледаат ) ке си седнам во кревет, завиткан со ќебето благодарение на топлификација на кои btw   и посакувам голи да шетаат  во  снегот зимава па да видат како мие мене сега, си гледам турска серија и во оној момент кога Езел треба да ја залапа Џемиле ке пуштат реклами. Или пак кога Бурхан треба да и кажи на Ифет дека сестра и и е уствари баба на мајката на дечкото кој всушност е нејзин вујко од страна на тетката..

Ко ке пуштат реклами во најинтересното се осеќам како да ме манал некој со нешто вакво
Ко ке пуштат реклами во најинтересното се осеќам како да ме манал некој со нешто вакво

2.Кога некој ми објаснува нешто за кое врска нема шо зборува.

Уствари овие ситуации не ме нервираат туку ме смеат. Многу е јако да слушаш некој да ти објаснува за нешто за кое прочитал исцрпна анализа од долго долго истражување од некој сајт како Точка да речиме или како ПлусИнфо (Аплауз ве молам за овие два супер ултра убер јаки истражувачки и точни медиуми).велат дека смеењето го продолжува животот ама сепак ,многу смеење не е на арно па така одбивам да се дружам со вакви луѓе  но сепак тие се насекаде.Ги има цело време окулу мене и нема спас од таквите фаци ..

Прво сум вака:

А после сум вака:

3.Кога челзи ги менува тренерите.

Е во оваа ситуација се нервирам најмногу зашто никако да го препознам кој им е тренер  зашто ги менваат побрзо од тоа јас шо менвам чорапи ( а вервајте менувам многу често, не сум како Сашо цела недела чорапи шо не менува). Кога и да почнам да гледам утакмица на Челзи имаат нов тренер. Таман ке му го научам името и тие ке го сменат.Мислам дека ова е некој заговор од масоните против мене..треба да го контактирам НИче Македонски да ја испита ситуацијата..

Мојата реакција ко ке видам кој е тренер
Мојата реакција ко ке видам кој е тренер

4.Кога никој не му верува на Ниче дека знај кај е гробот на Аце- Големиот.

Ве сожалувам вас шо не му вервате на човекот.Тој дури три книги напиша за да ви објасни а вие уште не му вервате.немам шо да кажам повеќе..

5. Се нервирам кога некој зборува  премногу тивко и не можам да го слушнам.

Ова нема како поинаку да ви го објаснам освен со гифче како се трудам да го слушнам.

П.С. Гласајте на блогерските награди за Сандокан блог во категорија за најсмешен блог и за Животот на еден електраш во категорија за блог пост на годината на http://blogirame.mk/glasanje. Ако победам ке отворам 5-6 фабрики ке вработам по еден од секоја фамилија и наталитет ке ви го зголемам.ветувам ..
 

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s