Македонија – Хотел Промаја

0

Еден од најстарите античко-македонски изрази е : пази ке те убие промајата. На другите места во светот се вели: Тоа што не може да те убие те прави посилен. И според таа аналогија би значело ако промајата не може да те убие, значи те прави посилен.  Ние не би биле антички македонци ако не бидиме контра на се како контра-протестирачите за убиството на Мартин Нешковски пред повеќе од година дена кои ги подржуваја протестите ама ја обвинуваја СДСМ за подоцна нивната лидерка да стани најдобар оратор на УМС, како овие контра-протестирачи на Здружение АМАН кои исто така се против поскапувањата на Бензините и струјата но пак СДСМ се криви, така и ова. Значи според нас би требало да биди: Ако промајата не те убива тогаш те прави послаб. И Еурека. Конечно нешто правилно, точно и вистински да направиме.

Промајата може не не убива ама зато дозволува да бидиме изветреани во главите. Така со помош на промајата овој антички народ ги перцепира работите сосема поинаку и бидејќи е различен од сите други народи и народности во светот наместо мозок во главите има: НИШТО. Да точно прочитавте: НИШТО. Едно големо НИШТО. Може во некој ќош има некоја мала пајажинка но сепак е незначителна нејзината големина. Добро де и прашина има ама сега да не ситничариме толку.

Што?Сеуште не ми верувате дека Македонците се различни од другите народи и народности од овде до месечината? Добро еве ви докази:

Доказ Нумеро Еден : Ако овој античко Македонски народ имаше нешто друго во главите освен некоја пајажинка овде-онде и некој грам прашинка тогаш како тоа еден човек кој се нарекува новинар прво се фали дека на некого ке му изградел споменик едноставно зашто имал различни политички сфаќања од него? И како тој човек е толку респектабилен,ценет и каков се не новинар а бил вмешан во еден куп нелегални активности? И како врв на се тој истиот новинар следниот ден се сити на својот фејсбук профил заради тоа што на некој му починало детето ? Ако овој антички народ имаше мозок како и сите други луѓе на планетава ова немаше да помини така лесно.Арно ама ние сме различни..

Доказ Нумеро ДВА:  СДСМ-ВМРО ДПМНЕ одсекогаш лути непријатели.И тоа не само политички ривали туку и нешто повеќе. Хм барем така велат. Е арно ама нешто не ми делува така.Се си мислам дека  секоја вечер седат заедно и се договараат како да го !возат народот следниот ден (Под возат читајте: Дупат!). Се си мислам дека се прават смислено и заеднички без разлика кој е власт а кој опозиција. Ако не беше така тогаш како помина денес во собрание овој закон за следење на комуникациите односно за шпионирање на народот и тоа со 96 пратеници ЗА и ниту еден ПРОТИВ? Бре таква сплотеност на македонските политичари немало никогаш. Човек да не знае дали да се радува или да плаче за тоа што се  сплотени политичарите. Ама барем јас знам сега што ке правам: сега ке се смеам затоа што ке дојди време (набрзо) кога ке плачам поради овој закон.

Доказ Нумеро Три : И додека денес ни ги кроеја  (затворските) гаѓи во зобранието  главна вест во  македонските медиуми беше: Тангата на Весна Бендевска. Да, добро прочитавте  наместо да се занимаваме со тоа што некој ни ја ограничува слободата ние си играме со тангата на Бендевска. Најискрено МК медумите се како деца од 5то одделение кои никогаш немаат видено женски гаѓи па сега го дркаат на гаѓите обесени на жицата кај младата комшика. Ама не ме чуди и тоа шо се случува во тие медиуми.Не ме чуди заштознамдека претходнте денови актуелни беа Сораја и Станија сега е актуелна гаѓата на Весна..

И сега драг мој читателу сеуште ли се чудиш зошто сме ние посебни од овде до месечината и назад? Не се чуди и прифатија вистината и биди горд антички- Македонец..

И не се грижи многу многу за пајажината и прашината во твојата глава, сите ја имаме само не знам до кога..

Advertisements

Парадоксот на македонското општество

0

Синоќа беше прославата за 21 годишнина од независноста. морам да кажам дека беше се супер организирано барем оној дел од прославата кој јас го следев на МТВ бидејќи не бев во можност да го следам целиот концерт. Сепак во ред е да напоменам дека иако не се согласувам со изборот на музичари но за поздрав е идеата на организаторот да има музичари од сите простори на поранешна Југославија.

И токму тоа беше проблемот за некои. Како што можев сношти а исто така и утрово да прочитам по Фејсбук проблем  беше тоа што на почетокот на прославата се појавиле 2 албански музичари кои пееле на албански. Јас искрено не гледам поради која причина би им забраниле да го прославуваат денот на независноста на Република Македонија? И тие се граѓани на оваа каква таква држава. Колку што имаат право македонците да ја слават својата независност толку имаат и албанците и бугарите и србите и сите оние други етнички групи кои живеат во Р.Македонија затоа што по некоја чудна игра на судбината Македонија е еден микс на различни етнички групи и различни култури. Што е уствари добро но премалку луѓе го согледуваат тоа.

И сеуште не сфаќам што е толку лошо и страшно тоа што ке им дозволиме на  сите подеднакво да ја славаат независноста и сите подеднакво ке си ја сакаат оваа замја која е и нивна татковина?

Друго нешто што опасно ми смета е тоа што имаме двојни аршини за работеи кои не опкружуваат. Ни смета кога некој ,најчесто што не е граѓанин на РМ, ке каже нешто против Македонија и Македонците а воопшто не ни смета кога пееме песни пример за албанците – од каде дојдовте да не дојдевте и слично. Ни сметаат работите на другите но кога ние ги правиме тие исти работи тогаш тоа е оправдано и е патриотски и не знам шо. Тоа е парадоксот на ова општество. Работите се согледуваат од наша и од нивна страна.

Еве ви уште еден пример: се буниме зошто во другите држави како Бугарија, Грција,Албанија или Србија или било која друга држава македонците кои се малцинство таму не се прифатени како еднакви. Ни смета тоа што таму се граѓани од втор ред. чекај малку а  тоа што ние не им дозволуваме да ја слават независноста на Македонија на помалите етнички заедници нели е исто? АААА не тоа е македонски патриотизам..

Факт е дека ние како македонци сме многу контрадикторни и тоа претерано контрадикторни. Работите ги согледуваме само од наша страна. И покрај тоа што многумина од нашите националисти се декларираат како Христијани очигледно е дека забораваат едно од 10те заповеди: Не прави му го на другиот она што не сакаш тебе да ти го правата ..

А ние го правиме сосема спртивното. Ги малтретираме луѓето и ги омаловажуваме затоа што биле од друга етничка заедница а се буниме кога македонци се малтретирани некаде во друга држава. Затоа Македонци запаметете Кармата е  лоша само ако вие сте лоши  !!

П.С. за да не настани некоја збунка одма јасно и гласно да ви кажам дека јас сум Македонец и моите родители и целото фамилијарно стебло ми е македонско и ама ич не ме боли Тасе како ке ме наречите после ова и како ке ме сфатите. Додека  се гледамем меѓу себе како Македонци или Турци или албанци а не како граѓани кои делиме една иста судбина наречена Македонија нема да живееме добро и секогаш ке има некој кој ке не стрижи како ке стигне ..

Се срамам од Битолчани

1

Ех мои македончишта. Ех мои битолчани.Многу интересен народ сме.  Тоа само кај нас го има. Оние кои длабоко во своето срце знаат дека се плашат да излезат на протест зашто мислат дека ке ги видат во Партијата и после никогаш нема да се вработат им се смееат на оние кои собрале храброст да го изразат својот револт и да протестираат против константното поскапување на бензините и струјата. им се смеаат буквално во лице.

До дека поминуваше  групата на оние што протестираја по широк сокак имаше уште толку колку што протестираја шо си седеја на кафе и шо им се смее на оние што излегле да протестираат. неверојатно ама вистинито. Ете тоа е битола драги мои. Додека народот осиромашува и додека народот крева глава и кажува дека е доста и дека бара правда битолските кабадаи си пијат кафенце.Да ви се плукнам во тоа кафето, да ви се плукнам во вашиот менталитет, да ви се плукнам на вашите мали личности. и сето тоа гледање сеир и смеење мислите дека ве прави попаметни? се лажите драги мои сограѓани, многу гадно се лажите.Ама ако седети си вие пијте си го кафенцето , пушете си цигари додека можете. Пијте си и уживајте зашто верувајте ми дека за брзо ке биде кога само ке можете да погледнте кон масите на кои  вечерва седевте но нема да можете да седите и да си уживате во тоа ваше омилено кафе зашто ке немате ни еден ебан скршен денар. Ако ако сега вие само смејте се ама ке ве видам на зима кога ко плачите како ви биле сметките за струја. Седете си вие има кој да се бори за вас.

Но тие битолските кабадаи- кафеџии не беа единствените битолчани од кои се срамам. Имаше и неколку души видно членови на младинските сојузи и унии на  една партија кои буквално бегаја од групата што протестираше. вистинска приказна. Ги сретнав пред да се приклучам и јас на групата и бегај како препалени зашто е лошо да ги види големиот брат во близина на оние што само бараат социјална правда и право на живот. Не тие не смеат да бидат видени на такви протести на кои народот си го бара лебот зашто според зборовите на големиот брат сите во Макидонија живеат убо и богато.И тие не сакаат но мораат да му веруваат зашто се уплашени. уплашени се од системот на казнување. и тие исто така им се смеат на оние кои не се плашат, на оние храбри млади луѓе кои го искажуваат револтот и стравот за својата иднина.

Се плашат дека ке бидат снимени на некое видео или ке бидат фатени на некоја фотографија.Е јас не се плашам од тоа. Еден полициски службеник  кој баш во моментов не знам со кое право го знимаше целиот протест ја заврти камерата нака ј мене, му се приближиви му мафнав и го прашав дали видеото ке го има на Фејсбук или директно ке оди ка Јанкуловска? не ми одговори. Подобро и тоа зашто ако одговореше било што ке требаше да се превземат други мерки  и да се судиме за можно нарушување на приватноста..

Ете драги мои ова беа денешните протести во Битола. Се собравме прилично добар број на луѓе.и им честитам на храброста да се борат против неправдата и што си го бараат својот леб преку протести.А на оние што се смееја и што бегаја: Само вие смејте се и и бегајте нека ви служи на чест, видовме какви личности сте и да знете дека еден ден ке зажалите што не дадовте подршка на овие протести.

П.С.

Ова е мојот прв воведен пост на новиот блог  зашто стариот остана заробен на македонската платформа Блог.мк која е исклучена еве веќе неколку дена. иако овде сум со ново име сепак продолжувам со истото темпо и на истиот начин како и на претходниот блог http://www.the_jackal.blog.mk ..Поздрав и се надевам добра дружба на новата платформа …