Зошто Младинскиот Активизам е толку мал во Македонија ?


Еден мој професор често знаеше да кажи – убиј еден, другите од страв ке умрат. Овој негов цитат совршено ја опишува ситуацијата во која се наоѓаат младите денес во македонија.

Младинскиот активизам е и ке биде се помал и помал поради две причини: првата е тоа што знаат дека никој нема да ги слушни, посебно не оние кои се на врвот во државава, оние кои одлучуваат во наше име.Знаат дека без разлика каква иницијатива или активизам да покренат шансите да успеат се еднакви скоро на нула зашто во Македонија кај политичарите фали чувството за сослушување на оној кој има нешто да каже.Нормално тоа е поради тоа што голем дел од политичката елита израстила и се школувала во друг систем, друго општество многу различно (на прв поглед а на втор не) од ова нашето, и сите тие моменти кои и тие како средношколци или студенти биле спречени слободно да се изјаснуваат им се врежале во главите и им останале до ден денес па тој систем на игнорирање на  активистите  го користат и денес. Жална слика но тоа е Македонија и тоа е главна одлика на оваа политичка елита..

Втората причина поради која младинскиот активизам е мал е стравот кај младите. Се плашат од политичарите и од осуда од општеството.Се плашат од притисоци од властите. Следејќи ги секојдневно сите обиди на властите да се замолче некој што размислува малку поинаку од нив ги тераат младите да размислат 2 пати пред да се впуштат во некоја граѓанска иницијатива.И најчесто тој страв е посилен од желбата за подобро утре за сите.Сите тие затворања на телевизии, радиа, весници, бришења на блогови и фесјбук групи само го зголемуваат тој страв  кај младите.Самото ширење на изјави дека на некој му се заканиле да прекине со некаков активизам зашто може лошо да го снајде, само имаат контра ефект. Обидот на жртвите на таквите притисоци да ја искажат вистината само го зголемува стравот кај младите дека и тие ке станат мета на политичката борба и дека може да ‘настрадаат’.пример за овој страв се студентските избори на УКИМ минатата недела. Голем број на студенти се плашат јавно да кажат дека не го признаваат за легитимен избраниот претседател. Се плашат да кажат јавно зашто се плашат дека некој професор ке им се освети за тоа што имаат “голема уста”. исто така  бројот на студенти кои добиле иструкции за кого да гласаат од членови на една партија не е мал. 

 

 За крај кога сето ова ке се погледне  јасно може да се види причината зошто младите во Македонија изгледаат мрзливо и тотално незаинтересирано за се она што се случува окулу нив..

Се сеќавам пред 7-8 месеци додека имаше жестока битка против АКТА во Европа а и во Македонија голем дел од луѓето со кои контактирав а знаеја дека сум дел од таа борба ме разубедуваја со зборовите- ех па зар до тебе дојде да одлучуваш. Штета за нив што не знаат дека баш тие одлучуваат за се …

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s