Животот на еден Електраш.


Гледам така по сокациве интернетски како сите студенти се фалат дека нивниот факултет бил најдобар, имало забаваи така натаму. И скоро секаде слушам дека на Електро се учело многу, дека електрашите била вакви или такви. Е па не е така. Дозволете ми да ви го претсавам животот на еден електраш.

За електрашите важи едно:Дека тие немаат секс и се лоши љубовници.
Грешка. Сексот кај електрашите е разновиден и доста чест. Го има во најразлични бои, големини и форми.

Имате интеграл секс – Тоа ти е кога жената мисли дека си кај швалерката а швалерката мисли дека си дома а ти уствари си во читална и решаваш интеграли.

После имаш секс наречен равенка. Тоа ти е кога цел ден во читална решаваш равенки од математичка индукција со две непознати електрашки.
Сексот се јавува во следната форма: Теорија на релативитет – Кога доживуваш оргазам кога конечно ке успееш да решиш една задача по физика без ничија помош. Е тоа ти е секс !

Потоа имате и програмерски секс – Кога пишувате и пишувате редови и редови код а не проверувате дали имате грешка и кога конечно пуштате да се компајлира задачата ви е без грешка. Доживувате неколкукратни оргазми во низа.

Освен секс на Електро има и доста убави девојки. Не, мајтапот на страна стварно има доста убави девојки кои може да ги поделите на неколку групи: девојки со мустаќи, девојки со ептен големи мустаќи и мустаќи кои носат девојка со себе.

Да се заврши Електро воопшто не е тешко. Најтешки ви се првите 4 години а после кога ке успеете да се запишите во втора веднаш ви е полесно.

Има еден друг стереотип кој е погрешен. Електрашите не знаеле да се забавуваат.
Според мене како електраш ние сме најзабавните луѓе на светот. Па знаете ли вие каква забава е тоа да решаваш некоја задача со кирхофов закон и на крај таа да испадни точна? Не знаете нормално, не сте електраши.Често слушам и дека Електрашите биле премногу зафатени и не излегувале .Уште една работа што е грешна. Електрашите излгевуваат секоја вечер.Најчесто се излегува во читалната на факултетот а некогаш и по читалните на другите факултети.

Досега имало неколку непотврдени случаеви кога Електраши биле забележани во кафич. Очевидци велат дека биле препознаени дека се Електраши по тоа што имало доста скрипти, тетратки и калкулатори на масата на која седеле.Исто така  друга важна карактеристика за препознавање било тоа што зборувале на некој чуден јазик неразбирлив за другите.

Важна информација: Доколку забележите вакви личности во вашата околина веднаш јавете се во нашата редакција зашто тоа може да биде првиот документиран случај на Електраш надвор од својата природна средина односно надвор од некоја читална.

Да не должам многу, Електрашкиот живот е многу интересен. Сексот и забавата се безпрекин 24/7 во неделата.

П.С. Ако некогаш наминете на Електро и ги погледнете Електрашите како работат во некоај училница важно е да знаете дека не сакат да бидат набљудувани од непознати лица.За ваше добро избегнувајте да ги гледате зашто може да ве нападнат и кон вас да полетаат интеграли, равенки и Електротехнички закони од кои повеќето се смртоносни и не постои против отров.

Автор: Рубин Јованоски

Ке следи 2 дел само да помини колоквиумската недела ..

Advertisements

4 thoughts on “Животот на еден Електраш.

  1. Pingback: Blogirame Award Distinguishes Macedonia’s Top Bloggers and Twitter Users · Global Voices

  2. Pingback: Наградите на Блогираме истакнува врвни блогери и твитерџии од Македонија · Global Voices на македонски

  3. Pingback: Блог избор [Ноември, 2012] | Кригла Пиво

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s