Зошто Младинскиот Активизам е толку мал во Македонија ?

0

Еден мој професор често знаеше да кажи – убиј еден, другите од страв ке умрат. Овој негов цитат совршено ја опишува ситуацијата во која се наоѓаат младите денес во македонија.

Младинскиот активизам е и ке биде се помал и помал поради две причини: првата е тоа што знаат дека никој нема да ги слушни, посебно не оние кои се на врвот во државава, оние кои одлучуваат во наше име.Знаат дека без разлика каква иницијатива или активизам да покренат шансите да успеат се еднакви скоро на нула зашто во Македонија кај политичарите фали чувството за сослушување на оној кој има нешто да каже.Нормално тоа е поради тоа што голем дел од политичката елита израстила и се школувала во друг систем, друго општество многу различно (на прв поглед а на втор не) од ова нашето, и сите тие моменти кои и тие како средношколци или студенти биле спречени слободно да се изјаснуваат им се врежале во главите и им останале до ден денес па тој систем на игнорирање на  активистите  го користат и денес. Жална слика но тоа е Македонија и тоа е главна одлика на оваа политичка елита..

Втората причина поради која младинскиот активизам е мал е стравот кај младите. Се плашат од политичарите и од осуда од општеството.Се плашат од притисоци од властите. Следејќи ги секојдневно сите обиди на властите да се замолче некој што размислува малку поинаку од нив ги тераат младите да размислат 2 пати пред да се впуштат во некоја граѓанска иницијатива.И најчесто тој страв е посилен од желбата за подобро утре за сите.Сите тие затворања на телевизии, радиа, весници, бришења на блогови и фесјбук групи само го зголемуваат тој страв  кај младите.Самото ширење на изјави дека на некој му се заканиле да прекине со некаков активизам зашто може лошо да го снајде, само имаат контра ефект. Обидот на жртвите на таквите притисоци да ја искажат вистината само го зголемува стравот кај младите дека и тие ке станат мета на политичката борба и дека може да ‘настрадаат’.пример за овој страв се студентските избори на УКИМ минатата недела. Голем број на студенти се плашат јавно да кажат дека не го признаваат за легитимен избраниот претседател. Се плашат да кажат јавно зашто се плашат дека некој професор ке им се освети за тоа што имаат “голема уста”. исто така  бројот на студенти кои добиле иструкции за кого да гласаат од членови на една партија не е мал. 

 

 За крај кога сето ова ке се погледне  јасно може да се види причината зошто младите во Македонија изгледаат мрзливо и тотално незаинтересирано за се она што се случува окулу нив..

Се сеќавам пред 7-8 месеци додека имаше жестока битка против АКТА во Европа а и во Македонија голем дел од луѓето со кои контактирав а знаеја дека сум дел од таа борба ме разубедуваја со зборовите- ех па зар до тебе дојде да одлучуваш. Штета за нив што не знаат дека баш тие одлучуваат за се …

Advertisements

Студентски овци

3

Студентите вчера избраја нов лидер. Според она што го слушам излегле да гласаат окулу 8500 студенти од кои нешто повеќе од 4400 гласале за кандидатот Кирил Спироски. Интересно за овој кандидат е тоа што тој на својот профил на Фејсбук покажува симпатии кон владеачката партија која вчера на својот фејсбук профил на комисијата за образование преку статус порача студентите да гласаат за нивниот брат кој бил спремен и способен да биди лидер на сите студенти.

Демократија и независност на студетскиот сојуз нели? Независност мај ес. Студентската организација е едно тело кое служи само за политичка борба, тело кое е контролирано од политичката партија која е на власт.

Би сакал да ги прашам сите студенти кои вчера гласаа за Кирил Спироски.
Зошто гласавте за него?
Заради неговата програма во која вели дека студентската организација ке ја направи силна која програма бај д веј никој ама баш никој ја нема видено? Како ке ја направи силна со тоа што сите позиции во СПУКМ ке бидат предводени од партиски пиончиња и со тоа ке стани силна(партиска) студенткса организација?

Сите вие вчера кои гласавте за некој од кандидаите само заради тоа што од вашата партија во која членувате ви наложиле да го сторите тоа можете слободно да отидете на некоја ливада и да почнете да пасите трева зашто вие сте само овци, ете тоа сте. Наместо како студенти да бидете слободно умни и да се трудите да живеете и да учите во една подобра средина во која студентската организација ке биде зад вас, ке ви го чува грбот во се што правите вие одлучувате да добиете партиска организација која ке ги смета студентите само за бројка.

И на крај на здравје студентска организација која ке ја боли КУР за вас студентите. На здравје бричењето…

ке продолжи…..

Студентска (траги)комедија

0

Студентски избори. најголемата траги комедија во државава. Поголема дури и од било кои локални, парламентарни или претседателски избори. Дури се поголема траги комедија и од дебатите во собранието кои никако не можат да поминат без да се испонавредат меѓу себе зашто не можат да се  согласат кој украл поќе. А сите молчејќи признаваат дека краделе но тоа не е битно, битно е да се знае дека тој другиот украл појќе од тебе и ти мораш да дојдеш на власт за да украдиш и ти барем онолку колку шо зел тој..

Нејсе, друг е муабето за денес. Во среда ке бидат студентските избори и јас како човек кој делува во многу области и се интересира за сите облици на демократија се заинтересирав за студентските избори. И подобро да не го сторев тоа. Почнувајќи само од условите за поднесување на кадидатура за претседател на СПУКМ па се до кандидатите кои јас лично не сум ги видел како ги претставуваат своите идеи и програми пред студентите, пред нивните гласачи, сфатив дека овие студентски избори се една обична партизација и политичка борба создадена за поделба на студентите за да им се утежне и онака тешкиот живот. 

Да почнеме од барањата за поднесување на кадидатура. Да се добие подршка од најмалку 5 студентски парламенти што е прилично тешко зашто на секој факултет има барем еден или двајца кои се со желба за борба за кандидатура за претседател на СПУКМ и добивањето на подршка од друг факултет е прилично тешко според мене. Освен ако некоја виша сила не те предложи. Другиот начин е собирањето на 3000 потписи од студенти. За споредба за кандидат за Претседател на Република се потребни 10 000 потписи што е приближно 0.6% од населението во РМ а за студентски претседател потребни се  окулу 5 %  од сите студенти на УКИМ. Според оваа математика излегува дека да си претседател на СПУКМ е побитно од тоа да си Претседател на РМ. Чудно ама вистинито..

Следна работа која е погрешна се самите кандидати кои своите кампањи не ги водат онака како што е логично да се водат. Со себе-презентација и со презентација на своите програми и идеи кои барем на хартија треба да ги подобрат условите во кои живеат, учат и функционираат студентите. Досега еве веќе на 2 дена пред гласањето освен неколкуте плакати кај мене факултет не сум видел ништо друго што би ги промовирало кандидатите и што би ме натерало мене како студент да земам индексот во рака и да отидам да гласам.  Секаде во светот студентските организации се  сметаат како сериозни групи на луѓе кои имаат желба и моќ да променат нешто во државата само кај нас  студентските организации се само формалност.

Тука можам слободно да ја вбројам и неинформираноста на студентите. Голем дел од нив, меѓу кои и јас до пред неколку денови, не знаат воопшто и дека ке има студентски избори а не пак да се заинтересираат за тоа кои се кандидатите и кои се нивните програми за работа. Проблемот тука е кај СПУКМ и кај кандидатите што кампањите се само формалности зашто предвреме се знае кој ке победи.Знаејќи го ова не ме чуди слабата излезеност на студенти да гласаат за свој претставник.

Сите овие работи ме тераат да помислам дека студентските избори се партизирани и дека  претседател ке стане оној чија партиска младина ке биде поактивна. Мислам дека можам да претпоставам кој ке биде новит студентски лидер гледајќи  претходните денови како набилдани дечки кои инаку сум ги гледал како се курчат дека се членови на една политичка партија ги искинаја плакатите на другите двајца против кандидати. Тоа е таа демократија, политичка култура и почит помеѓу себе која ја имат како против кандидати и како студенти.

За решение за проблемот ве молам не ме прашувајте зашто сите вие студенти кои ке го прочитате ова го знаете. Единствено бојкотирање на студентските избори со ставање на неважечки ливчиња и барање да се промени целиот начин на организација на студентските избори. Да се променат условите кои се потребни за поднесување на кандидатура, да се воведат задолжителни кампањи  во кои кандидатите ке се промовираат себеси и своите програми на факултетите кои се дел од УКИМ и да се воведат задолжителни дебати меѓу кандидатите за да се види кој  партиско војниче а кој е спремен да води една студентска организација и од студентите да направи движечка сила во Македонија а не како што се сега дну дна.

за крај порака до сите студенти: сега смејте се зашто ако оставите овие студентски избори да поминат  ке имате доста причини да плачите.