Студентска (траги)комедија


Студентски избори. најголемата траги комедија во државава. Поголема дури и од било кои локални, парламентарни или претседателски избори. Дури се поголема траги комедија и од дебатите во собранието кои никако не можат да поминат без да се испонавредат меѓу себе зашто не можат да се  согласат кој украл поќе. А сите молчејќи признаваат дека краделе но тоа не е битно, битно е да се знае дека тој другиот украл појќе од тебе и ти мораш да дојдеш на власт за да украдиш и ти барем онолку колку шо зел тој..

Нејсе, друг е муабето за денес. Во среда ке бидат студентските избори и јас како човек кој делува во многу области и се интересира за сите облици на демократија се заинтересирав за студентските избори. И подобро да не го сторев тоа. Почнувајќи само од условите за поднесување на кадидатура за претседател на СПУКМ па се до кандидатите кои јас лично не сум ги видел како ги претставуваат своите идеи и програми пред студентите, пред нивните гласачи, сфатив дека овие студентски избори се една обична партизација и политичка борба создадена за поделба на студентите за да им се утежне и онака тешкиот живот. 

Да почнеме од барањата за поднесување на кадидатура. Да се добие подршка од најмалку 5 студентски парламенти што е прилично тешко зашто на секој факултет има барем еден или двајца кои се со желба за борба за кандидатура за претседател на СПУКМ и добивањето на подршка од друг факултет е прилично тешко според мене. Освен ако некоја виша сила не те предложи. Другиот начин е собирањето на 3000 потписи од студенти. За споредба за кандидат за Претседател на Република се потребни 10 000 потписи што е приближно 0.6% од населението во РМ а за студентски претседател потребни се  окулу 5 %  од сите студенти на УКИМ. Според оваа математика излегува дека да си претседател на СПУКМ е побитно од тоа да си Претседател на РМ. Чудно ама вистинито..

Следна работа која е погрешна се самите кандидати кои своите кампањи не ги водат онака како што е логично да се водат. Со себе-презентација и со презентација на своите програми и идеи кои барем на хартија треба да ги подобрат условите во кои живеат, учат и функционираат студентите. Досега еве веќе на 2 дена пред гласањето освен неколкуте плакати кај мене факултет не сум видел ништо друго што би ги промовирало кандидатите и што би ме натерало мене како студент да земам индексот во рака и да отидам да гласам.  Секаде во светот студентските организации се  сметаат како сериозни групи на луѓе кои имаат желба и моќ да променат нешто во државата само кај нас  студентските организации се само формалност.

Тука можам слободно да ја вбројам и неинформираноста на студентите. Голем дел од нив, меѓу кои и јас до пред неколку денови, не знаат воопшто и дека ке има студентски избори а не пак да се заинтересираат за тоа кои се кандидатите и кои се нивните програми за работа. Проблемот тука е кај СПУКМ и кај кандидатите што кампањите се само формалности зашто предвреме се знае кој ке победи.Знаејќи го ова не ме чуди слабата излезеност на студенти да гласаат за свој претставник.

Сите овие работи ме тераат да помислам дека студентските избори се партизирани и дека  претседател ке стане оној чија партиска младина ке биде поактивна. Мислам дека можам да претпоставам кој ке биде новит студентски лидер гледајќи  претходните денови како набилдани дечки кои инаку сум ги гледал како се курчат дека се членови на една политичка партија ги искинаја плакатите на другите двајца против кандидати. Тоа е таа демократија, политичка култура и почит помеѓу себе која ја имат како против кандидати и како студенти.

За решение за проблемот ве молам не ме прашувајте зашто сите вие студенти кои ке го прочитате ова го знаете. Единствено бојкотирање на студентските избори со ставање на неважечки ливчиња и барање да се промени целиот начин на организација на студентските избори. Да се променат условите кои се потребни за поднесување на кандидатура, да се воведат задолжителни кампањи  во кои кандидатите ке се промовираат себеси и своите програми на факултетите кои се дел од УКИМ и да се воведат задолжителни дебати меѓу кандидатите за да се види кој  партиско војниче а кој е спремен да води една студентска организација и од студентите да направи движечка сила во Македонија а не како што се сега дну дна.

за крај порака до сите студенти: сега смејте се зашто ако оставите овие студентски избори да поминат  ке имате доста причини да плачите.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s