Се срамам од Битолчани


Ех мои македончишта. Ех мои битолчани.Многу интересен народ сме.  Тоа само кај нас го има. Оние кои длабоко во своето срце знаат дека се плашат да излезат на протест зашто мислат дека ке ги видат во Партијата и после никогаш нема да се вработат им се смееат на оние кои собрале храброст да го изразат својот револт и да протестираат против константното поскапување на бензините и струјата. им се смеаат буквално во лице.

До дека поминуваше  групата на оние што протестираја по широк сокак имаше уште толку колку што протестираја шо си седеја на кафе и шо им се смее на оние што излегле да протестираат. неверојатно ама вистинито. Ете тоа е битола драги мои. Додека народот осиромашува и додека народот крева глава и кажува дека е доста и дека бара правда битолските кабадаи си пијат кафенце.Да ви се плукнам во тоа кафето, да ви се плукнам во вашиот менталитет, да ви се плукнам на вашите мали личности. и сето тоа гледање сеир и смеење мислите дека ве прави попаметни? се лажите драги мои сограѓани, многу гадно се лажите.Ама ако седети си вие пијте си го кафенцето , пушете си цигари додека можете. Пијте си и уживајте зашто верувајте ми дека за брзо ке биде кога само ке можете да погледнте кон масите на кои  вечерва седевте но нема да можете да седите и да си уживате во тоа ваше омилено кафе зашто ке немате ни еден ебан скршен денар. Ако ако сега вие само смејте се ама ке ве видам на зима кога ко плачите како ви биле сметките за струја. Седете си вие има кој да се бори за вас.

Но тие битолските кабадаи- кафеџии не беа единствените битолчани од кои се срамам. Имаше и неколку души видно членови на младинските сојузи и унии на  една партија кои буквално бегаја од групата што протестираше. вистинска приказна. Ги сретнав пред да се приклучам и јас на групата и бегај како препалени зашто е лошо да ги види големиот брат во близина на оние што само бараат социјална правда и право на живот. Не тие не смеат да бидат видени на такви протести на кои народот си го бара лебот зашто според зборовите на големиот брат сите во Макидонија живеат убо и богато.И тие не сакаат но мораат да му веруваат зашто се уплашени. уплашени се од системот на казнување. и тие исто така им се смеат на оние кои не се плашат, на оние храбри млади луѓе кои го искажуваат револтот и стравот за својата иднина.

Се плашат дека ке бидат снимени на некое видео или ке бидат фатени на некоја фотографија.Е јас не се плашам од тоа. Еден полициски службеник  кој баш во моментов не знам со кое право го знимаше целиот протест ја заврти камерата нака ј мене, му се приближиви му мафнав и го прашав дали видеото ке го има на Фејсбук или директно ке оди ка Јанкуловска? не ми одговори. Подобро и тоа зашто ако одговореше било што ке требаше да се превземат други мерки  и да се судиме за можно нарушување на приватноста..

Ете драги мои ова беа денешните протести во Битола. Се собравме прилично добар број на луѓе.и им честитам на храброста да се борат против неправдата и што си го бараат својот леб преку протести.А на оние што се смееја и што бегаја: Само вие смејте се и и бегајте нека ви служи на чест, видовме какви личности сте и да знете дека еден ден ке зажалите што не дадовте подршка на овие протести.

П.С.

Ова е мојот прв воведен пост на новиот блог  зашто стариот остана заробен на македонската платформа Блог.мк која е исклучена еве веќе неколку дена. иако овде сум со ново име сепак продолжувам со истото темпо и на истиот начин како и на претходниот блог http://www.the_jackal.blog.mk ..Поздрав и се надевам добра дружба на новата платформа …

Advertisements

One thought on “Се срамам од Битолчани

  1. Рубин,
    Од прва рака, “независната“ регулаторна имала налог (од влада) да ги демотивира граѓаните да не се исклучуваат од парно со тој правилникот за плаќање и покрај исклучувањето, заради недостатокот од струја што го има и што ќе се јави, па затоа као ова потекнува од топлификација. (муабетот е дека ова не било желба на топлификација, колку се вадат на ова а колку е вистина не знам, ама логично ми е заради регулаторнава). А купчето пари на државава се намалува, кредити, споменици, срања. Не е на тема, ама само да кажам за “чистите раце“ на владава 🙂 можеби затоа доаѓа и поскапувањево од ЕВН, како дополнителна мотивација, странска ама ете ја на припомош на Груевски, башка ќар ќе има.

    Like

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s