До Мама од Афганистан

0

Драга Мамо,

Еве пишују ти га овој писмо да не кажеш после не сам ти пишуваја.

Овдека,  у  Авганистан ни е много убаво. Дружимо се сас талибанци по цели д’нови. Играмо си руску жмурку. Много интересна игра. Овдека научи како се игра. Тој ти е нешто измеѓу жмурку и руски рулет. Има много л’ки правила: криеш се цело време и гледаш да не те фатив зашто ако те фатив циљ ги е да те погодив сас што повише куршуми. Едн њекња га фатисва куде што се криеше. Много беше смешно кд га видесмо дека га маскирале у швајцарско сирење, онакој цел у дупке и такв ни га вратисва назад у наш тим.

Туја и спортуемо свак дн. Играмо фудбал сас колеге од другу базу. Памтиш ли кд ми викаше да не играм фудбал кд пада киша? Епа туја ретко пада киша па не играмо само кд падав гранате пошто много прашина се ствара и неможе да се видив голови. Пред едну недељу изгубисмо и едн од противнички тим од радост се распуца сас пушку. Само незнам зашто четворица од негов тим легнасва и течеше ги нешто црвено од нјима, изгледа избуши ги шишиња сас сок од малине.

Паре што ви ги праќам свак месец од наредн ќе бидев повише. Смени га работно место од пред неколко дна. Е тој ти е кд имас к’смет како мене. Искочисмо да се прошетамо сас еднога пријатеља надвор од базу и оп киднапирасва не талибанци. Држасва не такој затворени и пошто мене ми беше досадно а имаше едн куп стари авта, ја направи тенк, а колега направи авион. Талибанци бесва прескреќни кда не видесва и сга работимо за еднога типа сас дугачку браду и белу крпу на главу, Бил Хладен ли Небил Оладен ли, не ми текнуе бш како се вика.

Иначе туја не се дешава ама бш ништо. Много е досадно. Пишиваја би јоште ама тешко ми е овакој сас панцир намуван под кревет да пишују од овие гранате што падав 10-15 метра од мене.

Епа поздрав Мамо,

Твој син од Авганистан

 

Напишал: Јованоски Рубин

Преведил од Македонски на Авганистански(Кумнаовски): Мартин Зарков

Неколку работи шо ме нервираат

0

Како млад човек што сака да учи и да дознава многу работи , многу често се случува и целиот ден да го поминам на интерент читајќи, разни текстови колумни, разгледувајќи слики, гледајќи филмови  и слично.иако порано повеќе време поминував гледајќи телевизија и сега се случува да се заборам  пред телевизор. Не важам за човек што се нервира многу ама сепак иам ситуации што ме вадат од такт и се нервирам. Еве неколку од тие ситуации:

1.Кога гледам турски серии и ке пуштат реклами.

Најмногу мразам кога  така удобро во 16 часот (пошо тогаш почнуваат репризите кои е задолжително уште еднаш да се изгледаат ) ке си седнам во кревет, завиткан со ќебето благодарение на топлификација на кои btw   и посакувам голи да шетаат  во  снегот зимава па да видат како мие мене сега, си гледам турска серија и во оној момент кога Езел треба да ја залапа Џемиле ке пуштат реклами. Или пак кога Бурхан треба да и кажи на Ифет дека сестра и и е уствари баба на мајката на дечкото кој всушност е нејзин вујко од страна на тетката..

Ко ке пуштат реклами во најинтересното се осеќам како да ме манал некој со нешто вакво
Ко ке пуштат реклами во најинтересното се осеќам како да ме манал некој со нешто вакво

2.Кога некој ми објаснува нешто за кое врска нема шо зборува.

Уствари овие ситуации не ме нервираат туку ме смеат. Многу е јако да слушаш некој да ти објаснува за нешто за кое прочитал исцрпна анализа од долго долго истражување од некој сајт како Точка да речиме или како ПлусИнфо (Аплауз ве молам за овие два супер ултра убер јаки истражувачки и точни медиуми).велат дека смеењето го продолжува животот ама сепак ,многу смеење не е на арно па така одбивам да се дружам со вакви луѓе  но сепак тие се насекаде.Ги има цело време окулу мене и нема спас од таквите фаци ..

Прво сум вака:

А после сум вака:

3.Кога челзи ги менува тренерите.

Е во оваа ситуација се нервирам најмногу зашто никако да го препознам кој им е тренер  зашто ги менваат побрзо од тоа јас шо менвам чорапи ( а вервајте менувам многу често, не сум како Сашо цела недела чорапи шо не менува). Кога и да почнам да гледам утакмица на Челзи имаат нов тренер. Таман ке му го научам името и тие ке го сменат.Мислам дека ова е некој заговор од масоните против мене..треба да го контактирам НИче Македонски да ја испита ситуацијата..

Мојата реакција ко ке видам кој е тренер
Мојата реакција ко ке видам кој е тренер

4.Кога никој не му верува на Ниче дека знај кај е гробот на Аце- Големиот.

Ве сожалувам вас шо не му вервате на човекот.Тој дури три книги напиша за да ви објасни а вие уште не му вервате.немам шо да кажам повеќе..

5. Се нервирам кога некој зборува  премногу тивко и не можам да го слушнам.

Ова нема како поинаку да ви го објаснам освен со гифче како се трудам да го слушнам.

П.С. Гласајте на блогерските награди за Сандокан блог во категорија за најсмешен блог и за Животот на еден електраш во категорија за блог пост на годината на http://blogirame.mk/glasanje. Ако победам ке отворам 5-6 фабрики ке вработам по еден од секоја фамилија и наталитет ке ви го зголемам.ветувам ..
 

Животот на еден Електраш.

4

Гледам така по сокациве интернетски како сите студенти се фалат дека нивниот факултет бил најдобар, имало забаваи така натаму. И скоро секаде слушам дека на Електро се учело многу, дека електрашите била вакви или такви. Е па не е така. Дозволете ми да ви го претсавам животот на еден електраш.

За електрашите важи едно:Дека тие немаат секс и се лоши љубовници.
Грешка. Сексот кај електрашите е разновиден и доста чест. Го има во најразлични бои, големини и форми.

Имате интеграл секс – Тоа ти е кога жената мисли дека си кај швалерката а швалерката мисли дека си дома а ти уствари си во читална и решаваш интеграли.

После имаш секс наречен равенка. Тоа ти е кога цел ден во читална решаваш равенки од математичка индукција со две непознати електрашки.
Сексот се јавува во следната форма: Теорија на релативитет – Кога доживуваш оргазам кога конечно ке успееш да решиш една задача по физика без ничија помош. Е тоа ти е секс !

Потоа имате и програмерски секс – Кога пишувате и пишувате редови и редови код а не проверувате дали имате грешка и кога конечно пуштате да се компајлира задачата ви е без грешка. Доживувате неколкукратни оргазми во низа.

Освен секс на Електро има и доста убави девојки. Не, мајтапот на страна стварно има доста убави девојки кои може да ги поделите на неколку групи: девојки со мустаќи, девојки со ептен големи мустаќи и мустаќи кои носат девојка со себе.

Да се заврши Електро воопшто не е тешко. Најтешки ви се првите 4 години а после кога ке успеете да се запишите во втора веднаш ви е полесно.

Има еден друг стереотип кој е погрешен. Електрашите не знаеле да се забавуваат.
Според мене како електраш ние сме најзабавните луѓе на светот. Па знаете ли вие каква забава е тоа да решаваш некоја задача со кирхофов закон и на крај таа да испадни точна? Не знаете нормално, не сте електраши.Често слушам и дека Електрашите биле премногу зафатени и не излегувале .Уште една работа што е грешна. Електрашите излгевуваат секоја вечер.Најчесто се излегува во читалната на факултетот а некогаш и по читалните на другите факултети.

Досега имало неколку непотврдени случаеви кога Електраши биле забележани во кафич. Очевидци велат дека биле препознаени дека се Електраши по тоа што имало доста скрипти, тетратки и калкулатори на масата на која седеле.Исто така  друга важна карактеристика за препознавање било тоа што зборувале на некој чуден јазик неразбирлив за другите.

Важна информација: Доколку забележите вакви личности во вашата околина веднаш јавете се во нашата редакција зашто тоа може да биде првиот документиран случај на Електраш надвор од својата природна средина односно надвор од некоја читална.

Да не должам многу, Електрашкиот живот е многу интересен. Сексот и забавата се безпрекин 24/7 во неделата.

П.С. Ако некогаш наминете на Електро и ги погледнете Електрашите како работат во некоај училница важно е да знаете дека не сакат да бидат набљудувани од непознати лица.За ваше добро избегнувајте да ги гледате зашто може да ве нападнат и кон вас да полетаат интеграли, равенки и Електротехнички закони од кои повеќето се смртоносни и не постои против отров.

Автор: Рубин Јованоски

Ке следи 2 дел само да помини колоквиумската недела ..